RE: Скриен шеќер /ОГТТ (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


весник -> RE: Скриен шеќер /ОГТТ (17.12.2014 16:59:59)

еве го моето вчерашно искуство...вчера бев на ендокринологија кај др.Бранка Крстевска со дијагноза инфертилитет со упат од матичен гинеколог...јас сум хипотироидна...одам секогаш на прегледи во Битола па сега решив да проверам во Скопје бидејќи порано одев кај неа и кај Др.Чедо Димитриевски кој сега работел во Систина...да не должам,ми даде да испитам следново FT4.TSH,FSH,T3,LH.PRL и витамин D3 по нејзина иницијатива откако и кажав за моето неуспешно ин витро...баш пријатно ме изненади за витаминот бидејќи мислев дополнително да одам во биохемиска клиника во Скопје...ми направија EKG поради тироидната (да не дојди до некаква забуна) и ехо на лобусите исто така за тироидната жлезда.Резултати за една недела.Е сега ми вели дали имаш направено ОГТТ тест??? јас цела прашалници и и велам докторке извинете но што е тоа...па ми вели скриен шеќер...и кажав дека немам,на последната крвна слика која што ја имав од ноември месец и ја покажав шеќерот ми е 5,5 и ми рече па добро мислам дека нема потреба од ОГТТ тест...па и на тоа останавме...е сега како што знаеме дополнително да се замараме почнав да читам тука и си велам па и тоа да не треба да го направам...ох колку сум изгубена...белким ќе се пронајдам кога ќе станам мајка и нема да лутам како мува без глава по вратине на клиникине...па се плашам што е нормално па прегледувам се,чисто онака превентивно бидејќи кога ќе појдам на трансфер сакам да ми биде чиста душичката дека што е до мене се сум направила а богами и банкротирала...поздрав до сите!!!!




kapina -> RE: Скриен шеќер /ОГТТ (17.12.2014 17:44:31)

Da treba i toa da go napraves na mm mu bese 5,4 sekerot i mu rekoa da vnimava na ishranata i ogtt test i kontrola po tri meseci oti mze da se kacuva




LoveableMe RR -> RE: Скриен шеќер /ОГТТ (18.12.2014 10:22:57)


ИЗВОРНА ПОРАКА: весник

еве го моето вчерашно искуство...вчера бев на ендокринологија кај др.Бранка Крстевска со дијагноза инфертилитет со упат од матичен гинеколог...јас сум хипотироидна...

.....ми даде да испитам следново FT4.TSH,FSH,T3,LH.PRL и витамин D3 по нејзина иницијатива откако и кажав за моето неуспешно ин витро...........Е сега ми вели дали имаш направено ОГТТ тест??? јас цела прашалници и и велам докторке извинете но што е тоа...па ми вели скриен шеќер...и кажав дека немам,на последната крвна слика која што ја имав од ноември месец и ја покажав шеќерот ми е 5,5 и ми рече па добро мислам дека нема потреба од ОГТТ тест...па и на тоа останавме...


E, тоа сакам и јас да го расчистам со неа, што ќе каже тоа ќе биде, сепак со години и години уназад е најмеродавна и најдобра за тоа, ми го потврдиле повеќе доктори и Петаносвски ми рече што ќе ти каже докторката, тоа ќе биде. Па ќе ви пишам, позз




весник -> RE: Скриен шеќер /ОГТТ (18.12.2014 12:49:29)


ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

Da treba i toa da go napraves na mm mu bese 5,4 sekerot i mu rekoa da vnimava na ishranata i ogtt test i kontrola po tri meseci oti mze da se kacuva



јас капина нема дополнително да си се замарам,превентивно ќе си внимавам на исхраната ама дека ќе се оптоварувам за тој огтт тест не се оптоварувам бидејќи ако таа мислеше дека треба мислам дека немаше да ме пушти така,бидејќи за витаминот д жената сама ми пиша лабораториски упат...




LoveableMe RR -> RE: Скриен шеќер /ОГТТ (18.12.2014 13:19:52)

Бев кај докторката, рече па добро штом Петановски рекол, тогаш да направиме ОГТТ тест земи упат од матичен гинеколог и дојди, имало термин во денот за трудници.

Викам зошто докторке е важен овој тест? Вика заради тоа да нема деформација на ембрионите, оштетувања во генетиката на срце, нервен систем итн. Така што останува тој тест да го направам.

Ме интересира а зошто кај труднициве се испитува подоцна, кога плодот е развиен, како нивните плодови немаат оштетувања? Зошто не се прави ако е така пред да се забремени????

И уште нешто? Ај кажете ми кога почнува со работа амбулантата на Ендокринологија? Не прашав кога треба да дојдам за да ми направат лабораторија? И се ми е измешано, инсулин е едно а ОГТТ е друго, така?




