Hopeful RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II [chat] (17.12.2014 16:06:27)
|
Девојки, однесов брисеви во Пролече па во петок резултати. Инаку бебуфките сега се по околу 12см, напредуваат соодветно на полни 17 недели, двете подеднакво, фала богу. Овојпат беа мирни и едното беше со рачето меѓу нозе [sm=smiley36.gif] Ја прашав за должина на грло, ми рече обично не се мери ако нема индикации, но ми измери - 35мм, што е добро. Едвај закажавме втор скрининг - се било зафатено и на Гак, и во Чаир уште од одамна, и таман решени на приватно дека мора да одиме, кога една сестра случајно спомна дека баш денес се отвориле неколку места па успејаа да ми најдат термин за на 20 јануари, во 17.20 кај Елена Џикова. Сеедно ми беше кај кој доктор, искрено, макар што имам слушано и за неа дека е добра. Дали некоја била кај неа, или има какво било искуство? Следниот петок имаме закажано редовно ехо и во Систина, па ќе видиме и таму што ќе ни кажат. Останува отворено прашањето за амниоцентеза, но со оглед на ризиците, во моментов некако сум повеќе за не. Се надевам дека нема да донесам погрешна одлука...
|
|
|
|