mommy_angels RR -> RE: Вештачко оплодување IV дел (15.5.2013 16:50:35)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: skopjance Јас открив дека едниот канал ми е запушен со ХЦГ а двтат преку лапараскопија. Сега моментално една година ке паузирам со ИВФ после неколку неуспешни решив да видам дали нешто ке се случи со отпушување. И јас знаев дека ако се запушени е неповратно али се изненадив кога ми рече дека можело да се отпушат. исто така една д-рка од Ремедика за ИВФ ме изненади кога ми кажа дека нејзина пациентка пред неколку месеци се породиа која се премало да добие за да почнат со терапија а она останала бремена меѓувреме со запушени канали. Моментално не можам ништо да изгубам затоа што се одмарам од болници и доктори и во фаза сум на барање на работа малку да се опуштам од сите стресови и да собееме пари затоа што ги искористивме сите ваучери и сега мора приватно. Јас сум новичка на форумов,ама за жал со гооолемо инф искуство,па еве иако постојано велам не зборувам за ова повеќе,секогаш кога ќе прочитам ваков пост сакам да кажам како поминав јас.Осум години стерилитет,терапии,инсаминизации и на крај едно инф кое заврши со близначка бременост.И сега тука некој би рекол happy end ама заблуда.Во 26 недела добив конракции и се породив ,така да знаете како заврши тоа.Да не даде Горниов на никој вакво нешто ама ете нашата среќа беше таква.Тоа е нешто кое треба да се ПРЕЖИВЕЕ и после подолг периот научивме како да продолжиме понатаму.Прво не бев свесна што всушност ми се случи,па период на негирање,па мразење и немање верба во ништо и на крај прифаќање на реалноста.Е откако тоа се случи јас си викам бев во период на детоксикација.После години и години терапии јас одлучив да паузирам.Тука завршува темниот дел од мојата приказна и следува убавиот кој сакав да го прочиташ Скопјанче ти и другите што се во ситуација како тебе.Шест месеци се немав испиено ниту аналгин ,а не па нешто друго.Бидејќи знаете дека инф кошта многу,бевме прилично исцедени,ама ние решивме последните пари од заштедата да ги дадеме за одмор и отидовме на море.Верувале или не отаму се вратив бремена,истерав прекрасна бременост и еве сега сум мајка на најслаткото девојче [sm=duda.gif] ,принцезичката моја.Мојава приказна ниту е измислена ,ниту нешто додадов,само сакав да ви кажам се се случува кога најмалку очекуваш и верувајте дека вашите мали сонценца ве чекаат.
|
|
|
|