Bethany -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II [chat] (12.12.2014 15:11:47)
|
Јас да се пријавам на рапорт [sm=smiley36.gif] Бев сабајлево кај матичната ииии што убаво го изнагледавме бебето, јас и докторката, она воодушевена, јас уште повеќе. Си прета со рачиња, ги отвара шаките, па дига ножето, балерина на мама, прстиња се гледат убаво, па си коментираме со докторка, ете бебе нема ни 100 грама (моето поточно има 72 грама), а толку веќе убаво се гледа, чудо Божјо. Докторка ми кажаа дека воопшто нема потреба од приска, убави се мерките, и онака целосна состојба на бебето и на крај кога ја прашав за полот, ми кажаа дека мисли да е девојче (значи имам потврда [sm=smiley36.gif]) Ми препиша само фолна, џабе купив витамини, не знам дали да ги пијам или да ги оставам за касније кога ќе имам поголема потреба? А од тоа што се плашев, тоа ми се случи. Кога седнав за брисевите, толку почнав да крварам, така да докторката одустана од папот. Бидејќи крварев од тие памучни стапчиња, како ќе биде од четкичката. Имам многу секрет, на неа и личи дека е можно да имам бактерија, инфекција, па и поради тоа да почнав да крварам, ама во секој случај резултатите ќе бидат за една недела, ќе ми се јават, па ќе видиме што е. Ама во картонот додаде забелешка: лесно ранлива [sm=smiley36.gif] Дури смешно ми дојде. Раничка на грлото имам, ама тоа ништо ново кај мене, те ја имам, те ја немам, ама и тоа не ја загрижи бидејќи вика раѓала си па и е нормална појава. За папот остана после породување, а пак вагинален преглед во 28 недела. Не ми се допаѓа, ама што да се прави. Тогаш ли ќе се мери грлото на матката така, вагинално? Тоа кај мене, битно бебето е добро, а за резултати ќе почекам. Малку испаничив околу тоа бактеријата, ама само да не штети на бебето, друго не е битно. Никогаш во животот немам лечено некоја вагинална бактерија, па си трипувам сешто. Хоупфул, и јас ги имам грчевите, така силни обично кога имам дигестивни тегоби. Инаку си имам болки сега малку поинтензивни, кога сум повеќе на нозе, и тоа посебно ги осеќам во половината, како нешто да ме сече. Михаела2010 се жалеше на укоченост порано, е па сега јас деновиве се чувствувам така, кога станам од столче ко баба некоја не можам да се исправам. Ама мислам дека и во прва бременост ми беше овака, се ме нешто наболуваше, те лево, те десно, те напред, те назад, па сега сум малку ко поопуштена [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|