RE: Прва нова храна на бебето II (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Дохранување со густа храна



Порака


Petra7 -> RE: Прва нова храна на бебето II (7.1.2014 13:46:49)

Zdravo majki i pred se Srekna nova godina i srekni praznici.
Mojata kerkicka ima skoro 6 meseci
pocnav veke pred pola mesec da i davam sokcinja no ne gi saka
pred 10 dena pocnav i so kasicki. I da dadov po eden obrok od jabolka, morkov, kompir i oriz .
Site gi sakase i gledam deka mnogu saka da jade
sega pocnav da idavam po cela kasicka na den prepolovena po dva obroka
sakam popoleka da ja naucam da ima dva obroka na den
imam nekolku prasanja
1: Dali postapuvam pravilno i so da pravam ponataka?
2: Dali da pocnam da i davam i drugi kasicki so se nad 4 meseci
3:imam kupeno Rizolino na koe pisuva deka se dava so mleko, dali moze da i go pravam so voda posto dojam
4:Nekolku soveti poveke ako moze poradi toa so nekako mnogu mi ee strav neznaev deka ke bide tolku tezok pocetokot so dohranuvanje




Felly RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (7.1.2014 16:00:23)

Среќни празници и тебе Петра, и успех во новото искуство. Добро сте почнале штом ги сака кашичките е супер, прво нека се навикне на еден цел оброк, па потоа ќе и воведеш и втор. Еден овошен, па еден зеленчуков и потоа и трет млечен оброк пред спиење (како на пр. тоа што го спомна рижилиното, исто и фрутолино - тоа се прави со вода, и од Хип има доста млечни кашички кои содржат Ад млеко и се раствараат со вода).
Освен овие што ги спомна, со полни 6 месеци може да даваш и јогурт, круша, банана, но секој нов вкус гледај наутро воведувај го и во текот на наредните три дена не давај ништо ново, заради евентуална појава на алергии.




Melanija RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (8.1.2014 19:11:57)

Пробавме сок од јаболко,сок од круша, па кашичка од јаболко 2 дена по 2пати во ден.Правевме 4 дена пауза па од денес кашичка од јаболко и морко.Засега се ни е вкусно [sm=zz_biggrin.png]
После мислам пак некој ден пауза па кашичка од јаболко и таман ќе имаме 5 месеци.[sm=smiley1.gif]
Е после кажувајте како е редот, да имаме секој ден по еден оброк,кога,како ,што?[sm=smiley36.gif]




Felly RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (8.1.2014 19:23:53)

Мислам дека нема потреба да правите пауза. Продолжи со овие два вкуса кои му се познати, и постепено со зголемување на количината. И мислам може по еден оброк секој ден, и тоа пред ручек. После морковот може да продолжите со банана, круша, мелен ориз мислам дека исто од 5 месеци може. Ајде нека ме надополни некој, сепак поминаа 4 години од нашите први кашички. [sm=smiley36.gif]




Melanija RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (8.1.2014 19:32:18)

Јас му давам два пати попладне и приквечер,односно 1 саат после млеко,значи цел оброк да речеме попладне,така?
Едно глупо прашање,обичен ориз?Читам има и други,да го сварам па мелам,или може сварем па со нешто изблендиран?

Felly RR редно е да се потсетиш [sm=smiley2.gif]




Felly RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (8.1.2014 19:50:05)

Мелениот ориз се продава во пакетчиња како и гризот. А исто и спремањето им е слично, да не речам исто. Мислам дека во розево паковање имаше од Сончева долина. Може со вода да го спремаш, за со АД млеко не знам, тоа некој друг ќе каже.
Меланија, гледам да одржувам кондиција[sm=smiley36.gif] па за брзо време се надевам дека и јас ќе барам совети од вас за нови кашички и нови рецепти. [sm=zz_smile.png]




sandriana RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (9.1.2014 8:48:24)

Melanija, сега е сезона на тиква, па подобро наместо банана, да си јадете тиква.
Штом наполни 5 месеци, се воведува и компир, ориз, тиквица и сите комбинации од нив.
И се согласувам со Фели, нема потреба од пауза меѓу воведување на намирниците.
А што се однесува до ориз, јас пак никогаш не користев мелен ориз, туку обичен, па блендиран.




Melanija RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (9.1.2014 14:55:56)

Фала на советите [sm=zz_cloud9.png] што би јас без вас

Кажите ми а да заменам едно пиење млеко со овошна кашичка или да продолжам со меѓу оброк, и плус со пробување на зеленчук?
Сакам прашам незнам кажам [sm=smiley36.gif] ваљда ме разбравте




Felly RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (9.1.2014 17:12:06)

Меланија РР, кога [sm=duda.gif] ќе почне да си јаде поголема количина, ќе видиш самото ќе си прави поголема пауза меѓу оброците. Јас мислам кога ќе почне да јаде барем една цела тегличка 120 мл, тогаш да му воведеш и зеленчук. Овошјето наутро, зеленчукот за ручек.




