RE: Прва нова храна на бебето II (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Дохранување со густа храна



Порака


Ilina87 -> RE: Прва нова храна на бебето II (29.5.2014 12:29:05)

Моето добро го прифати киселото млеко, ама малку му ставам по една лажичка и досега немало никаква реакција. И ние одиме постепено [sm=smiley1.gif], уште немаме глутен воведено и затоа не знам со што да го комбинирам јогуртот.




Moonglow -> RE: Прва нова храна на бебето II (30.5.2014 23:49:36)

Мојов мал (1 година има), обожава кисело млеко и јогурт, ама никако во комбинација со палента. И ние одиме доста постепено, плус причина е што имаме семејна историја со атопичен дерматит.




Melanija RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (31.5.2014 12:46:28)

Ilina87 јас дадов глутен на 8 месеци [sm=smiley1.gif] 8Жита на Нестле одлично ги прифати ,а исто и гризот.Сега од задуре пробуваме палента.На преходнава страна имам пишувано и што ме советуваа рингерајките [sm=smiley1.gif] Во право си подобро палента со кисело млекце.

Moonglow во иста каша сме биле [sm=smiley1.gif] кај нема историја но малото има дерматит но од пред нешто 8 месеци многу му се поблече.Да споделиме искуство имаме теми Исхрана на деца со атопичен дерматит=ТУКА , Егзема (атопичен дерматит)=ТУКА

Ilina87 и твоето беше со дерматит,така?

Се читаме во Исхрана на деца со атопичен дерматит=ТУКА





Ilina87 -> RE: Прва нова храна на бебето II (31.5.2014 13:57:44)

Melanija, се мислам за тие житарици на Nestle, редно е да пробаме глутен. Долго му одлагам, но имаме алергични на глутен во семејството и многу се плашам, а гледам веќе кашичките не му држат ситост.
Инаку за дерматитот некако се подобри состојбата, поздрав :)




Melanija RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (11.6.2014 19:21:16)

Веќе втор пат палента со кисело млеко несака [sm=zmeden.gif] ова е прво нешто што одбива ќе касне неколку лажички и после вика ,се мршти, се тресе како кисело.Веројатно киселото млеко му дава киселост и несака.ставив и путер и пак ништо.Да пробам трет пат само палента или некоја идеја со што друго да му ја направам,јогурт или нешто друго?




sandriana RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (11.6.2014 20:04:53)

Melanija, пробај тогаш со некој млечен намаз да ја помешаш или рендано сиренце.




Melanija RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (11.6.2014 20:06:37)

sandriana RR предлог за намаз?А може било кое кравјо сирење,досега немам дадено




Defne90 RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (11.6.2014 20:12:13)

Ние си земаме АБЦ намаз,ептен многу им се допаѓа на децата,а за сирење гледај да не биде пресно младо сирење.




sandriana RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (11.6.2014 20:15:40)

Сирење обично, старо, ама отсолено, бар измиено под вода...а намаз млечен - или АБЦ, или има и вкусни на Збрегов, и овој новиот на Здравје - Маза се вика.




Snowhite RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (11.6.2014 21:47:11)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Веќе втор пат палента со кисело млеко несака [sm=zmeden.gif] ова е прво нешто што одбива ќе касне неколку лажички и после вика ,се мршти, се тресе како кисело.Веројатно киселото млеко му дава киселост и несака.ставив и путер и пак ништо.Да пробам трет пат само палента или некоја идеја со што друго да му ја направам,јогурт или нешто друго?


И мене палентата не ми ја јади со јогурт и со намаз имам пробано и не сака и јас и ставам банана и така ја јади, пробај[sm=smiley1.gif]




Melanija RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (11.6.2014 21:52:50)

Банана?Хм мислев на солена варијанта зошто знае да зеза на зеленчук а двапати јаде благо.
Намазиве за таа возраст (секако малку ) се значи ок ,незнаев [sm=jezicek.gif] учам учам полека
Ќе пробам ако не со јогурт и АБЦ
Фала ви [sm=smiley31.gif]




deluxe -> RE: Прва нова храна на бебето II (11.6.2014 23:40:40)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Веќе втор пат палента со кисело млеко несака [sm=zmeden.gif] ова е прво нешто што одбива ќе касне неколку лажички и после вика ,се мршти, се тресе како кисело.Веројатно киселото млеко му дава киселост и несака.ставив и путер и пак ништо.Да пробам трет пат само палента или некоја идеја со што друго да му ја направам,јогурт или нешто друго?



[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]Меланија и јас пробував со таа палентата 300 рецепти,ваква,таква ама кога не сака,не сака и на крај баталив.Едноставно се грози како што кажуваш,и не ми се ризикува се да поврати.Наместо палента,јас му варам ситни макарончиња и му правама сос од домати, лукче и рендано сиренце мммх...хмм прсти лиже[sm=smiley36.gif]Солидна замена за палента[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]




Melanija RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (11.6.2014 23:53:47)

deluxe RR [sm=smiley36.gif] значи не е необично ,уствари ни јас не сакам уште од градинка, и викам сега покрај него ќе пробам аха како не [sm=jezicek.gif] ма сирење ,кисело млеко не ми иде [sm=smiley36.gif]
Заменава ти е добра [sm=smiley20.gif] ах ќе пишам во соодветна тема за маки за јадење само ептен изблендирано[sm=smiley13.gif]




Defne90 RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (12.6.2014 0:04:17)

