Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Нова хуманитарна средба на Рингерајки! 17.1.2013 12:35:31
AnnaMolly RR
Бидејќи Рингераја е позната по својата хуманост, а ние веќе неколкупати сме организирале големи хуманитарни средби, сакам повторно да покажеме дека сме хумани и да собереме донации за оние на кои им се потребни.
Средбата е планирана за 24 февруари, недела. Намерно оставам олку простор, за сите оние членови кои сакаат да дојдат да имаат време да си испланираат. Ве поканувам СИТЕ кои сакате да донирате по нешто да дојдете и сите заедно со нашите дечиња да се дружиме и да си поминеме супер.
Дел од донираните работи ќе се однесат во домот за деца без родители и родителска грижа 11 Октомври, а друг дел во домот за доенчиња во Битола.
Еве што може да донирате: -Облека (за која било возраст) -Играчки (за бебиња и поголеми дечиња) -Сликовници -Училишен прибор (тетратки, моливи, боички, блокчиња, острилки, гуми за бришење, пенкалца, кутии за моливи...) -Обувки, топлинки -Козметика (влажни марамчиња, шампончиња, сапуни, купки, пудри...)
Се надевам дека и овојпат како и на минатите хуманитарни средби ќе не има во огромен број. Дополнително ќе го договориме местото (некоја игротека) и времето.
RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! 17.1.2013 13:07:26
Andriance
БРАВО!!!
Поддржувам максимално, и како и до сега ќе се вклучам во истата. Верувам и знам дека сите по дома имаме бар по едно стварче од се кое може да се тргне на страна и да усреќи некој друг. поготово играчки и облека.
уште еднаш за Рингераја и најискрено очекувам масовен одзив како оној од минатата година.
< Поракaта ја уредил Andriance RR -- 17.1.2013 13:08:09 >
_____________________________
Зборовите и времето користете ги правилно!!! Ни едното ни другото не можете да ги вратите!!!
RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! 17.1.2013 13:15:37
mama toci
Kako i na predhodnata,najavuvam prisustvo i na ovaa,mada dolg e periodov,samo so deckive da ne izleze nesto nepredvideno.Cesto se prasuvam,abe sto se sluci so samohrana majka,kako se snaoga vo zivotov,ostana nekoj vo kontakt so nea???
RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! 17.1.2013 14:22:03
AnnaMolly RR
Само сакам да ги поттикнам и новите членови, оние кои не дошле до сега на дружба, да си испланираат и да дојдат. Најпрво да се запознаеме и да се дружиме, а потоа и заедно да бидеме хумани. Еве и еден поттик до оние кои не читаат, а не се членови, да дојдат на хуманитарната дружба. Секако, како и на претходните хуманитарни акции, може да си поканите пријателки со дечињата да дојдат, не е услов да се биде член за да се биде хуман!
RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! 17.1.2013 14:24:36
Melanija RR
Со задоволство ќе учествуваме јас и мм во оваа акција. Сите кои по дома немаат детски работи, во секое пазарење може по едно нешто да се купи специјално за оваа акција.До тогаш има цел месец ,4 недели, секоја недела по едно нешто и акцијата сигурна сум ќе биде повеќе од успешна. Да бидеме пример за сите и од љубов да учествуваме во оваа акција
Споделете ја информацијата со сите ваши блиски пријатели и роднини
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! 17.1.2013 14:42:22
miana
Sakam da ja pozdravam akcijava.. Bravo. Se nadevam deka ke dojdam.Bi sakala isto taka i da predlozam nesto. Vo nekoja naredna vakva akcija da se donira za decinjata od ucilisteto "Idnina " od butel koi isto taka edvaj cekaat nekoj da im podari nesto a podzaboraveni se za razlika od drugite. Koga rabotev vo edna firma pred ovaa,gazdite za nova godina zadolzitelno doniraa po nesto za decinjata vo domot 11 oktomvri. Edna godina stapivme vo kontakt so edna vrabotena od ucilisteto so posebni potrebi "Idnina" i resivme tamu da donirame . Koga bev da odnesam,srce mi se raspara. Tamosnite vraboteni rekoa deka ovie decinja se zaboraveni i deka koga i da se donira nekade nesto,sekogas se donira za decinjata vo 11 ti oktomvri. Nemozam da vi ja opisam radosta natie decinja od ucilisteto idnina. Tie ne cekale so netrpenie cel den da dojdeme i za nas imaa izraboteno preubavi ikoni. Moj predlog e naredna akcija da organizirame tokmu za ovie decinja.
RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! 17.1.2013 14:54:33
AnnaMolly RR
Супер е предлогот, миана! Ако се собереме во доволно голем број, нема зошто и таму да не се однесе нешто. Еве ви уште еден голем поттик се повеќе да се пријавувате и да собереме мнооооогу работи за да има за сите дечиња!
RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! 17.1.2013 15:13:28
Bethany
Баш ќе ја забележам датата и ќе се потрудам да дојдам. А тие работи треба да се направи како пакетче од сите наведените или како? Чисто да знам како треба да изгледа, или некој понатаму тоа распределува?
RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! 17.1.2013 15:17:01
miana
Ne e loso nekoj od vas (organizatorite ) da stapi vo kontakt so nekoj od ucilisteto Idnina i da se znaae za kolkavi deca se raboti za odprilika da znaeme sto da donirame...
RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! 17.1.2013 15:49:40
AnnaMolly RR
Бетани, можеш во обични ќеси да ставиш што планираш да донираш, после ќе се поделат тие работи зависно каде ќе се носат.
Миана, имам контакт од професорка во Иднина, се ќе биде договорено. Ќе се организира и превоз до домот за доенчиња во Битола. Тоа е најмал проблем, најважно е ние да се собереме во што поголем број и да донесеме што повеќе работи кои ќе им користат на дечињата.
И ве уверувам дека се ќе заврши на вистинското место!
RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! 17.1.2013 22:55:20
elenak
Многу сакам да дојдам на било каква средба со рингерајки ама пусто далеку сум А за ова ако доаѓа Натушка во родниот крај во скоро време и ако е во можност ќе пратам по неа нешто обавезно.
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.
RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! 18.1.2013 15:56:56
kuklicka26
Ја подржувам акцијата ,но со оглед што сум од далеку не знам дали ке можам да дојдам но секако сакам да учествувам во донацијата.Ќе правам напори и да дојдам,но доколку не е возможно и јас ке ги испратам.Уште од денес ќе почнам со купување.
RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! 18.1.2013 20:36:22
Maca25
Браво за организаторите сите по дома имаме алиштенца, играчки, обувки од нашите најмили кои веќе не ги користиме. Јас се придружувам кон акцијава и едвај чекам да се собереме сите! Ќе разглаам и по колеги и пријатели, кој сака да донира по нешто.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! 18.1.2013 23:13:20
elenak
Изгледа јас не разбрав Нови ли треба да бидат играчките,алиштата или може и користени што веќе не ни се точни? И кажете ми дали и каде може предвреме да се донесат. ММ има во план да доаѓа наредната недела, по него да испратам.
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.
RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! 19.1.2013 15:12:51
AnnaMolly RR
Елена, не мора да бидат нови работите. Облеката секако дека може да е користена, само нормално да биде здрава и пристојна. Сликовниците исто така нешто дома ако имате, а не ви се омилени, може и тоа. Нормално училишниот прибор би требало да биде нов тетратки, моливи и слично...
RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! 1.2.2013 14:39:39
AnnaMolly RR
Пишувам само да ја активирам темава, за да можат да прочитаат сите членови и нечленови на Рингераја :) За некое време ќе почнеме да правиме и список за да се знае кој ќе дојде сигурно, па според тоа да бараме и игротека, во зависно колку ќе бидеме. СЛОБОДНО може да си поканите пријателки или некоја роднина да дојде со вас во игротека, што повеќе сме - тоа поубаво.
RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! 4.2.2013 11:10:45
AnnaMolly RR
Девојки, ајде да направиме еден првичен список за да се знае кој ќе доаѓа, па според тоа да се најде и соодветно место.
1. AnnaMolly
Ве чекам да се пријавувате, па да дефинираме колку ќе бидеме барем од прилика. Вечер поконкретно ќе ви пишам каде ќе се носат донациите, бидејќи плановите малку се сменија. Домот за доенчиња излезе од комбинација, бидејќи превозот што требаше да ги носи донациите се откажа. Но во некоја следна прилика ќе се организираме пак за нив.