RE: Прва нова храна на бебето II (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Дохранување со густа храна



Порака


gina -> RE: Прва нова храна на бебето II (27.1.2016 19:21:22)

a i sto moze drugo vo kombinacija avokadoto




lolla RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (27.1.2016 19:21:56)

Можеш гина, половинката со семка заедно во кесе за замрзнување стои до другиот ден. Авокадо по правило се комбинира со нескробни зеленчуци и не многу благо овошје, мада е многу вкусно со банана.




Felly RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (31.1.2016 18:45:56)

Ние денес- втор ден јаболче. Некни лизна малку, денес поискусен па стегнал уста, врти глава, дури и ако успееш да му протнеш некое лажиче- одма плука. Смешки[sm=smiley36.gif] Се мислам што да одам наредно, што би му било повкусно.




lolla RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (31.1.2016 21:29:46)

Фели, пробај тиква варена или печена, ако е по благото. Можеш и батат, сува слива ако имаш домашна, од зимските круши. Изборот е малку тесен сега. Ако не е по благото, можеш тиквица, компирче, трошка морков. Ајде слатко да си папкате. Инаку да, драгоцени се тие моменти на прво побување храна, јас ги имам на камера. Криво ми е што не го снимив и кога лимон пробуваше. Ем сакам ем нејкам фаца.

Да си прашам, имате ли користено масло од маслодајна репка? Многу било добро за бебиња, зедов од Фила ама мнооогу е грозно, едвај го јадам сега во салата. Има некоја? Какво ви е на вкус?




Hopeful RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (31.1.2016 22:14:25)

Не знаев за маслото од маслодајна репка, пробав масло од лен, ни рече педијатарката дека може, и го прифатија.




lolla RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (1.2.2016 8:42:27)

Хоупфул па и тоа од лен не е најсјајно на вкус. ЈАс му давам лен на моево ама накај 10м заедно со семки од тиква и сончоглед.

Сега сакам сусам ама прво педијатар да прашам, некои викаат подоцна.

Денес втор ден, три киснети лупени бадемчиња.




gina -> RE: Прва нова храна на бебето II (1.2.2016 21:01:51)

aj devojki kako go varite amarantot jas denes prvpat pravev so banan i jabolko mav go napravi posto so banana[sm=smiley36.gif]
ama mie da ne go utnav vo varenjeto go varev 1:3 polasat ama brzi mi izvre vodata pa na dvapati doturav i postoja uste 5-10min ama koga probav kako zrncinja niz usta kako kiva koga jades so ispasirav so bananata i pak taka bese da ne go utnav[sm=zmeden.gif]




lolla RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (2.2.2016 14:21:48)

Гина, амарантот го киснам од вечер во вода, сабајле го мијам и варам 30-40 мин во многу вода. После оставаш 10 мин да отстои да стане слузав и кркаш.

На Л повече му се свиѓаат пуканките од амарант. Се загрејува убаво празно тенџерче, се става пола мала лажичка амарант, пклопуваш, протресуваш дур броиш до три, и тргаш. Така додека стигнеш до полни две лажици правиш тури.




gina -> RE: Прва нова храна на бебето II (2.2.2016 22:58:58)

od istiov amarant se pravat pukanki i koga mu gi davas da gi jade kako se jadat[sm=jezicek.gif][sm=zmeden.gif]




lolla RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (3.2.2016 17:01:48)

Да гина, од истиот. Ги додавам во кашата како и варениот , ако треба дотурам малку вода.




Milicka 30 -> RE: Прва нова храна на бебето II (4.2.2016 11:17:09)

По големо одбивање и плукање на зеленчуковите каши еве неколку дена ги јаде ќерка ми откога почнав да и ставам малку кромидче па се повкусни. Инаку имаме 7,5 месеци досега прабиме комбинации со спанаќ, тиквичка, тиква,компир, морков, кромид.. што друго можам да давам? Планирам и домашно пилешко да и дсдам деновиве.
Од табелата за исхрана од рр кисело млеко ,јогурт од 8 месеци се дава, вие кога дадовте? А производи со глутен од 8 или малку покасно? Читам по некои статии дека најдобро со 10 полни вие што мислите?




sandriana RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (4.2.2016 12:55:21)

Од табелата за исхрана од рр кисело млеко ,јогурт од 8 месеци се дава, вие кога дадовте? А производи со глутен од 8 или малку покасно? Читам по некои статии дека најдобро со 10 полни вие што мислите?

Глутен се дава меѓу 6 и 8 месеци, ако не постои реална потреба за да се одложи. И многу одложено внесување на глутен не е препорачливо.
Млечни производи јас лично дадов со 6+, конкретно кисело млеко или лажиче млечен намаз во некоја од кашите или палентата.




lolla RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (4.2.2016 18:06:01)

Глутен му дадов накај 9-10 месеци, исто и млечно бидејки цица. Реално тој период има толку многу намирници што не стигнав до овие.

