Hopeful RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II [chat] (10.12.2014 10:34:07)
|
Bethany, ме изнасмеа за крвната слика и јадењето [sm=smiley36.gif] Оди утре порано, додека не ти се пријало, и носи си геврече со себе, да не припаднеш [sm=smiley36.gif] Јас денес имам полни 16 недели, и исто прекрасно се чувствувам. Каква разлика од прв до втор триместар! Ни мачнини, ни гадења, се најнормално. Малце ме мачи спиењето, дење можам на нозе да заспијам, ама ноќе... нема шанси, никако. Читав дека тоа што бебињата се активни ноќе е од што денски, со тоа што се движиме, ги нишкаме и успиваме, како во лулашка, а ноќе кога ќе легнеме се будат. Овие моиве сигурно секоја вечер журка прават, и иако не им ги осеќам движењата, не можам да заспијам. А може и за инат не спијат навечер, да ме тренираат уште од сега да им дремам по цели ноќи [sm=smiley36.gif]
|
|
|
|