LoveableMe RR -> RE: Скриен шеќер /ОГТТ (13.12.2014 10:13:42)
|
Lolla, баш напротив не си офтопик, темата е да чуеме што повеќе мислења, што повеќе искуства и убаво да ги провериме работите, да не трчаме да испитуваме се што треба и не треба и така сме под стрес повеќе години со неплодност, секое дополнително трчање уште полошо ни влијае на состојбата. Јас на форумов дознав доста работи и искуства и навистина ми е од помош, се надевам и на другите им е од корист она што јас ќе го слушнам и доживеам/ Она што заборавив вчера да ви пишам, а што ми кажа ендокринологот е дека да одам дома и да проверам дали кога сум испитувала крвна слика, оној класичниот шеќер дали ми бил над 5,6 на гладно? Ако не ми бил, рече нема потреба да испитуваш ОГТТ. Тој ОГТТ се испитува кај луѓе со наследен фактор, прекумерна тежина, пцос и кај луѓе кај кои обичниот шеќер е малку покачен на класичните испитувања на крвна слика. Јас отидов дома, ги најдов испитувањата на крвна слика што ми ги правеле за документација за ИВФ, кои се во размак од 8 месеци и на двете шеќерот ми е 4,6 и 4,7 соодветно. Хопефул, ќе го прашам Петановски, но овие советувања од ендокринологот некако ми се доволни за да не испитувам ОГТТ. Се надевам дека со искуствата ќе им помогнам и на другите, повеќе прашувајте, собирајте мислења, не трчајте по тестови од прва....
|
|
|
|