LoveableMe RR -> RE: Скриен шеќер /ОГТТ (23.11.2015 21:49:35)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina Treba da ispitas i insulin so ogtt test edna od pricinite za spontani abortusi moze da bideIR ИЗВОРНА ПОРАКА: gerbera А каде се испитува тоа? Претпоставувам со упат од матичен. ИЗВОРНА ПОРАКА: scared RR Можеш и приватно, огтт е околу 400-700 зависи каде, а може и со упат да се направи во авицена само што се чека некое време. Инсулин јас испитувам на Гак или на Клиничка биохемија, обичен хормон ти е, со упат од гинеколог испитувам, а огтт ако не се лажам може и со упат од општ матичен. ИЗВОРНА ПОРАКА: весник za insulin treba nekoja prethodna podgotovka kako za oggt test ili???? treba gladna ili???? bidejki jas imam ispitano na biohemiska laboratorija...me prati endokrinolog ama ne bev gladna...a taa nisto ne mi spomna okolu toa a naodot bese vo red,pa se prasuvam dali e toa pravilno. ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina Jas sekogas odam gladna da mi zemat krv sabajleto za glikozata mora na gladno da se zema krv za insulin mislam oti treba da si gladna ИЗВОРНА ПОРАКА: Kvisko Девојки ве молам ве молам ве молам и пак најмногу ве молам никако да не правите огтт кога се работи за неплодност на приватно ии комбинации приватно па државно само инсулин. НЕ е воопшто правилно така и може да не се отркие нешто што навистина треба. Единствено правилно тестот се прави на Клиника за Ендокринологија. При испитување за неплодност битно ви е не само дали имате скриен шеќер туку и дали имате Инсулинска Резистенција. За тоа треба паралено да се мерат и шеќерот и инсулинот. Особено е битен инсулинот зашто тој е хормон што е сличен по структура со половите хормони и ги буни јајниците ако е повисок. Е сега на гладно може да ви биде добар ама да се качува после јадење и несоодветно да се спушта што е знак за инсулинска резистенција. А таа е многу побитна за забременување отколку само шеќерот. Кога мерите само инслуин на гладно ништо не сте направиле зашто не се гледа како расте и како се спушта кога се разградува шеќерот. Значи правилниот тест кој ви треба и кој се прави на Клиника за Ендокринологија изгледа вака: 1. Одите и се консултирате со лекарот и тој/таа ве упатува потоа да се договорите со сестрите за термин за тестот. 2. Сестрите ви закажуваат термин и ви кажуваат како да се подготвите за тестот затоа што е потребо да се направи оптеретување на панкреасот дав дена пред тестот (обично ќе ви кажат да внесувате 100 чоколадо дневно и повеќе јаглехирати). На ден пред тестот околу 20:00 престанувате со внес на храна и може да внесувате само вода до 12:00 вечерта. Потоа ништо. 4. На денот на тестот одите гладни и жедни на Клиника. 5. Се вади крв и се мери инсулин и гликемија (шеќер). 6. Се пие гликозен раствор. 7. После 1 саат се вади повторно крв и пак се мери шеќер и инсулин. 8. После 2 саати се вади крв и пак се мери шеќер и инслуин. Само ваквиот тест го дава паралелното движење на инсулинот и шеќерот и само така може да се види дали имате инсулинска резистенција. Ако јас на пример ги правев неправилните испитување каде се мери само шеќер (и тоа во приватните дури и немате вадење на крв после 1 саат туку само на гладно и после 2 саати што дури и во бременост не е правилно) и потоа друг ден одите и гладни мерите само инслуин нема никогаш да знаете као ви се однесува телото при разградување на шеќерот. На пример кај мене на огтт тестот шеќерот цело време ми е дури и на долна граница ама затоа на саат време после пиење на растворот инсулинот ми скока на 150 (нормална вредност е 60) и после 2 саати не ми се спушта во граници на нормала. Тоа значи дека имам инсулинска резистенција и дека панкреасот е приморан да ми лачи многу инсулин за да компензира за неможноста на моите клетки соодветно на него да реагираат. Инаку мене од ГАК кога се мачев а отркијам зошто имам цисти докторката ме препрати на Ендокринологија со интерклинички упат зашто испадна дека огтт тестот кај нив е само за трудници и дека инсулин не мерат паралелно со шеќерот. Затоа и знам каде се прави правилно. Сега во бременост морав пак да правам огтт тест по протокол и решивме со матичната да одам во приватна лабараторија демек за помалку гужва. Кога ги виде резултатите рече ех не го направиле правилно мора да има и мерење после саат време по новите протоколи. Затоа поарно почекјте гужва на вистинското место отколку да не ви се открие дали имате или немате проблем. ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina A kaj mene pak nema IR mi kaza endokrinologot no cudno e toa kako so metformin imam ovulacija i odlicni folikuli a bez metformin nemam ovulacija ИЗВОРНА ПОРАКА: scared RR На крајот на денот пак се дава метформин. Квиско јас одев на ендокринологија и кај Крстевска и кај Пемовска и ниедна од нив не ми назначи ваков тест, и како што кажав како и да е особено кај пцос метформин не ни бега, така да не ми делува страшно и погрешно. Мене инсулинот ми е висок и на гладно, а сега додека пијам метформин ми е ок, ако каснам благо пак рипа, ке го пијам метформинот додека не родам дете, после се ке баталам доста се труев, и така не ми помогна за овулација.
|
|
|
|