Hopeful RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II [chat] (19.1.2015 13:21:44)
|
Bethany тука сум, малце гужви периодов [sm=smiley31.gif] Гадењето и мене ми се појави, и се уште знае да се појави, иако сум 21+5. Посебно па после јадење, мада се поретко и поретко. Сега па мака мачам со киселини, а бе ми се чини ќе ми изгори цел хранопроводник и грло, ни сум да јадам, ни да не јадам... Ве читав за ова со стврднувањето кога зборевме за Теа88 и ме замисливте - јас па досега не сум осетила никакво стврднување, да не не е ок и тоа? Ги осеќам дека се движат и двете, и приметувам дека едниот е поактивен дење, другиот ноќе, ама главче, газе и слично не сум осетила. Може дека сум буцка па од салцето не се осеќа, а? [sm=smiley36.gif] Инаку, Mihaela 2010 - и јас сум утре на клиника, имам втор скрининг кај Елена Џикова, па секако ќе ви пишам како ќе поминам. Матичната ми закажа и на кардиолог на 4 февруари, морам да видам и со тоа што е, гледам и терапија им се дава на некои трудници. Откако ја сменив перницата (спиев на ниска, сега на малце повисока) малце подобро спијам, ама сепак гушењето и стегањето ми се појавуваат. Добро што притисокот ми е низок. FlowersEP, како ти е крвта? Вртоглавици при станување се нормални и чести, посебно при слаба крв, така што провери ја [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|