Kvisko -> RE: Скриен шеќер /ОГТТ (18.12.2014 15:50:28)

Loveable ОГТТ кај трудници с еиспитува покасно бидејќи може накнадно да влијае висок шеќер кај мајката на плодот (да ги оштети формираните органи) и/или ако мајката има шеќер да има ризик кај плодот по породувањето да се јави голем пад на шеќер и слично. КОга има сголема гликемија има можност за развој на труднички дијабет всушност и тоа прави проблем.

Кога се прави за неплодност се прави заедно со мерење на инсллин затоа што влијае на квалитетот на самите јајце клетки. Кај мене на Еднокринологија без да прашам кога ми ги видоа хормоните ми направија и испитување на инслуин, парарелно мереа два параметри. Така ми рече и докторката на ГАК дека ми требаат двата параметри.
Колку што читам по српски форуми таму пак под ОГТТ тест се мери и инслуин автоматски кога е во прашање неплодност.

Лабораторијата на Ендокрионологија работи од 8 часот. Само што за тој тест треба претходна подготовка. Не знам ако не ти мерат инсулин можеби и нема да ти треба подготовка.

Ако можеш прашај го Петаноски дали ти треба мерење самона гликемија или и на инсулинм заедно со гликемијата. Така ќе бидеш потполно на чисто кои параметри него му се потребни.

Со среќа.




kapina -> RE: Скриен шеќер /ОГТТ (18.12.2014 15:59:11)

Da i na mene mi merea avtomatski i insulin i skrien seker ama fala bogu se bese uredno.

Ti si odlucuvas tvoe pravo jas pak sama si barav da mi se naprave iako nikogas ne sum imala problem so sekerot i fala bogu kako sto kazav se e ok no da znaes oti treba oti si so namalena funkcija na tiroidnata plus glikozata ti e granicna vrednost no toa si e tvoe pravo no znaj oti nekogas treba i sami da si barame da ni se ispita nesto.

A za vitaminot d mnogu imat nedostatok i zatoa davat da se ispita oti mnogu malku go vnesuvame preku ishranata i zatoa e taka.




LoveableMe RR -> RE: Скриен шеќер /ОГТТ (18.12.2014 16:35:44)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Kvisko

....Ако можеш прашај го Петаноски дали ти треба мерење самона гликемија или и на инсулинм заедно со гликемијата. Така ќе бидеш потполно на чисто кои параметри него му се потребни....


Ќе прашам и ќе ви пишам. Фала




весник -> RE: Скриен шеќер /ОГТТ (19.12.2014 11:16:19)

a kakva e taa prethodna podgotovka za ispituvanje na toj test zaedno so insulin itn....aj neka pisi nekoj kako treba da bideme podgotveni i dali se pravi na privatno toj test...????

a sto ne daj boze ako ne e vo red...ima lek za toa???? mislam nekakva prevencija za da ne dojde do takvi narusuvanja na plodot...




scared RR -> RE: Скриен шеќер /ОГТТ (19.12.2014 11:28:24)

Се пие метформин и во бременоста исто така се продолжува, јас го пијам и ми рекоа до кај 5ти месец ќе го пијам кога ќе забременам. Инаку јас немав никаква посебна подготовка, не ми кажаа ништо, само 12-14 часа гладна жедна отидов.

Инаку се прави на приватно Авицена, Адриалаб, Систина, секаде се прави [sm=smiley1.gif]




LoveableMe RR -> RE: Скриен шеќер /ОГТТ (19.12.2014 12:52:34)


ИЗВОРНА ПОРАКА: весник

a kakva e taa prethodna podgotovka za ispituvanje na toj test zaedno so insulin itn....aj neka pisi nekoj kako treba da bideme podgotveni i dali se pravi na privatno toj test...????
a sto ne daj boze ako ne e vo red...ima lek za toa???? mislam nekakva prevencija za da ne dojde do takvi narusuvanja na plodot...


Може и во Авицена со упат, се плаќа 36 денари, само се закажува по телефон за термин, а упатот така го даваат општите матични, а за подготовка таму кае што ќе решиш да правиш, јави се па тие ќе ти кажат како да се подготвиш. Позз




Kvisko -> RE: Скриен шеќер /ОГТТ (19.12.2014 19:27:06)

Јас испитував Ендокринологија заедно со инсулин и ако мене ме прашате само така е правилно. Приватните по цените ми се чини дека не испитуваат инсулин.
Подготовката ја кажуваат на Ендокринологија и обично е три дена пред тоа појачано внесување на јаглехидрати (по 100 грама чоколадо дневно).

Денес се видов со Димитров и повторно ќе пијам метформин. Ми рече за тебе е подобро да го пиеш отколку да не го пиеш. Само ќе ти помогне. Така што јас сум повторно метформинка ама овојпат со појака доза 2 по 500 дневно.










