AnnaMolly RR -> RE: Хигиена кај машки деца (11.5.2012 18:39:56)
|
Здраво, Јулија, и огромно добредојде на Рингераја! Јас ќе ти го кажам моето искуство. Син ми за еден месец ќе полни две години и досега ниеднаш не сум му го отворила курето. Маж ми пробуваше по малку кога беше бебе, ама тоа беа некои 3-4 пати само. Бидејќи се роди со неспуштени тестиси, мораше да правиме операција, па кога бевме на консултација со хирургот, го прашав и за овој проблем. Со едно инструментче полека му го отвори курето, а син ми ни глас не пушти. Ми рече дека е супер и дека нема потреба од отворање, само ќе се отвори. За оваа работа има многу поделени мислења, па мислам дека сама ти треба да си решиш што ќе правиш. Јас решив да го послушам докторот и не му го чепкам. Една комшика од раѓање му го отвара и еве на 18 месеци целосно му е отворено. Голем поздрав, па придружи ни се и на другите теми од форумот!
|
|
|
|