sandriana RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (9.11.2015 10:08:33)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR Ништо од тиквата на пареа, се разочарав сабајлево. Одма беше готова, излезе совршена, со малце млекце колку да ги подлажам беше - врв. И не, и не. Само пикаа раце во неа, ми го буткаа лажичето и скоро ништо не заврши во уста, ама затоа новиот тепих си доби портокалови флеки. На крај, тиквата ја изедов јас [sm=smiley1.gif] Ќе пробам утре пак, може ќе имам повеќе среќа. Инаку и моите не се на некој распоред, понекогаш јадат на 2 часа, понекогаш на 3-4, а понекогаш сакаат и на помалку од 1 час, така што и кај мене е на тепка. Поготово па дека се скроз различни и различно огладнуваат... журка [sm=smiley36.gif] Ми текна на други опции за кои не памтам дека е дискутирано - кога може да се даде костен? На пример варен, како пире? А варена пченка? Брокула и карфиол претпоставувам може од одма, или и за нив има чекање? Во принцип брокулата е во сите каши од 4 -5 м. +. Може да се обидеш да ја пробаат, во комбинација со оривче. Или ако веќе сте пробале кисело млеко/млечен намаз/јогурт - и со нив проаѓа. Костените, каде и да читам, ги водат како тригер за алергии и ги препорачуваат над 1 година. Тиквата може да се искомбинира и со јаболче на пример, да го разбие и вкусот и конзистенцијата. Пченката е безглутенска, да - ама е незгодна за консумирање, баш поради лушпите.
|
|
|
|