babyhope -> RE: Вештачко оплодување IV дел (16.8.2013 13:58:41)
|
menada во право си дека не треба да бидат постари од 6 месеци кога ги даваш во ФЗО, но може да си ги направила во јануари месец, да ги дадеш документите во јуни, да ти одобрат во јули -август и да го правиш ИНФ во септември. И тоа ако воопшто не те вратат за никаков друг документ. Поминале минимум 9 месеци а они се потпираат на првичните брисеви дека е се ОК. Истото ми се случи мене, ме враќаа неколку пати, помина повеќе од 2 години од кога ги дадов док додека го направам ИНФ а они сите ме убедува дека нема потреба од брисеви (иако јас прашав дали треба, ама матичниот и др. за инф ме разубедија дека не треба). После спонтаниот или бихемиската бременост- не знам ни сама како да ја наречам почнав да ги спремам документите и на првите брисеви излезе позитивна уреаплазма [sm=zmeden.gif], тогаш бев сигурна дека тоа се случило поради оваа бактерија- денес не сум сигурна во тоа. Како што читам за ТСХ може и она си имала влијание и не дозволи да се развие понатака. Како и да е, би и препорачала на капина повеќе да не троши ни грам енергија за тоа што поминало и да бара виновници- така требало да биде.. јас многу тагував, стигнав до психолошка помош која многу ми помогна, но за еден месец се насочив кон иднината и еве денес за 9 месеци од тогаш го имам новиот ваучер и позитивна и со нови сили се стремам ова инф да биде последно да си ги добијам моите [sm=duda.gif][sm=duda.gif] [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]
|
|
|
|