RE: Инсеминација II (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


vezilka RR -> RE: Инсеминација II (7.10.2013 10:42:55)


ИЗВОРНА ПОРАКА: petra27

Zdravo zenski....nw sum nova,odamna sum na forumov....no so zvercevo doma nemoze da se sedne na net.....inace Stefan ima skoto tri godinki i zacnat e so inseminacija....od prva :)...ja pravev vo Sistina kaj D-r Lazarevski.....imav eden folikul..bev stimulitana so klomifen i fostimon inekcii....imase samo 10 milioni spermatozoidi...i bidna od prva......
Sega se spremame za vtora inseminacija...kaj istiot doktor vo istata bolnica....od 3ti do 7mi den piev klomifen pa fostimoni....denes bev na merenje folikul i mi dade uste tri inekcii pa vo sreda ke mi meri povtorno....ajde zenski stiskajte palci za Stefan da dobie sestricka


Е, да долго те нема. Еве јас ќе ти стискам палци. Првите ги износивме скоро заедно, ајде навивам и вториве да ги износиме заедно.




vezilka RR -> RE: Инсеминација II (7.10.2013 10:44:50)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Milicka 30


ИЗВОРНА ПОРАКА: petra27

Zdravo zenski....nw sum nova,odamna sum na forumov....no so zvercevo doma nemoze da se sedne na net.....inace Stefan ima skoto tri godinki i zacnat e so inseminacija....od prva :)...ja pravev vo Sistina kaj D-r Lazarevski.....imav eden folikul..bev stimulitana so klomifen i fostimon inekcii....imase samo 10 milioni spermatozoidi...i bidna od prva......
Sega se spremame za vtora inseminacija...kaj istiot doktor vo istata bolnica....od 3ti do 7mi den piev klomifen pa fostimoni....denes bev na merenje folikul i mi dade uste tri inekcii pa vo sreda ke mi meri povtorno....ajde zenski stiskajte palci za Stefan da dobie sestricka


Петра 27, се радувам кога читам за успешна инсеминација, се наде вам и овој пат ќе фати од прва, кажи ми какви се тие фостимон инекции, јас се спремам за 2 инсеминација ама примам само кломифен од 3-7 ден ,денес ми е 7 ми ден.



Еве Milicka30 тука имаш тема за фостимон инекции. Можеш да најдеш повеќе информации.




Milicka 30 -> RE: Инсеминација II (7.10.2013 11:07:07)

Ti blagodaram Vezilka.




wanna be mum -> RE: Инсеминација II (7.10.2013 11:08:18)

vezilka RR прочитав за фостимон инекциите ама темата не е активна веќе па тука ќе прашам. Овој месец со кломифенот пред инсеминација само еден фоликул достигна 21мм што е добро ама другите заостануваа ептен во големина најблиску беше еден од 17мм и д-р вика доста ни е овој од 21мм него ќе го бркаме [sm=smiley36.gif] оваа големина беше на 12ти ден од циклус. Е сега ме интересира која големина треба да се дадат инекциите и дали ако сите се слаби со растот? верувам како кај мене со еден водечки нема да ми предложат (за понатаму зборувам ако треба) Ми се чини успешниве инсем се претежно со плус терапија од кломифенот [sm=smiley36.gif]
Петра ме израдува со успешната приказна [sm=bravo.gif] да биде успешна и за второ [sm=duda.gif]




Hopeful RR -> RE: Инсеминација II (7.10.2013 11:23:58)

Хмм... мене досега и за двете инсеминации ми дадоа кломифен и гонал, па после и овитрел. Фостимон се дава наместо гонал, или како? Мислите дека е подобар?




vezilka RR -> RE: Инсеминација II (7.10.2013 13:08:29)

Точно, не била активна некое време темата, ама сега ќе ја направиме активна [sm=smiley1.gif]. Ќе ги префрлм постовите во Фостимон инекции, и таму ќе ви одговорам.




petra27 -> RE: Инсеминација II (7.10.2013 19:40:48)

Jas i za prvata inseminacija ja primav istata terapija samo sto togas ne primav 7 inekcii tuku pomalku i imav samo eden folikul...seka poslabo mi rastat no mora da bide.....