Big mamy -> RE: Прва нова храна на бебето II (11.1.2014 0:28:59)

zdravo mamicki [sm=smiley1.gif] podolgo ne sum bila na forumov a na ovaa tema za prv pat se javuvam [sm=smiley1.gif]
srekni praznici i se najdobro [sm=smiley1.gif]
moeto malecko veke e 6 meseci i 1 nedela.... veke od 4 mes. postepeno, so preporaka na pedijata,\r voveduvame po nesto od ovosje, zelencuk i od zitarici (jabolka, krusa, banana, tikva, sliva, kompir, oriz, spanak, brokula, morkov, patlidzan, kiselo mleko, griz, palenta, pa i pilesko meso...) seto si go jadime i dobro podnesuvame [sm=smiley36.gif] ...
ve molam kazete mi sto drugo od ovaa vozrast smee da se vovede vo ishranata... me interesira kromidot, lukot, cvekloto od koga se davaat?? [sm=smiley1.gif][sm=smiley24.gif]




sandriana RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (11.1.2014 9:10:56)

user posted image ...
ve molam kazete mi sto drugo od ovaa vozrast smee da se vovede vo ishranata... me interesira kromidot, lukot, cvekloto od koga se davaat?? user posted image user posted image


Big mamy, кромид и лук може постепено да ставаш во кашичките, за цвекло би почекала уште малку ( 2-3 месеци). И телешко мевце може, штом јадете пилешко - посоодветно е за бебиња.




mamamimi -> RE: Прва нова храна на бебето II (13.1.2014 4:18:08)

Zdravo majki :). Nemav vreme da gi citam site stranici od ovaa tema, se izvinuvam ako veke e spomnato. Gledam deka kaj nas prvo se preporacuva da se pocne so ovosje pa zelencuk pa zitarici a srpskite sajtovi i nivnite doktori velat po obraten redosled zitarici-zelencuk-ovosje. Dali znaete koja e pricinata? Dali e toa samo zaradi podobro prifakanje na vkusot na zelencukot bidejki ovosjeto e blago pa bebeto dobro ke go prifati i podocna. Inaku mozete kasickite bez razlika kakvi se da gi podgotvuvate so majcino mleko ili za onie cii deca se na adaptirano moze i takvo da se dodava.




sandriana RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (13.1.2014 9:28:03)

mamamimi, јас не би се согласила дека прво се воведуваат житарки во исхраната.
Во однос на овошје и зеленчук - да, има поделени ставови, и во принцип прво се воведува некое овошје (јаболко, слива, банана, тиква ) заради полесно прифаќање на благ вкус, па се преминува на заланчук - морков, компир, тиквица, подоцна ориз, а житарки со глутен после 6от месец.




princessa -> RE: Прва нова храна на бебето II (13.1.2014 9:49:44)

vo sekoja zemja e razlicno[sm=zmeden.gif]. Vo Germanija pedijatrite preporacuvaat da se zapocne so zelencuk i toa so morkov, pa posle so paskanat, kompir, pa kombinacii izmegu. Dokazano e deka morkovot e najfin zasto i toj e blag, moze podocna da se mesa i so ovosje i zelencuk i decata se najmalku alergicni na nego. Posle zelencukot se voveduva ovosje od tipot na jabolce, kruvce, banance itn. Nakraj doagaat zitaricite pa podocna i mesoto. Sokce treba da se izbegnuva posebno ako se doi bebeto, a koga se voveduvaat pomegu 2 i 3 obroci dnevno treba da mu se ponudi voda i toa e toa.




mimi 27 -> RE: Прва нова храна на бебето II (21.1.2014 16:01:23)

Мајки кога почнавте со јогурт и павлака?




sandriana RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (22.1.2014 8:34:17)

Јогурт и павлака се воведуваат после 7от-8от месец. Дури, според некои педијатри, павлака се препорачува и подоцна.




sandriana RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (25.1.2014 9:38:33)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Crnokosaaa

Dobro ve najdov ! Znam deka se pocnuva edno po edno. No me interesira so mlecnive koi se pocnuva i koga za da znam dali smeam da gi pravam kasite so toa ili voda, i testeninite, znam drugarka mi od 8 mes mu pravese tarana so jogurt i malku feta sirenje .






sandriana RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (11.2.2014 9:31:54)

