Dr.BiljanaSpirkoska -> RE: ПЗУ Др. Ирена Москова одговара на Вашите прашања - дете (29.11.2014 15:24:52)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: miana Почитувана докторке, јас повторно со прашање до Вас. Мојата 3 годишна керкичка во четвртокот качи висока температура која што се качуваше на секој 2-3,4 часа. ја однесовме на лекар, ни рекоа дека грлото е зацрвенето, матичната и направи брис за стрептокока кој беше негативен и не ни даде никаква терапија. Наредниот ден однесовме мокрача, и направија крвна слика и црп. ЦРП беше негативно, мокрача во ред, крвна слика со леукоцити 11 ( но леукоцитите веројатно како резултат на дехидрираност од високата температура). Докторката ни рече дека е вирус и не прати дома. 4 дена поминавме со висока Т - 39,4 со варирање во времето ( некој пат се покачуваше на 2 часа откако ке дадеме сируп, а некој пат 5 часа, некој пат ке минеа 13 часа, па пак ке почне на 5 часа. И комбинирав блокмакс и ефералган сируп. Температурата 4 ден веке ја снема, но од вчера детето почна да поткашлува по малце, а утрово и повеке, но сува кашлица. Ме интересира дали е ова резултат на вирусот, односно дали вирусот може да доведе де некои компликации, земајки во предвид дека ЦРП беше негативно и останатите резултати во ред? Дасли треба да ја носам повторно на преглед или да се инхалираме? Дали вирусот може да доведе до посериозно разболување на моето дете? Извинете на долгиот пост, но многу сум загрижена и незнам како да постапам? Pochituvana, Pri zaboluvanjeto na vasheto dete, krvnata slika na bolesta e dopolneta so neophodnite isleduvanja i bidejkji rezultatite se negativno ne e ordinirana terapija.Megjutoa ishodot na virusnite infekcii e nepredvidliv a zavisi od rezhimot na neguvanje na deteto dodeka trae i od negovata prethodna imunoloshka sostojba kako i sostojbata za vreme na virozata.Mozhni se komplikacii koi voglavno nastanuvaat zaradi bakteriska superinfekcija i bi bilo korisno da se povtori CRP-to i kompletna krvna slika ,znachi da se odnese na kontrola deteto zaradi eventualno novonastanatiot auskultatoren naod na belite drobovi.Taka mozhe blagovremeno da se reagira na mozno nastanatata komplikacija ...Pozz i sekoe dobro ...[sm=smiley1.gif]
|
|
|
|