Hopeful RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II [chat] (20.1.2015 19:19:01)
|
Девојки, еве ме после вториот скрининг. Докторката кај која имав закажано се сменила и бев кај Кристина Блажева, за која искрено, не знам што да кажам. Ок беше, не зборуваше многу многу, морав со клешти да и вадам зборови, но се надевам дека детално ги виде. Упорно ме прашуваше да не имало нешто претходно и зошто доаѓам, ко да не е ова редовен скрининг и ко да очекуваше да имам некаков проблем, штознам. Инаку рече дека се ок и двете, одговараат на неделата, и ми препорача во 24 недела да направам редовен ехо преглед на срцињата. Инаку ме прашуваше, бар за мене, споредни работи - кај сум го правела ивф-то, па од кога сум почнала со прогестерон, колку инекции ми дале, па зошто ми стоело во извештајот од Систина дека сум вегетаријанец... И најбизарното - дали се во посебни постелки или не... ко да не може сама да види на ехото! Никако да сконтам како се поставени - знам дека секое во својата вреќичка си се движи слободно, но не знам дали имаат фиксна позиција, едно лево, едно десно, или и со се вреќичка се вртат, секој доктор различно ми кажува [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|