Прашањето на Кромитче, и одговорите ги префрлам во Кога да се почне со дохрана




Lacrymosa -> RE: Прва нова храна на бебето II (19.2.2014 17:10:16)

Е сега вака.. од кога ги подув на форумот Бременост сеа овде ќе ве подујам...
по препорака на педијатарот почнав да ја дохранувам.. уште не почнав ама тргнав натаму. На 25ти ќе полниме 4 месеци и јас од пред два три дена почнав да и воведувам сокче од јаболче.. прво една лажичка разредено, па еден ден пауза правевме па денеска 2 лажички со ептен малкуцка водичка е сега незнам како да продолжам понатака.. до крајов на неделава планирам да бидеме на сокче од јаболче ако во меѓувреме не ме изеде бебево мое. колку мл им давате на бебчињата дневно, дали да прејдам на сокче од крушка или на кашичка од јаболко.
како им го давате сокчето од јаболко? од свежо? од варено? разблажено? чисто?
и како се прават кашичките дали од свежо овошје или од варено/печено? колку количински се дава?




Felly RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (19.2.2014 19:45:28)

Сокчето може од свежо јаболко, рендано, па цедено, а кашичките треба да бидат од термички обработено овошје, и тоа најдобро на почеток варено. Јас мислам штом сте пробале сокче, може и кашичка од јаболко да пробате. Првите денови по некоја лажичка, па постепено ќе зголемувате. Може потоа да продолжите со морков, без разлика дали сокче или кашичка. Јас сум повеќе за кашичка, не знам другите може друго ќе ти препорачаат.[sm=smiley36.gif] И баш ни недостасуваше, одамна те немаше. [sm=smiley31.gif] Уживајте во кашичките!




sandriana RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (20.2.2014 10:02:09)

Лакримоса, јас ќе се согласам со Фели, дека од сокчињата немаш многу ќар,туку директно да си почнете со кашички.
Како најмалку алергено овошје ја сметаат и крушата, па ете можеш да направиш кашичка и од обарена крушка.
Што се однесува на количината, не очекувај премногу, сега учите вкусови, така да и 3-5 лажички се сосем доволни.
Имаме и тема Колку е доволно, па читни и таму.
Со среќа нека Ви е почетокот со дохрана [sm=smiley1.gif]




vezilka RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (20.2.2014 10:05:07)

Па што знам да ти кажам, хм. Ние почнавме со дохрана од 6 месеци и никогаш не му дадов термички обработено овоштие, и морковот прво свеж му го дадов. Почнав со сокчиња, воведов јаболко, круша и морков, и потоа истите како каша. Мене со кашите подобро ми одеше, оти сокчињата не ги сакаше. Ќе видиш што подобро ќе ти прифати.Ова со варење на овошјето, ако така ти препорачале оти порано почнуваш, тогаш така терај.




AnnaMolly RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (20.2.2014 13:55:19)

Јас од 4 месеци почнав со сокчиња, од 4,5 со кашички. Ниеднаш не сум варела овошје за кашички, никогаш. Се му правев од свежо овожје, и како Везилка и јас дури и морковот свеж го давав. Единствено термички обработено овошје јадеше кога му печев јаболко и толку.




Melanija RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (20.2.2014 13:58:57)

Ние како релативно нови со почеток на дохрана [sm=smiley1.gif] почнавме 2-3 дена со сокче но неразредено бидејќи беше 4 месеци и нето.На 4и пол месеци со каши купечни, јаболки, јаболко и морков, банана,јаболко и круша.
Токму по овој редослед по 2-3 лажички и стигнавме до пола тегличе на јадење.
Сега сме на зеленчук па затоа не давам повеќе количина овошни.
6 месеци сме и редоследот ни е овој ,компир и морков,па ориз и морков.Од понеделник додаваме спанаќ,блитва и брокула.
Мака имам со темпераментот на тие 2-3 лажички се со претање во раце[sm=smiley36.gif]

Едит:AnnaMolly RR совет за свежа овошна кашичка, да се ренда па блендира овошјето.Сакав да правам но мислев прво да го сварам.Мисле јаболко и круша,сега има многу убави круши




Defne90 RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (20.2.2014 14:25:33)

И ние почнавме од 4 месеци со дохрана најпрво со јаболко,морков и круша.На почетокот му ги варев но после почнав свежи.Инаку така цедени бистри сокшиња може да се даваат од јаболко и круша,јас додуше и не му давав сокчиња затоа што и не ги сакаше,ние си бевме на кашички.Инаку за количината секако дека на почетокот тоа ќе бидат две три лажички па пстепено ќе се зголемува.




Страница: <<   < Претходна страница  25 26 [27] 28 29   Следна страница >   >>