scared RR -> RE: Скриен шеќер /ОГТТ (16.4.2015 11:47:51)
|
Мене па инсулинот до сега само така ми го проверувале на гладно, без оптеретеност со гликоза, Крстевска на ендокринологија не побара друго. Како и да е метформинот кај нас со пцос треба да се пие, сега ми е инсулинот во нормала па ќе го пијам додека не останам бремена и во бременоста до 3 ти месец. Последниот пат испитував SHBG кој заедно со тестостеронот давал некоја вредност да се види дали во организмот има вишок тестостерон што е често кај пцос. И ми пресмета ХОМИ индекс мислам беше за инсулинот и гликемијата од тие две вредности. Друго не ми побара да испитам а веќе одамна идам кај неа, така да не знам што да кажам дали е правилно или не, а лабораторијата во секој случај им е ужас, мешаат резултати на големо, на два наврата ми фали хормон кој требало да се провери а не го провериле, ми пишале некој сосема трет, така да не можам да кажам дека ендокринологија е правилен избор во однос на проверкиве. А, за сестрите и нивното однесување друга приказна е тоа. Секако, секој со своето искуство, но моето искуство го говори ова. А, метформин пијам моментално од 1700 мг. Гинекологот ми рече подобро повеќе отколку помалку [sm=zmeden.gif] Што прават веќе не знам...
|
|
|
|