Еца -> RE: Бременоста и годините (6.8.2009 16:59:13)
|
Здрава мајка за здраво дете Иако изгледа дека во предодреденоста на секоја жена да биде мајка не треба да се интервенира премногу со совети, кои кога ги има премногу можат да бидат контрапродуктивни, сепак, во дваесет и првиот век грижата на мајката за себе и за детето што го носи е работа на основна култура. Ако сакате да забремените, да ја одржите бременоста, исхраната мора да биде урамнотежена, мора да престанете да пушите, да ги ограничите алкохолот и кафето и да спиете најмалку осум часа дневно... Сите тие навики ќе ја зголемат плодноста, ќе ја одржат бременоста, ќе го зачуваат вашето здравје и здравјето на бебето. Но, тоа не е сў. За да ја дочекате бременоста во најдобра форма, направете неколку анализи на крвта и контролирајте го притисокот 20 ГОДИНИ вистински момент Не сакате да се здебелите? Сепак, не смеете да консумирате помалку од 1.800 калории на ден! Исхрана Јадете разновидно и урамнотежено, за да може организмот да ги добие шеќерите (леб, тесто и ориз), белковините (риба, месо, јајца, млеко, јогурт и сирење) и маснотиите (путер и масло). Јадете многу свежо овошје и зеленчук, за да создадете резерва на витамини и минерални соли. - Не претерувајте со диети. Витата линија ви е речиси опсесија? Но, морате да знаете дека претераната слабост е непријател на бременоста. Кога телесната тежина е премала, не доаѓа до овулација: станува збор за одбранбен механизам, кој организмот го вклучува за да се заштити од понатамошен стрес што би го предизвикала бременоста. - Не заборавајте дека количеството женски хормони во организмот е пропорционална со количеството масно ткиво во подрачјето на половината. Затоа, не внесувајте помалку од 1.800 калории во текот на денот. Начин на живеење Здравиот начин на живеење сигурно е најдобриот пат до совршена форма за мајчинство. - Настојувајте да спиете најмалку седум до осум часа во ноќта, зашто со ритамот сон - будност управуваат некои невропреносници (посебно серотонин и мелатонин), чија добра работа се одразува на ендокрините жлезди, кои произведуваат хормони. Накратко, ако спиете малку или лошо, тоа негативно влијае на плодноста. - Престанете да пушите! Вистински момент е да заборавите на цигарите. По правило, жените што пушат потешко остануваат бремени, зашто им е намален дотекот на кислород, а со тоа и на храна во ткивата (како јајчниците). Значи, тоа би можело да ја загрози плодноста. Но, тоа не значи дека кога ќе забремените можете да им се вратите на лошите навики! Статистички е докажано дека жените кои се страсни пушачи раѓаат послаби деца. Анализи Анализи на крвта: ако не ја знаете својата крвна група, направете анализа за да го дознаете својот РХ-фактор. Станува збор за важен податок: ако вие сте РХ-негатив, а вашиот партнер РХ-позитив, детето би можело да го наследи РХ-факторот на таткото, а во тој случај би можело да дојде до некомпатибилност меѓу вашата крв (РХ-) и на детето (РХ+), што доведува до уништување на црвените крвни зрнца кај детето, а со тоа се оневозможува правилниот развој. Ако пред зачнувањето знаете дали вие и вашиот партнер сте компатибилни, гинекологот може да преземе превентивни мерки, за да се избегнат проблемите. Рубеола, токсоплазмоза и хепатитис Б: овие три инфекции, во првите три месеци од бременоста, може да го оштетат плодот. Направете анализа на крвта на антитела на рубеола (рубеотест), токсоплазмоза ( токсотест) и хепатитис Б. Ако не сте отпорни на рубеола и хепатитис, може да се вакцинирате. Посоветувајте се со лекар и прашајте колку време треба да помине од вакцинирањето до бременоста. Против токсоплазмоза не постои вакцина. За да не се заразите со тоџоплазмоза гандии, паразит одговорен за оваа инфекција, во бременоста избегнувајте да јадете недоволно печено месо, пршута, салами, а овошјето и зеленчукот секогаш добро измијте ги. 30 ГОДИНИ во врвна форма Создадете резерви на калциум, железо и фолна киселина, за да ја поднесете подобро бременоста Исхрана Јадете разновидна храна, богата со белковини, витамини и менерални соли, посебно со калциум, зашто детето, за да ги изгради своите коски, ќе ги троши вашите резерви од тој скапоцен минерал. - Земајте дополнувања во исхраната. Ако сте склони кон анемија, предизвикана со недостиг од железо во крвта, во бременоста тој проблем може да биде уште поизразен. Затоа е подобро да се дејствува навреме. Барајте од лекарот да ви препише додатоци за тој минерал. - Тука е и фолната киселина, витамин од Б-групата, кој е од основна важност за правилен развој на нервниот систем на детето, која секоја идна мајка би требала да ја внесува. Начин на живеење Не залажувајте се дека лесно ќе забремените ако работите по 10 часа на ден и никогаш не успевате да се одморите! - Многубројни истражувања потврдуваат дека стресот е вистински непријател на бременоста. Научно е докажано дека напнатоста го зголемува производството на т.