Hopeful RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (8.3.2016 16:26:28)
|
Леле немојте вегета да ставате, преполна е со презерванси и што се не! Јас ни сол не планирам да дадам, а не па вегета... Вкусот на бебето му е убав, навикнато е на блуткави вкусови и се му е таман. Од зачини, смее само цимет, и евентуално после 10-11 месец нане, босилек, ама ова треба да се провери, не сум сигурна. Сол ни под разно. Комбинирајте со самите зеленчуци, како што вика и Сандриана - со целер, пашканат, кромид и лук може секакви комбинации. Додавам и јас путер - домашен несолен, или маслиново. Ептен ако не го јадат, додавам кисело млеко или јогурт. Во однос на варењето на житарките - јас сите ги варам со повеќе вода и ги чекам да се разварат и да впијат се убаво, па ги цедам. Не сакам да остане нешто недоварено. Гина, какањето може да е од храна, но не би требало од кисело млеко, тоа е пробиотик. Нека се среди се, па пробај елиминирај намирници. Тоа што го поминав е хорор, пола глава ми е побелена од тој ден, ама важно нека се здрави и живи, не ми се ризикува ништо. Се уште блендирам се, но еве интегралниот ориз не го блендирам до крај и генерално гледам да ги правам погусти кашичките, не течни, па да им дојде погуста текстура за џвакање.
|
|
|
|