весник -> RE: Скриен шеќер /ОГТТ (24.12.2014 17:23:53)

sto e toa metformin...zosto e??? lele samo nesto ispituvame...a be venive si gi zapustivme...:-)))))




scared RR -> RE: Скриен шеќер /ОГТТ (24.12.2014 17:49:21)

Метформин е антидијабетен лек, така пишува на опаковката, и го даваат за дијабетес тип 2, за покачен инсулин и нетолеранција на гликоза(скриен шеќер) читајќи низ интернетот за него помага доста за овулацијата, за средување на мензис кај девојки со Пцос, за квалитетни јајце клетки и сл. Нема штета од него , од почеток е тежок за пиење ама после се навикнува организмот [sm=smiley1.gif]




весник -> RE: Скриен шеќер /ОГТТ (26.12.2014 16:46:54)

...AJ EVE SEGA I SKRIEN SEKER DA PROVERAM...TREBA GLADNA,SEKER DA NE KONSUMIRAM NEKOLKU DENA PRED ILI KAKO???? KAKVI SE PODGOTOVKITE???





LoveableMe RR -> RE: Скриен шеќер /ОГТТ (26.12.2014 23:10:09)

Весник, само скриен шеќер ако проверуваш треба 12 часа да не јадеш ништо. Каде ќе испитуваш, на Клиника? Другите постови се префрлени во Хормонална рамнотежа услов за бременост.




весник -> RE: Скриен шеќер /ОГТТ (27.12.2014 17:18:34)

a sto ne daj boze ako ne se naodite vo red posle proverka na ogtt...ima li tretman za toa???? pocnuva da me faka strav od pregledi i ispituvanja oti samo nesto mi najduvaat...




LoveableMe RR -> RE: Скриен шеќер /ОГТТ (27.12.2014 21:15:15)


ИЗВОРНА ПОРАКА: весник

a sto ne daj boze ako ne se naodite vo red posle proverka na ogtt...ima li tretman za toa???? pocnuva da me faka strav od pregledi i ispituvanja oti samo nesto mi najduvaat...


Весник, има чаре не се секирај, се пијат апчиња и се се средува, позз




scared RR -> RE: Скриен шеќер /ОГТТ (28.12.2014 0:24:52)

Vesnik ти пишав погоре дека се пие метформин без гајле, да видиш каква манекенка биднав откако го пијам[sm=smiley36.gif] ептен делува на метаболизмот и не дозволува да се здебелиш :) си се тешам јас што го пијам [sm=smiley36.gif]




весник -> RE: Скриен шеќер /ОГТТ (28.12.2014 17:03:03)

devojki mi pisa maticniot ginekolog za vtornik prioriteten upat za ispituvanje na skren seker pa odam vtornik kaj brankica taman ke go vidi rezultatot od hormonite i vitaminot d...ke vi kazam sto sum naprajla...aj i ova da go ispitam pa mozebi ke se smiram malku....




весник -> RE: Скриен шеќер /ОГТТ (28.12.2014 17:05:07)


ИЗВОРНА ПОРАКА: scared

Vesnik ти пишав погоре дека се пие метформин без гајле, да видиш каква манекенка биднав откако го пијам[sm=smiley36.gif] ептен делува на метаболизмот и не дозволува да се здебелиш :) си се тешам јас што го пијам [sm=smiley36.gif]



me nasmea....aj taman imam visok pa mozebi ke smalam malku.....demek i toa precelo...nebare onie prirodno sto ostanale po standardi se...ne sum debela ali ne sum ni slaba...odam na kaj elegantno popolna ama tiroidnava mi buvta ko nenormalna....naod na tsh 2.51 pa po edna nedela 3.41...kako e mozno a celo vreme sum po ista terapija???




весник -> RE: Скриен шеќер /ОГТТ (28.12.2014 17:05:42)

skapi se tie metmorfin..odat na recepta ili????




scared RR -> RE: Скриен шеќер /ОГТТ (28.12.2014 17:30:41)

Воопшто не е скап приватно е околу 120 денари, ама одат и на рецепта, јас на рецепта го зимам, така е 59 денари [sm=smiley1.gif]




nadez vera ljubov -> RE: Скриен шеќер /ОГТТ (31.12.2014 22:27:08)

jas pijam metformin od 850 mg 2 pati po1 od alkaloid.inace ispitav skrien secer vo hemo lab mi rekoa 2 3 dena pred ispituvanjata da jadam blago posto bese leto mi rece jadi sladoled da se isprovociral secerot i do 17 casot da jadam posle ne samo voda i utredenta vo 8 casot vo labaratorija




Hopeful RR -> RE: Скриен шеќер /ОГТТ (12.2.2015 14:06:37)

Девојки, не знам дали да пишувам овде или во другата тема [sm=smiley36.gif] Денес правев ОГТТ и резултатите се:
6.30
4.60
5.80

Гледам дека после глукозното оптеретување се добри вредностите, но првата вредност, на гладно, е малце покачена. Се надевам не е страшно и нема да мора терапија да примам, него да се изрегулирам со помал внес на јаглехидрати [sm=smiley36.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>