Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување IV дел (19.9.2013 15:28:06)
|
blue_blue, потполно се согласувам со тебе, и не мислам конкретно на kapina, туку забележувам некоја општа атмосфера. Мислам дека форумот треба да служи како споделување искуства со цел давање надеж и ширење позитивна енергија, а не да си шириме дезинформации меѓу себе и да си играме расипан телефон - ова требало, она не требало, вака докторот, онака докторот... ок, фала богу дека ќе си споделиме податоци за тоа кој какво искуство имал, кој лекар е ок, кој не е, ама да не сурфаме манијакално по безброј непроверени сајтови и форуми и да се правиме поголеми гинеколози, ендокринолози, инфектолози или имунолози од оние вистинските. Сите сме горе-доле со слична мака, или барем слична желба, и во ситуација во која сите поминуваме и низ убави, и низ неубави работи, дајте да си помогнеме една на друга со убав збор, чиста мисла, поддршка и разбирање, а не барање кривици, обвинувања, оговарања и ширење стравови и паники... Ве гушкам! [sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]
|
|
|
|