Hopeful RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (30.10.2015 21:37:06)
|
Ете, почнавме со човечка храна! [sm=smiley36.gif] Немав нет некое време па тек сега стигам да пишам и да споделам - пред околу недела дена, на скоро 6 месеци, почнав да им давам овошје. Непрсканите јаболки ми доцнеа, и почнав со банана, разредена со мое млекце или АД, па следно беа круши, и еве вчера и денес јаболки. Не знам што си мислев, дека од одма ќе почнат да јадат без проблем, ама неее, башка реакциите беа priceless - Ј, како голем цицач и млекопијач, ич не сака да јаде, а М, кој скромно цица, излезе дека сака да јаде. Дури и кога му е кисело, кутро дете се скиселува, ама јаде, ме гледа и отвара уста за пак [sm=smiley36.gif] Си се смеев сама по дома на глас! Разочарана сум со јаболките, мислев ќе ги обожаваат и ќе им бидат основна храна (како што ми се мене), ама нее - овие се погодија киселки и ич, ама ич не ги сакаат, ни разредени ни бутур. Ќе пробам утре печено јаболко, бидејќи отпушта други шеќери како што знам, па ќе видам. Што можам да дадам следно? Мислев авокадо, морков, тиква, благ компир, тиквичка... Сезонава е чудна, и има, и нема...
|
|
|
|