Hopeful RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II [chat] (16.1.2015 14:41:23)
|
Стварно не ми се верува како се однесуваат докториве со нас, посебно матични и се што е на државно. Па кај им е одговорноста бре, не сме само ние во прашање, туку и за бебиња се работи!!! Ова е стварно за тужење, немам зборови. Инаку, Теа88, важно се виде на време и важно помина, па сега дома на одмарање, да можат бебушки мирно и убаво да си растат [sm=smiley1.gif] Можам да замислам како ти било, но важно се реши. И јас мислам да продолжиш во Плодност, сепак, што е сигурно, сигурно е. kika*mika, има повеќе од една година поминато од папот, така што обавезно направи нов. Со среќа [sm=smiley1.gif] Јас се обидувам да внимавам на внес на вода и сол, но ионака сум склона на задржување течности, така што можам да замислам сега што ми се случува со телото [sm=smiley36.gif] Секое лето си имам потечени глуждови, ама ова сега е невидено. Ништо, тоа е [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|