Нам палентата ни е омилено јадење и најчесто ја јадеме со павлака и со малку путер.Или пак ако не му ставам павлака му ставам топено сирење или абц намаз.Ја сака во секоја комбинација.Делукс навистина супер рецепт,ќе го пробам баш утре да го направам да видам дали ќе му се допадне на малиот.[sm=smiley1.gif]




princessa -> RE: Прва нова храна на бебето II (12.6.2014 8:30:51)

И на ќерка ми и на сим ни омилено јадење им е. Јас ја варам со млеко а после тоа ставаме сиренце. Ќерка ми повеќе ја сака варена со вода па после си става јогурт и сирење.




deluxe -> RE: Прва нова храна на бебето II (12.6.2014 10:48:52)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

deluxe RR [sm=smiley36.gif] значи не е необично ,уствари ни јас не сакам уште од градинка, и викам сега покрај него ќе пробам аха како не [sm=jezicek.gif] ма сирење ,кисело млеко не ми иде [sm=smiley36.gif]
Заменава ти е добра [sm=smiley20.gif] ах ќе пишам во соодветна тема за маки за јадење само ептен изблендирано[sm=smiley13.gif]


Ista sum I jas,me ja sakam palentata,kako sapun mi izgleda[sm=jezicek.gif] Probajte ja zamenata,recept naknadno ke ti pisam [sm=smiley1.gif]




Ilina87 -> RE: Прва нова храна на бебето II (12.6.2014 12:42:50)

Melanija, пробај со ABC намаз. Ние пред некој ден пробавме и многу му се допадна на [sm=duda.gif], му ставив во кашичка од компир, тиквица и телешко мевце.




Melanija RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (14.6.2014 22:58:19)

Бидејќи нема тема за сите млечни производи ќе прашам овде зошто е пак за нова храна [sm=smiley1.gif]

Кое сирење за почеток?Дома јадеме на президент,бимилк сега пробавме и на екошарк, знам дека треба да се отсоли но дали вакви сирења се во ред за почеток.Исто прашање т.е. мислење за други млечни производи како урда, видови на намази (погоре се спомна АБЦ намазот) ... итн[sm=smiley1.gif]




Felly RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (16.6.2014 10:29:46)


Најмногу го препорачуваат АБЦ крем сир бидејќи не содржи конзерванси, во составот има само млеко, јогуртна култура и сол и е целосно природен производ(барем така пишува[sm=smiley1.gif]). Јас од 6 месеци и ставав по малку во зеленчуковите кашички. За другите вакви намази не знам, треба да се провери составот.

На форум ДЕТЕ имаме тема за млеко и млечни производи. Може да дискутираме и таму на оваа тема.




Dilina -> RE: Прва нова храна на бебето II (16.6.2014 12:27:32)

Мамички јас да се пофалам тука дека на пријателка ќеркичката прв пат проба чоколадо од мене, а јас прецветав од среќа... мн се интересни кога ќе пробаат нешто ново. Инаку сонцето има 1ипол годинка, јаде скоро се. Сега за исхрана што смее и како смее незнам. Јас незнаев дека уште и нема дадено чоколадо и на секое видување и купував неколку животинско царство :D Па на крај и даде да проба, а јас врска немав дека сонцето нема пробано.

Но сепак касна малце како пиленце со тоа устичето и се насмеа и го тргна. А јас си се стопив од среќа дека од мене прво пробала чоколатце (највкусната раб. на светот) лелеле [sm=zz_happy.png]

Шо ќе правам со моено кога ќе му дадам прв пат било што? Ќе се убивам од среќа изгледа, или сега хормони ме маваат :D




Melanija RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (16.6.2014 12:56:40)

Dilina велат ( и така и е ) дека кога детето си јаде мајката е најсреќна [sm=smiley1.gif] баш убаво си се разнежнила и ќе те читаме активно и на овие теми [sm=smiley1.gif]

Felly RR фала ти ќе пишам и во таа тема[sm=smiley1.gif]




Melanija RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (19.6.2014 17:21:52)

Трета среќа за палентата [sm=smiley1.gif] успеа со АБЦ намазот [sm=bravo.gif]
Ја правев поретко и пак густо,па во блендер па додава вода на 2 пати за да дојде таман за да јаде ама вредеше целата процедура [sm=jezicek.gif] задутре пак




sandriana RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (19.6.2014 20:25:51)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Трета среќа за палентата [sm=smiley1.gif] успеа со АБЦ намазот [sm=bravo.gif]
Ја правев поретко и пак густо,па во блендер па додава вода на 2 пати за да дојде таман за да јаде ама вредеше целата процедура [sm=jezicek.gif] задутре пак


[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif] Михаил, верував дека со намаз ќе прифати [sm=smiley36.gif] - најнеутрален е вкусот. И можеш да му додадеш и малку рендан домат, ако јаде, понатаму.




Рингишпил -> RE: Прва нова храна на бебето II (21.6.2014 21:22:54)

Ми треба совет од вас. За една недела ќе полни 6 месеци ама проблемот е со зеленчукот. Па од кога и дали чекавте полни 6 месеци за маслиново масло и кисело млеко? И дали некоја има користено хималајска сол за бебе и од кога ако користела. :)




Melanija RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (21.6.2014 22:00:19)

Рингишпил јас баш нема да сум од помош,синчето мое немаше проблем со што и да дадев ,ете малку за палентата и не го сака киселото млеко.Во 7 месец почнав на 2 дена да ставам малку путер (Мегле) и сеуште е така.Ако се работи за купечки пробај со домашни и обратно.Биди упорна и низ игра и песни.Ако пак одбива велат некои вкусови може да се неутрализираат.Пробај и со додавање на спанаќ или блитва.




Страница: <<   < Претходна страница  27 28 [29] 30 31   Следна страница >   >>