RE: Инсеминација II (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


kapina -> RE: Инсеминација II (9.9.2013 23:29:08)

Malena spontanite abortusi moze da ti se od losiot spermogram




Hopeful RR -> RE: Инсеминација II (10.9.2013 16:51:24)

Девојки, мене во четврток ме очекува втората инсеминација [sm=smiley1.gif] Немаме некои којзнае колкави очекувања, и за разлика од првиот пат, сега сме и двајцата многу пореални и во однос на шансите, и во однос на понатамошните чекори, но сепак, се надеваме на [sm=duda.gif] Овој пат пиев дупло поголема доза Естрофем за разлика од минатиот пат, исто Кломифен и истите инекции, па ќе видиме. Држете ми среќа [sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација II (11.9.2013 9:57:35)

Не ти ја држиме, ти ја пуштаме [sm=sloncek.gif][sm=pikapoka1.gif]




babyhope -> RE: Инсеминација II (11.9.2013 11:30:01)


ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

Malena spontanite abortusi moze da ti se od losiot spermogram

Мислам дека спонтаните абортуси не можат да се случат од лош спермограм. Лошиот спермограм може да доведе до неможност до забременувањ- да се спојат ј.клетката и сперматозоидот или пак ако во спермата има некоја бактерија да настане инфекција кај жената- но тоа може да се докаже со брисеви. Штом настане бременост причината за спонтаните треба да се бара кај жената- имунолошки или други причини. Оние испитувања кои се прават за да се откријат генетските промени кај мажот може да се направат и кај одличен спермограм.




babyhope -> RE: Инсеминација II (11.9.2013 11:30:58)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Девојки, мене во четврток ме очекува втората инсеминација [sm=smiley1.gif] Немаме некои којзнае колкави очекувања, и за разлика од првиот пат, сега сме и двајцата многу пореални и во однос на шансите, и во однос на понатамошните чекори, но сепак, се надеваме на [sm=duda.gif] Овој пат пиев дупло поголема доза Естрофем за разлика од минатиот пат, исто Кломифен и истите инекции, па ќе видиме. Држете ми среќа [sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]

Пуштаме среќа [sm=pikapoka1.gif][sm=pikapoka1.gif][sm=pikapoka1.gif]




Hopeful RR -> RE: Инсеминација II (13.9.2013 11:47:03)

Ете девојки, бидна инсеминација бр. 2 [sm=smiley1.gif] Имаше 20 милиони, што е ок, па сега ќе видиме. Имам терапија од естрофем, аспирин, фемибион, кринон гел и прогестерон ампули. Овојпат ќе пробам да не бројам денови и недели, него да се опуштам и да видам што како ќе излезе, без лажни надежи. Фала за убавите зборови, ептен ми значи и ми помага! Ве гушкам! [sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]




Bethany -> RE: Инсеминација II (13.9.2013 12:31:52)

Со среќа, навиваме за позитивниот резултат [sm=bravo.gif]
Колку можеш обиди се да се опуштиш, знам дека не е можно воопшто да не размислуваш, ама нека мислите ти бидат насочени само кон добри нешта [sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]




vezilka RR -> RE: Инсеминација II (13.9.2013 12:52:17)

[sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]
ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Ете девојки, бидна инсеминација бр. 2 [sm=smiley1.gif] Имаше 20 милиони, што е ок, па сега ќе видиме. Имам терапија од естрофем, аспирин, фемибион, кринон гел и прогестерон ампули. Овојпат ќе пробам да не бројам денови и недели, него да се опуштам и да видам што како ќе излезе, без лажни надежи. Фала за убавите зборови, ептен ми значи и ми помага! Ве гушкам! [sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]

[sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif] И ние тебе те гушкаме и ќе чекаме заедно со тебе.




