Bea -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II (19.11.2015 9:36:39)
|
Има има [sm=smiley1.gif] Јас не ви пишав, минатата недела бев на контрола - го видовме бебушко, не застана немиркото на мајка! Ама и јас изедов еден твикс непосредно пред прегледот, па ме искара докторката да не јадам благо пред ехо. Инаку бебенце е супер, 880 грама тежеше, 3-4 дена е понапредно од неделата. Плодова вода, постелка и проток исто така беа во ред. Е сега, еден момент ме засекира, докторката виде некој секрет дека се собира околу грлото. На брисевите пред ИВФ бев позитивна на уреаплазма, а последните брисеви ми беа негативни. Докторката беше со став дека и да нема ништо на брисевите, по она што го гледа не би ме оставила без терапија. Ми препиша Сумамед 3 дена по 500mg. Многу бев во дилема дали да ги испијам или не, но во консултација со докторката утврдивме дека ризикот од отварање и предвремено породување е поголем во однос на самиот антибиотик, за кој ми објасни дека е сложена формула која не продира низ плацентата до плодот. И така, само за нешто грижи... Инаку да ве прашам во трето тромесечие се влегува со полни 27 или 28 недели?
|
|
|
|