Mila mamicka -> RE: Купувате ли ,,скапи,, играчки за вашите деца? (12.12.2014 9:32:31)
|
Луѓе, оставете ги децата да бидат деца. Има време кога да научат да користат и таблет, и мобилен телефон, и лап топ, и да возат кола, и да учат англиски јазик и сл. Јас сум многу против тоа да им се купува ваква технологија на децата, син ми нема ниту таблет, ниту лап топ, ниту му дозволувам да ми чепка на мобилен телефон и сл. Нема потреба да го форсирам уште сега за тие работи, па затоа не му ги дозволувам. Гледам најголем дел од времето да го поминуваме заедно и да играме заедно. И не сметам дека детето ќе ми биде уназадено ако не знае да игра некоја игра на компјутер што неговите другарчиња ќе ја играат. И нека ми извинат дел од родителите, ама мислам дека тие што тоа дозволуваат децата да им дремат на лап топ или таблет уште мали, го прават тоа само заради тоа што немаат доволно време да поминуваат со нив, или пак тоа време си го користат за сопствените желби. Ако уште мали децата работат со лап топи, таблети и сл, кога ќе потпораснат ништо нема да им биде интересно. Јас за син ми многу ретко купувам играчки, од причина што не доаѓам на ред, од што сите блиски му купуваат постојано, а кога купувам гледам пред се да се едукативни играчки, а и од некоја подобра марка, но никогаш тоа не се прескапи играчки од неколку илјади денари.
|
|
|
|