RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


mesecina83 -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (15.11.2014 16:47:31)

Здраво мешиња како сте еве јас од денеска ја започнав 22 недела и 6 месец поточно досега сум поправена само 4 кг ,а сеуште не сум ни повраќала нуту сум имала вртоглавици ниту ми се гади. Имам повремени болки кај матката кои траат 1-3 мин ми рекоа дека матката се шири .Бев и на скрининг во Ремедика бебињата напреднуваат добро ги гледаше докторката ги гледаше детално и вика се е ок имаат доволно плодова вода сите ограни се добро и на преглед пак за 4 недели,Туку имам мал проблем кога подолго време седам на стол или лежам или кога станувам од спиење едвај станувам и тоа полека едвај се исправам по малку ме боли грбот.




lolla RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (19.11.2014 17:03:04)

Епа најслабо е активна оваа тема [sm=zmeden.gif]

Како сте жени. Месечина да робаш со масажа или пак пополека да стануваш, ти си со близначиња и сигурно има и тоа улога.

Јас терам 26 недела, веќе сум 25+4. Неделава беше интересна, прво викендов емоциите ми беа на ниво, си се изнаплакав и саботата и неделата за глупости што ке ми текнеше и ке ми паднеше жал. Среќа ми потпомина гадењето па не плачев ради тоа. После еден ден цел ден го поминав жалејки се колку помалку се мрда бебе тој ден. Па ми текна да не ми е многу мал стомакот, па да не треба поголем. Па со испитувањава, проблем да натаманиш термини да не утнеш нешто покрај мојата матична се си бива. Па дилема дали да појдам уште на едно место на ехо.... ај за ова се одлучив ке одам и во ремедика изгледа кај Ефремовски.

И така јово на ново секој ден, еден ден сум пресреќна за се, друг ден ке ме фати мисла за нешто. Само сакам се да си е во ред.




Ki4iko -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (19.11.2014 18:34:15)

lolla баш ме изнасмеа [sm=smiley36.gif] . тоа се должи на хормоните, мене некогаш ме фаќа криза па си поплакувам,ама гледам цело време позитивно да размислувам ,ајде за некој месец ќе ни помине [sm=smiley36.gif]




Ivanushkaa -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (19.11.2014 20:54:20)

Llele zenicki i jas sum celata vo nekoi prasalnici i nedoumici [sm=zmeden.gif] Vcera bev kaj maticnata i dobro pominav bebuskoto bese dobro ednistveno sto nesakase da ni go pokaze licenceto :) organite bea se super, plodova voda dovolno, dolzina na matka dovolno.... I bidejki sum 19+3 dena mi se priblizuva skriningot, za koj se mislam kade da go pravam..... bidejki odam i vo Remedika kaj edna doktorka, doduse zadovolna sum od nea, no me zamisli so toa so mi kaza deka ona ke mi go pravela skriningot, a koga se javiv na salter da prasam, da se uveram koj e specijaliziran za toj skrning, mi gi kazaa samo Petrova i Adamova... mojava doktorka ne ja spomnaja [sm=zmeden.gif] I sega nezgodna situacija vo prasalnici sum kade da odam. Isto taka mnogu mi ja falea i Katerina Stankova od ordinacij Ina deka bila strucna za ovoj srinig pa sega neznam kade da odam sto da paravam, a da ispadne najdobro za moeto bebence. Inaku super se custvuvam osven ponekoas nekoi slabi bolki, tistenja vo stomakot i kicmata, no se se izdrzuva za sinceto so go nosam :D i edvaj gi cekam pointezivni i posilni dvizenja hehe [sm=duda.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (20.11.2014 14:31:09)

Eve me mene 18+1..bolkite i ukocenosta po malku mi gi snema.samo koga sedam pa koga ke stanam mi e malku maka ama nee strasno.epten bev ispanicena sto mi e.od zdrava bremenost mi odgovorija deka mozno e i promenata na vremeto pa da reagira na kicmata.
Bebevo vekje go osekjam kako si mrtka.jas sum ok i edvaj cekam za nedela ipol na 4d da odam.




Mila mamicka -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (21.11.2014 9:26:25)

Драги сопатнички, да се пријавам и јас на темата. Сега сум 13+5 недела, и се чувствувам многу подобро. Мачнините се изретчија ептен, веќе не чувствувам замор и малаксаност како претходно, како ни поспаност.  Бев на скрининг во 12 недела, се си беше во најдобар ред, докторот задоволен од се и така. Сега во 18 недела ќе одам на ехо кај матичната и ептен чекам да дојде за да го видиме пак бебушот. Полот не сакаме да го знаеме и така. Сакам да ве прашам, какви додатоци примате во овој период.




lolla RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (21.11.2014 10:03:20)


Баш е интересно што не сакате да го знаете полот. Мислам и онака е важно само да е живо и здраво ама сепак...




Mila mamicka -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (21.11.2014 10:11:01)


А за полот, сите ни се чудат како не трае кожа да не го дознаеме до крајот, ама така беше и за првото дете, па не гледам зошто би било поинаку и сега за второто. Само да се роди живо и здраво, друго ништо не е битно, нели?




