Hopeful RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II [chat] (27.1.2015 17:00:53)
|
Едвај издржувам до следно ехо и јас [sm=smiley36.gif] Додуша последното ехо, на вториот скрининг, толку некако ми го исфорсира таа кокошката и не ми објасни ништо, што некако бе ќеиф ми помина, и едвај чекам наредно на 6 февруари во Систина! А за киселините, мене млеко ме убива скроз наскроз, и мислам дека е мит дека вистина помага. Може така делува во прв момент, демек течност, ама после ми се чини поголема беља прави. Сепак, секој организам е различен, и ако на некого тоа му помага - само напред! Болката во грбот исто, не знам како да се справам со неа. И јас исто, сабајле се супер, на работа цел ден на биро, без проблем, се движам, шетам, ама кога ќе дојдам дома и ќе легнам сум крш. Ноќе па што да ви кажам, преморена, ми се плаче ми се спие, и никако не можам да заспијам... Не смеам да вежбам дека со две, ништо повеќе од пешачење, ама понекогаш дома се тегнам на пилатес топка (ја ставам под себе на половина и се префрлам со раце преку глава, па на под), и тоа како да помага. Остатокот од времето, мирувам [sm=zmeden.gif]
|
|
|
|