Сега е 12+ и јаде наизменично безглутенска па глутенска житарка.





gina -> RE: Прва нова храна на бебето II (5.2.2016 10:46:04)

devojki do koga treba da se vari ovosjeto koga da se zadava svezo neli e poubavo jas ednas probav svezo jabolko ama ne mi se ispasira ubavo mi ostana grutcinja i mi bese strav da mu davam da ne se zadavi




Felly RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (5.2.2016 10:59:13)

До 6 м варено, после може и свежо. Пробај изблендирај го со др овошје, да не биде чисто јаболко и да добие покремаста структура.
Ние денес банана пробуваме, ама баш само пробуваме. Се на се едно лажиче ако му се собра.




gina -> RE: Прва нова храна на бебето II (5.2.2016 11:06:38)

samo edno ne sum mu dala sekogas kombinacija so 2 ama i togas ubavo mi ostanuva taka so grutcina




nadez vera ljubov -> RE: Прва нова храна на бебето II (12.2.2016 9:13:26)

Женски дали има бисквити без глутен.?? Ми даде докторката како шема за месеците што да внесуваме пишува бисквити јас не видов сега незнам какви само ми напомена без глутен. Иначе денеска правиме 6 месеци. Вчера во веро и купив од тие на хип фрст пап и едно друго на хип. И направив пола доза спремна шемата да проба па го бендиса. Ми рече докторката да има 3 оброка овошје, зеленчук и млечна каша вечера.доручек 125 мл. Другите пола од тоа првите две недели после да и зголемам. Потрошив во веро бисквити без глутен џиџе бебе и две на хип со глутен па се откажав. Иначе се уште цица




sandriana RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (12.2.2016 10:07:32)

Прво, бисквити баш и не мора сега да јаде, може и подоцна, после 7-8 месеци. Подобро е да воведувате житарки (ако воведувате глутен со полни 6 месеци) - овесни, пченични, просо, варена пченица - сето тоа дозволува комбинации со овошје, јогурт, млеко и се совршена опција за појадок и вечера. Ако одложувате глутен, тогаш просо, амарант, киноа, пченка, ориз...
Инаку, конкретно бисквити безглутенски нудат ЛоБелло - ги има по аптеките.




Hopeful RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (12.2.2016 11:40:06)

nadez veda ljubov, педијатар ти рекол со 6 месеци да имате три оброци??? Ние сме 9+ па уште сме со два, тек допрва ќе воведеме трет, по совет на педијатар... Мое мислење, не форсирај храна толку многу, ќе ја јаде цел живот, посебно па ако си цица.
А за бисквити, мислам па дека е ептен рано, подобро почнете со овошје, зеленчук, житарки, како што ти пишаа и другите.

Глутен јас дадов скоро, значи некаде на крај од осмиот месец. Почнав со овес цело зрно, како безглутенска житарка која е сепак контаминирана со глутен, а деновиве давав и кус кус, ептен добро го прифатија. Нема зошто да се брза со намирниците, мислам.

Кисело млеко и јогурт дадов порано, 7+. Почав со кравјо кисело млеко, досега најдобро се покажа тоа на Сутаж, и по вкус и по текстура, и Ацедофилен јогурт на Виндија, со тоа што не сакам да ги давам секој ден, да не се навикнат премногу на тој вкус.

Него, моето прашање е - како ги комбинирате оброците во однос на времето од денот и времето за спиење? Лесно ми е да поделам кога доручек, кога ручек, но бидејќи спијат два пати (еднаш околу 11ч, втор пат околу 14ч), а тешко заспиваат без млекце, не знам како да комбинирам за да дојде млекцето за заспивање како ужина...




nadez vera ljubov -> RE: Прва нова храна на бебето II (12.2.2016 13:28:30)

Да во ремедика вчера на редовна контрола. Три оброци овошна каша, зеленчукова и млечна навечер. Не верувам дека ќе изеде толку количински како што ми рече.




lolla RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (12.2.2016 16:31:30)

nadez vera ljubov, без коментар за бројот на оброци. Моето бебе е скоро 13м па јаде како што ти рекле тебе на 6м.

Моето мислење е следно, оброк се воведува еден по еден со размак од 4-8 недели. Количински е малку глупава мерката, зашто на мајките ни ствара некоја слика колку треба да изеде бебе а всушност тоа зависи од мал милион фактори. Сеуште работам на тоа дека не е грамажата мера дали се најадел туку кога тој ке рече стоп.

За бисквити не се сложувам дека треба да јаде, а деф не на 6м. Неми е јасно од каде бисквитите станаа основна храна за дохрана. Со дохраната бебето учи на вкусови од природата, не на рафинирани преработени производи. Доколку сакаш такви работи, има домашни бисквити со палента, овесни итн зависи што се воведува.

Ајде слатко да си папкате.




lukajana RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (12.2.2016 16:34:25)

Леле душо да не те разочарувам ама нема шанси да ти јаде толку многу храна на почетокот и плус тоа е многу мешање на храна за толку мало меше.
На почеток по малку па ке зголемуваш постепено ама имај на ум дека ова не е едноставен процес и бебињата често не прифаќаат така лесно каши [sm=smiley36.gif] ти води се по барањата на бебушот ако прифаќа и сака да јаде давај ако дава отпор не паничи ке се научи да ручка




Hopeful RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (12.2.2016 17:42:23)

Или најдобро, консултирај друг педијатар, ова е исклучок што го пишуваш. Сите педијатри се горе доле едногласни за тоа дека оброк се воведува еден по еден... Сите ние сме почнале со еден овошен оброк, од чисто овошје, колку да проба вкусови, да видиме можни алергиски реакции и секако без мерење грамажа. На сите тој оброк ни бил порано во денот, но не прерано - прво било млекце, па следното бил овошниот, а понекогаш и измешано со зеленчук. Со тек на време, се стабилизира тој оброк, се додаваат житарки, се дава секој ден во исто време и веќе станува појадок. Потоа дури се почнува со втор, па се двојат - наутро овошје, на ручек зеленчук...




nadez vera ljubov -> RE: Прва нова храна на бебето II (12.2.2016 20:38:51)

Па и ние така почнавме. Сокчиња на 4 ипол, од 5 овошни каши и од 5 ипол зеленчукови морковче и компир




lukajana RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (14.2.2016 10:36:59)

Gina постот ти го префрлив Тука = Не сака да јаде , таму ке чекаме искуства




Страница: <<   < Претходна страница  37 38 [39] 40 41   Следна страница >   >>