Ivanushkaa -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (21.11.2014 12:36:47)

Mesinja posto sama vi kazav deka si imam nedoumici kade da odam na skrining hehe eve i si resiv, zakazav za naredna nedela kaj Dr. Katerina Stankova spc. za skrininzi, od ordinacija "Ina" pa ke vi kazam kako sum pominala, a sekako ke odam ponataka i kaj maticnata...

Zelezoto go odrzuvam celo vreme, sekojdnevno so sok od edno cveklo, morkov, jabolka i limon....i po edna lazica med so seme od kopriva izmesano, zemam i edno vit. c od 500 mg, za do go vrze zelezoto. Inaku nesto najnovo da vi kazava sto slusnav e dekai Madzunot bil super preparat za vo bremenost, za imunitet, krv, krvni sadovi, zastita na crn drob itn. i za potoa da se imalo mleko... e sega koj sto probal znae hehe zdravje ke vidam ponataka [sm=smiley36.gif]
Inaku sakav da ve prasam mozebi ne e za temava, se izvinuvam no nekoj ako znae neka pise, care za uvleceni bradavici, me zagrizuvaat cel zivot mi se takvi, izleguvaat povremeno sami ili jas sama koga gi vadam, no se meki i zivnati, neznam kako da vi objasnam [sm=zmeden.gif] dali znaete nesto za mackanje, da gi sredam da ne se kako zivnati mescinja :)))))[sm=zardeva.gif]
Se rasprikazav jas [sm=smiley1.gif] me zagrizuvaat ova bolkive i kako slabo menstrualno tistenje na stomakov i kicmava..... ama koj pat da odam na ginekolog mi velat nema nisto[sm=zmeden.gif] daj Boze da isterame so lesno do kraj [sm=zz_inlove.gif]




Malecka23 -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (21.11.2014 13:01:48)

Ne se sekiraj za bolkite ako slabi normalno e no ako se neizdrzlivi togas e drugo.Gledaj poveke da odmaras i obavezno Mg so B6 radi polesna apsorpcija.A za bradavicite imas i tema griza za bradavici vidi tamu i jas imav slicen problem no go srediv sega za sega so tusitanje i blaga masaza i gi mackam so krema najobicna od neven i sega se super.I da gradnik koj stega so korpi zici i trista cuda nikako.Ova mi e sovet od maticnata.
Inaku eve da se pozalam jas pred tri dena bev skoro 24h ukocena vo kicmata ne mozev da stanam od krevet ama ete nekako mi se sobra doma generalka turbo rab na promaja plus dete.Ali sega fala mu na boga se sredi.Bebuska cas gore cas mnogu gole ja osekam duri nekogas mislam deka ke mi izleze.Sto nekako me zagrizuva.Na skrining sum na 2 kaj Petrova posle kaj maticnata ke vidime sto ke kazat




lolla RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (21.11.2014 14:25:52)


И што сакав да си се пожалам, пак денес имам неубав вкус во устата по геврекот денес [sm=zmeden.gif]. Само нека се добри бебушките внатре па ова ке помине.

И ова, си купив стетоскоп и разбрав дека од 7 месец ке можело да се слушне срценцето на бебето преку стомакот. Пробав денес и ништо, се надевам наскоро.




blond -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (21.11.2014 17:46:18)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila mamicka

Драги сопатнички, да се пријавам и јас на темата. Сега сум 13+5 недела, и се чувствувам многу подобро.

Termin na 25.05 ti e? I jas sum 13+5 [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Hopeful RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (22.11.2014 12:54:02)

Mila mamicka и blond, ме збунивте - 13+5 не значи цели 13 плус 5 дена? Мене термин ми е 27 мај, а минатава среда почнав 13 недела, и сега не знам дали си рачунам како што треба. Гледам ќе славиме родендени сите заедно [sm=smiley36.gif]

Инаку бактеријата излезе дека е грешка на Адриа лаб - направив контролна уринокултура во Систина и излезе негативна. Баш ми олесна, стварно не ми се примаа антибиотици... Во понеделник ќе направам уште една, да бидат три, како што препорачува матичната, и таа ќе ја правам во Институт за јавно здравје, кај што ќе однесам и брисеви.




Melanija RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (22.11.2014 13:58:37)

Префрлени се постовите за болки во забите во темата Забите во текот на бременоста=ТУКА ,а постовите и делови на мостовите кои беа доскусија за мултивитамини нивниот избор да или не се префрлени во соодветната тема Мултивитамини за трудници=ТУКА




jasmina 25 -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (22.11.2014 20:47:57)

ajde i jas da pisam nesto vcera i denes imam bolki kako za dobivanje no ne se jaki sepak me zagrizuvaat pred malku go osekav bebusot kako mrda no nekako mnogu dolu kkako kaj jajnicite da me klocase mozno li e tolku dolu?se nadevam ne e loso...cela nedela mi se sobra rabota niz doma mora so deteto nadvor si bara i nemav mnogu vreme za odmor vo sreda sum na kontrola pa ke vidime se nadevem deka ne e spusteno mnogu dolu...




lolla RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (22.11.2014 20:58:36)

A koja недела си? Може со нозете е надоле и клоцка таму. За грчевите јас знам дека се нормални ако не се јаки, пиј магнезиум ке се смират.