н. хормон на стрес (адреналин и кортизол) и ја спречува синтезата на бетаендорфин, супстанции кои управуваат со расположението и ја создаваат т.н. "хемија на благосостојба". - Стресот ја запира овулацијата. Премногу обврски и напнатост може да ја донесат во прашање и плодноста. - Стресот негативно влијае на производството на хормоните што го регулираат менструалниот циклус и влијаат на плодноста. А тоа значи дека, иако имате менструација, можеби не доаѓа до овулација. Ако посакувате бременост, научете да се олабавите и да се посветите на себеси и, секако, на партнерот. Анализи Анализи на крвта: правилата за превенција се исти како и за сите други идни мајки: проверка на РХ-факторот и присуство на антитела против рубеола, токсоплазма и хепатитис Б. Гликемија: ако сте забележително пополнети, или во семејството имате склоност кон дијабетес, проверете го нивото на шеќер во крвта (гликемија). Доволен е примерок од крв земен наутро на празен стомак. Ако вредноста е зголемена, лекарот мора да ве советува како да ја смените исхраната и ако е потребно да ги одреди лековите за намалување на гликемијата. Крвен притисок: ако страдате од висок притисок, знајте дека тоа може негативно да влијае на развојот на бременоста и да предизвика гестоза, болест која може да се јави кај бремени жени со висок притисок. Ако долниот притисок ви е повисок од 85, а горниот повисок од 130, намалете го количеството сол и еднаш месечно контролирајте ја бременоста. 40 ГОДИНИ потребни се повеќе контроли Не е доцна да ја крунисате својата желба за мајчинство Исхрана Јадете храна богата со калциум, кој најмногу го има во млечните производи и витамините од групата Б (месо и интегрални жита): влијаат на работата на половите жлезди. Не смее да ви недостасува цинк, селен и витамин Е, кои имаат антиоксиданско дејствување и го забавуваат стареењето на половите органи. - Намалете со алкохолот и кафето! Пијте најмногу по две шолјички на ден: кофеинот ги стега крвните садови, како и никотинот од цигарите, што ја намалува плодноста. Виното, но првенствено жестоките алкохолни пијалаци, може да минат низ постелката и да предизвикаат промени на плодот. Начин на живеење Престанете да пушите, научете да се олабавите, спијте најмалку осум часа и намалете ја употребата на сите лекови. Ако е сигурно дека стресот и бременоста не одат заедно, исто така е точно дека некои лекови можат да го зголемат нивото на пролатин во крвта, а премногу од тој хормон ја спречува овулацијата. - Исфрлете го самоиницијативното земање таблети, без лекарски надзор, зашто може да му наштети на плодот. Анализи Анализа на крвта: проверете дали имате антитела против рубеола, токсоплазмоза и хепатитис Б. Проверете ги вредностите на гликемија. Ако е висока, во поголема опасност сте од труднички дијабетес. Во тој случај треба да го менувате начинот на исхрана. Крвен притисок: дури и ако никогаш не сте имале проблеми со висок притисок, во периодот на бременоста, вредностите по правило се зголемуваат. Ниво на хормоните: ако се сомневате во можноста да останете бремени, направете тест за нивото на хормоните. Доволен е примерок од крвта, кој се зема за време на менструацијата. Концентрацијата на хормоните ФСХ, кои ги стимулираат јајчниците, а се произведува во хипофизата, ќе покажат каква е работата на јајчниците. Имунолошки тест: ако сте имале постојани спонтани абортуси, направете анализа на антителата, антинуклео и антикардиолипин, за да откриете дали имате автоимунолошка болест, која го спречува правилниот развој на постелката. Во тој случај, вашиот организам се однесува како да е ембрионот туѓо тело и гo придвижува организмот за отфрлање. (Утрински весник)
|
|
|
|