Melanija RR -> RE: Инсеминација II (13.9.2013 18:36:48)

Hopeful [sm=bravo.gif] само имај убава мисла и уживај си, имаш најголема подршка те [sm=smiley31.gif]
[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Karma -> RE: Инсеминација II (15.9.2013 19:22:07)

zdravo, jas sum taze na forumov pa me interesira dali nekoja od vas inseminaciite gi pravi na GAK i kaj doktor, i dali e zadovolna od istiot [sm=smiley13.gif]




babyhope -> RE: Инсеминација II (15.9.2013 19:45:37)

здраво Karma... најпрво ти посакувам добредојде на РР и се надевам ќе имаш убава дружба со нас. Јас немам правено инсеменации на ГАК, имам лапаро и хисто кај др.Трајковски а сега и моето ИНФ ќе биде кај него. Доколку сакаш ГАК, него топло ти го препорачувам, нема да згрешиш сигурно.. одличен професионалец е со разбирање и добар пристап. Ти посакувам набрзо да ги видиш [sm=rozacrtici.gif][sm=modricrtici.gif]
Кажи ни нешто за тебе, од кога се обидувате за [sm=duda.gif] ?
Уште еднаш [sm=smiley31.gif]




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација II (15.9.2013 20:38:43)

Јас правев на ГАК, др. Трајковски и др. Тофоски се добри, ако сакаш можеш да правиш таму. Позз




Karma -> RE: Инсеминација II (19.9.2013 15:36:54)

Благодарам за топлото добредојде [sm=smajl.gif], иако ве следам една година сега сметав дека ми треба подршка од сите страни [sm=smiley1.gif]
Во брак сме две години, и никако не успеваме да значнеме, имено ние имавме и претходно незаштитени односи и ете после толку време без резултати решивме да ги направиме сите испитувања. Инсеминации имаме направено 3 има неуспешни, но поради финансиски причини решив да процесот го продолжам на клинина. Се консултирав и со мојот гинеколог и тој ми ги препорача истите и успеа да ми закаже кај Тофоски за во среда [sm=bravo.gif].
Нашиот проблем е слабиот спермограм, за што бевме кај Др Чедо и му препиша на сопругот Сперман и сега почнавме да ги пиеме.
Сега планираме да направиме инсеминација нели ако е се во ред, па здравје ...вербата ме држи...знам дека ќе нушкаме еден ден [sm=nosecka.gif]...заедно сме во ова[sm=smiley1.gif]




Hopeful RR -> RE: Инсеминација II (19.9.2013 16:46:51)

Здраво Karma, ја имаш сета поддршка на светот од мене, а верувам и од сите тука [sm=smiley31.gif] Ти посакувам наскоро да си видиш [sm=modricrtici.gif][sm=rozacrtici.gif] Само храбро, позитивно и оптимистично! [sm=smiley31.gif]




MademoiselleNina -> RE: Инсеминација II (21.9.2013 0:50:32)

[sm=smiley1.gif]
Bidna denes mojata treta inseminacija :)
Otidov na kontrola na 19 ti i lekarot mi vika - ajde utre inseminacija i bidna :)[sm=sloncek.gif]
Onaka voopsto ne se opteretuvav kako prethodno, a i ne primav nikakvi stimulacii, i ne mi prepisaa nisto da pijam.
I iskreno poubavo se custvuvam otkolku koga piev klomifen. I imavv efen folikul 19 mm na 11 ti den, sto mislam deka e super [sm=smiley10.gif]
Za 2 nedeli test [sm=rozacrtici.gif][sm=modricrtici.gif]
[sm=smiley1.gif]




wanna be mum -> RE: Инсеминација II (21.9.2013 12:24:12)

Сите што чекате ви посакувам да не дојде [sm=hudicek1.gif] и многу успешни инсеминации [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]
јас месецов ќе ја правам првата [sm=smiley1.gif] имам уште време утре почнувам со кломифен ама сакам да прашам се апстинира од односи пред инсеминација и колку нов спермограм бараат??? нашиот од лани е и е во најдобар ред.