И јас денес се преморив, на Водно бевме, па сити мол итн.. и стварно осеќам дека не сум како порано.

Ноќеска мислам дека осеќав бебето како ика. Во тирмични интервали на едно место имаше нежни како удари и долго траеше, некоја минутка сигурно и малку се исплашив. Може ли нешто од икање да му биде?




ana mari -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (22.11.2014 21:13:27)

jasmina jas istiot problem go imam eve 2 3 pati mi se ima sluceno da pocustvuvam bolki vo stomakot ili pozadi vo kicmata inace sum 25 nedela koga bev na lekar kazav i mi rekoa deka bilo normalno bebceto raste i nateznuva hmm se nadevam deka e taka [sm=zmeden.gif]




jasmina 25 -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (22.11.2014 21:18:19)

ne lolla ne moze nisto da mu bide od ikanje normalno e...inaku jas sum 16 nedela ...bolkite ne se jaki i pominuvaat koga legnuvam...ke odmaram poveke ovie dena...




lolla RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (22.11.2014 21:34:19)

фала јасмина на одговорот.

Исто забележав дека кога ке облечам долен веш на ластикот ме притиска, односно ко да се буни што го притиска нешто и бутка таму срце мало [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




Hopeful RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (23.11.2014 3:10:02)

lolla, многу си ми забавна кога те читам како си ја доживуваш бременоста [sm=smiley36.gif] не можам да престанам да се смеам на муабетот дали ти е стомакот доволно голем, а и ова со икањето е хит [sm=smiley31.gif]




Melanija RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (23.11.2014 10:07:37)

Има статија на Рингераја.мк вооптш за икање кај бебињата но и додека се во меше [sm=smiley36.gif] прочитајте ТУКА




lolla RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (23.11.2014 10:20:09)

[sm=smiley1.gif][sm=smiley1.gif][sm=smiley1.gif] Значи нормално си било икањето, а и интересно беше.

Хоупфул, чекај чекај, назад ти е зимата, за некоја недела ке почне забавниот дел со мрдкање и зголемување на мешето, па ке видиш какви се незаборавни моменти ке ти донесе на тебе и на мт. И невозможно е да не се радуваш ко мало дете. Само нека се здрави прави внатре и да сме ние способни да си ги износиме со што полесно, тоа е најважно. Плус и хормоните некако како да лудеат повеќе овој период, заборавив како е од времето на прв триместер [sm=smiley36.gif]




Ki4iko -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (23.11.2014 17:42:01)

Ова со икањето,леле јас пред неколку недели така се исплашив,почувствував ритмични движења на бебето во стомакот,ми требаа 2 часа думање што ли може тоа да биде [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif], покасно се сетив,еве сега секој ден го чуствувам икањето и по неколку пати дневно [sm=smiley36.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (23.11.2014 18:48:22)

Jasmina jas i ti izgeda isti simptomi imame.jas uste malku 19 nedela ke bidam a koga bev 16-17 koga ke otidev na rabota da mockam i toa na cucavec[sm=smiley1.gif] koga ke stanev mislev deka mi doslo bebe skroz dole i duri ko da go osekjav deka e dolu.i mene me fakjase panika nisko da ne e ama pa se tesev deka gineko ke mi kazese nesto takvo..pocnav jas da pijam mg pred spienje i mnogu me opusta i utredenta sum ko nova ni bolki ni nisto ama jas sama sum si kriva ko konj rabotam niz doma, denes ne sum sednata ama obvrski po doma sto da se pravi na mazive ne im teknuva[sm=smiley36.gif]
Ne se grizi samo odmaraj povekje mislam deka spasot e toa.sega vekje ne go osekjam dolu kako sto mi bese a za bolkive mislam deka i promenata na vremeto si vlijae..bar mene




jasmina 25 -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (23.11.2014 18:57:50)

mihaela ima vrsko koe vreme go pies magneziumot?jas go pijam od sabalje...daj boze da e se vo red eve deneska poveke odmaram vo sreda sum na kontrola odvaj cekam...ti si bila li skoro na lekar sto ti vikaat?ti go merile li grloto na matkata?dali go pies seuste utrogestanot jas ke go zemam duri i da mi rece doktorot da prekinam mi e strav...mnogu mi e maka sto ne mozam da uzivam vo bremenosta mozebi se e vo red mene sesto mi pominuva niz glavata mozebe nameso cesto da odam na ginekolok treba da pojdam na psihiatar [sm=smiley36.gif] se e vo glavata...




Страница: <<   < Претходна страница  25 26 [27] 28 29   Следна страница >   >>