Dr.Novaceska -> RE: ПЗУ Др. Ирена Москова одговара на Вашите прашања - дете (12.11.2015 20:59:08)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Stefanija Stefi Почитувана Докторке, Синчето има 10 месеци, оди во градинка и доењето го намаливме само на вечерно и ноќно доење. Проблемите со неговото здравје дојдоа ва таков период. Носето течеше, почна да кашла и му се симна секретот па имаше за искашлување... педијатарот ни препиша цефаклор и го пиеше 10 дена а последните 5 комбинирано со Вентолин инхалации. состојбата не беше подобрена, напротив, па антибиотикот го сменивме со ко-алмацин и бронлес. нааправивме трахијален аспират кој не покажа ништо освен кандида- од антибиотиците.... видно се подобри состојбата, и педијатарот ни ги укина лековите пред 2 дена. Арно ама од сабајле пак е нерасположен, има прозирен секрет од носето и како да има повторно за искашлување... сега има и 37,6 температура.....[sm=smiley19.gif] неработен ден е, не знам што да правам....... Ве молам дајте ми совет, што се случува со бебето и зошто пак, што да преземам, да дадам бронлес оти антибиотикот го фрлив.... Би благодарам однапред Почитув контакт вана, Во случајот на вашето бебе, основната причина за новонастанатите проблеми е градинката, во која детето за прв пат е во поголем колектив, во кој има можност за контакт со евентуални причинители на болест. Моменталната состојба е резултат на компликација од претходна болест или нов контакт со нов причинител( вирус, бактерија). Во секој случај, после претходната болест, имунитетот е опаднат и можноста температурата да е заради компликација е веројатна. До добивање на лабораториски резултати (KKS, urina, CPR ) давајте антипиретици и сируп за искашлување, а после тоа според добиените резултати треба да се ординира терапија. Поздрав
|
|
|
|