Bethany -> RE: Инсеминација II (21.9.2013 13:53:05)

Мадмоазел Нина, ти посакувам месецов да ги видиш двете црти [sm=bravo.gif]
Со среќа мила. [sm=smiley31.gif] Чекаме резултати. [sm=9nebesa.gif]

Wanna be mum, и тебе ти посакувам успешна инсеминација, опуштено само, и не се оптеретувај, ете веќе си почнала со прашања. [sm=smiley36.gif] Мислам дека нема потреба од апстинирање, можеби еден ден пред самата инсеминација да се нема односи, ама се е релативно и не постои правило. Затоа многу не мисли, консултирај се со докторот што како е најдобро, и со среќа [sm=smiley31.gif]




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација II (21.9.2013 16:18:44)

Девојкииииииииии, ви посакувам среќа и ајде да излезат инсеминирани рингерајчиња следниот месец [sm=duda.gif][sm=duda.gif][sm=duda.gif][sm=duda.gif]




lolla RR -> RE: Инсеминација II (21.9.2013 16:52:42)

Здраво девојчиња, јас прв пат пишувам во оваа тема но редовно ја читам одамна. Прво на сите да посакам успешни инсеминации :)

Ние планираме следниот месец да правиме на клиника. Сите испитувања ги направивме, само чекам резултати од микробиолошки и мм е на спермограм на хистологија во среда.

Е сега ме интересира како оди постапката да закажеш инсеминација на клиника? Да се јавам таму и да барам термин кога ке добијам да отидам на разговор или матичната ми закажува?

Фала ви однапред на одговорите.




kapina -> RE: Инсеминација II (22.9.2013 0:42:26)

Maticniot ginekolog sega zakazuva pregled na gak




MademoiselleNina -> RE: Инсеминација II (22.9.2013 10:26:30)


ИЗВОРНА ПОРАКА: wanna be mum

Сите што чекате ви посакувам да не дојде [sm=hudicek1.gif] и многу успешни инсеминации [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]
јас месецов ќе ја правам првата [sm=smiley1.gif] имам уште време утре почнувам со кломифен ама сакам да прашам се апстинира од односи пред инсеминација и колку нов спермограм бараат??? нашиот од лани е и е во најдобар ред.


Vo vrska so apsitniranje pred inseminacija toa e demek zaradi podobar spermogram, bidejki vikaat 3 dena treaba da se apstinira. Nie nikogas ne sme go pocituvale ova "pravilo" [sm=smiley36.gif] Ako ni se saka [sm=smiley4.gif] ne sme si go skratuvale toa zadovolstvo. Samo sto na eden den pred inseminacija ne ni doshlo da "se sakame" :) ama toa e mislam od stres, od iscekuvanje ...od vozbida ..itn.
A spermogram inaku pravat na samiot den na inseminacija od "materjalot " sto ke go ostavi mm
Ti posakuvam uspesna inseminacija i [sm=rozacrtici.gif][sm=modricrtici.gif] naskoro
[sm=smiley1.gif]






wanna be mum -> RE: Инсеминација II (22.9.2013 13:43:31)

Фала на одговорот ајде прво ти [sm=modricrtici.gif][sm=rozacrtici.gif] после ние [sm=smiley36.gif] Сакам еден куп бебенца на пат [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Melanija RR -> RE: Инсеминација II (22.9.2013 16:05:56)

Прашај за спермограмот лани бараа спермограм не постар од 1 година и ХИВ тест не постар од 6 месеци,а дента не прават спермограм со резултати туку кога го подигаш материјалот ти пишува на него и ти кажува колку прочистени милиони има сперматозоиди.




wanna be mum -> RE: Инсеминација II (22.9.2013 16:33:59)

Сабота ми е 9ти ден и одам на ехо да видиме фоликулите до кај се па се ќе прашам што ми треба [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif] [sm=smiley31.gif]




Hopeful RR -> RE: Инсеминација II (23.9.2013 11:19:07)

Ајде wanna be mum, чекаме информации [sm=smiley1.gif] Нас докторот ни кажа апстиненција од некои 2-3 дена, а ни бараше од претходно спермограм, затоа што ако не е добар, не препорачуваат инсеминација. Ти посакувам убава и успешна инсеминација! [sm=smiley31.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  11 12 [13] 14 15   Следна страница >   >>