klara. -> RE: Вештачко оплодување IV дел (21.1.2013 23:36:52)
|
Јас исто така имам проблем со тироидната жлезда познат како Хашимото, кој е најчест предизвикувач на хипо- состојба (висок тсх, а низок фт4), а се карактеризира со високи анти-тпо (антитела кон тироида кои ја уништуваат жлездата). Со оглед на тоа дека јас не сум постојано во Македонија ме третираат најразлични доктори, но кога беше во прашање бременост сите беа едногласни- тсх понизок од 2! Она што е интересно е дека лабораториските граници за нормален тсх се многу пошироки. Точно е дека Хашимото (и хипо, па и хипер- состојба) во поново време директно се поврзуваат со неплодност, но и со повторувачки спонтани абортуси! Од тоа што јас го знам за оваа состојба за да се има можност за зачнување и здрава бременост тсх треба да се донесе под 2, фт4 да е на горна граница и состојбата почесто да се контролира за да се адаптираат дозите на супституција. Уште еден интересен податок е дека повеќе од 90% (мислам 98%) од пациентите со Хашимото имаат недостаток од витамин д кој треба да се надополни во доза препишана од лекар (на youtube можете да најдете многу видеа кои убаво ја објаснуваат состојбата на проблематична тироида). Секое добро и многу среќа во борбата за [sm=duda.gif] ИЗВОРНА ПОРАКА: bubble dali hipotireozata e prichina za neuspeshnosta nikoj ne moze da tvrdi. kako shto imam chitano, vo nashiov sluchaj pri nedovolno lachenje na ovoj hormon moze da dovede do pravenje na nepravilni jajce kletki, shto moze da e prichina za neplodnost...megjutoa ne mora da znachi. sme pravele ivf i jajce kletkite ni bile vo red bidejki po oploduvanjeto normalno i uspeshno si se delat...TSH mi beshe 5,07 i nikoj doctor ne mi reche deka toa e prichina da ne prodolzam so ivf bez nikakva terapija. za vtoroto ivf TSH mi beshe 2, 7 (odlichno za ivf) bez terapija, i nikomu nishto si prodolziv pak so procedurata. koga gi spremav dokumentite za tretoto ivf TSH pak se kachi na 5,7 i otidov na nuklearna i mi reche deka e podobro da ne rizikuvame za tvojata situacija podobro e da go regulirame vo granici na normala 0.25 - 4.0. obichno velat deka za ivf odlichna vrednost e okolu 2. koga otidov posle 3 nedeli terapija TSH mi beshe 3.8 i doctorot reche slobodno mozesh da si pochnish so ivf no i ponatamu ke si bidam na terapija koja voopshto nema nikakvi reakcii so hormonite shto gi primame... znachi sakam da ti kazam deka ima eden kup zeni so povishen TSH a si zabremenile normalno a ne ni znaat deka imaat takov problem, znachi ne mora da znaci deka e prichina za neplodnost. samo treba da se drzi vo normala 0.2- 4.0 . i sekako deka deka moze da se ima uspeshno IVF so vakva dijagnoza, so terapija se se sreduva nishto ne e strashno... ИЗВОРНА ПОРАКА: trust bubble da te prasam dali ti rekoa pricenata za neuspesnite ivf e poradi hipoteriozata? te prasuvam zaso i jas imam ista dijagnoza a se spremam za ivf? sto ti kazaa dali ima sansi za uspeh so vakva dijagnoza ?ili treba da se ceka dodeka ne s evrati vo normala tiroidnata pa da se zapocne postapka za ivf, sto toa bi bilo problem zasto jas dve godini se boram so ovoj problem i neznam sto im znaci toa da bide pod kontrola? ako imas nekoja informacija te molam pisi..pozdrav
|
|
|
|