Melanija RR -> RE: Инсеминација II (7.10.2013 20:38:47)


ИЗВОРНА ПОРАКА: wanna be mum
Е сега ме интересира која големина треба да се дадат инекциите и дали ако сите се слаби со растот? верувам како кај мене со еден водечки нема да ми предложат (за понатаму зборувам ако треба) Ми се чини успешниве инсем се претежно со плус терапија од кломифенот [sm=smiley36.gif]


Терапијата со кломифен е доволна ако се имало и предходно добра овулација, ако има повеќе фоликули не е гарант за успешна инсеминација.
Плус терапија се дава уште од 7 ден а тогаш не се знае дали фоликулите ќе пораснат.Затоа за плус терапија се одлучува од почеток на циклус а според преходно како делувал кломифенот т.е.е од преходната историја.
Јас имам примано кломифен и плус два гонала и имав исто 1 фоликул како и со терапија само со кломифен,така што не се знае.




Bethany -> RE: Инсеминација II (7.10.2013 21:51:09)


ИЗВОРНА ПОРАКА: MademoiselleNina

Мојата трета инсеминација - неуспешна ...
Добив еден ден пред да треба да го правам тестот преку крв ...[sm=smiley19.gif]

Тоа е ...
Продолжуваме понатаму ...


МадмоазелНина, баш ми е жал [sm=smiley13.gif]

Ама продолжуваш понатаму, посилна него претходно.
Ќе дојде и твоето време, не се сомневај во тоа. [sm=smiley31.gif]




MademoiselleNina -> RE: Инсеминација II (7.10.2013 23:47:54)

Откажување нема ...има понекоја тажна мисла ... ама гледам да ја набркам :)
Инаку си ги земав резултатите од хормоните, фсх 9.9 лх 3,7 ... па овие бројки ме загрижија малку. Резултатот се уште не ми го видел лекар, ама ова фсх очигледно си расте и си расте ...
Па сакав да прашам дали морам да имам инсеминации преку еден циклус ??? или ќе може и после третава да поднесам за ивф?
Ќе го прашам и матичниот ... но кое е вашето мислење?




Milicka 30 -> RE: Инсеминација II (8.10.2013 8:47:54)


ИЗВОРНА ПОРАКА: MademoiselleNina

Откажување нема ...има понекоја тажна мисла ... ама гледам да ја набркам :)
Инаку си ги земав резултатите од хормоните, фсх 9.9 лх 3,7 ... па овие бројки ме загрижија малку. Резултатот се уште не ми го видел лекар, ама ова фсх очигледно си расте и си расте ...
Па сакав да прашам дали морам да имам инсеминации преку еден циклус ??? или ќе може и после третава да поднесам за ивф?
Ќе го прашам и матичниот ... но кое е вашето мислење?


Јас некаде на форумот имав прочитано дека четирите инсеминации кои ти ги бараат треба да се преку еден циклус за да ти признае фондот, баш го прашав матичниот ми вика дека првпат слуша такво нешто и дека досега немал таков случај.Па ве молам ако некој има повеќе информации нека ни каже.Јас планирам сите да ги истерам една по друга, сега втора..и така до Нова година сите па ќе видиме [sm=smiley1.gif]




kapina -> RE: Инсеминација II (8.10.2013 9:39:58)

Da prekueden cikluspo treba da se inseminaciite




Milicka 30 -> RE: Инсеминација II (8.10.2013 10:08:09)


ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

Da prekueden cikluspo treba da se inseminaciite


А каде пишува за тоа? Гледав на страната на фондот од оние формуларите пишува само 4 инсеминации а не пишува дали да се преку еден циклус.




natnat -> RE: Инсеминација II (8.10.2013 13:15:33)

Zdravo devojki, dosta vreme ne sum bila aktivna na forumot, makar sto celo vreme ve pratam :) ..saklam da se pofalam i jas deka konecno ja napraviv prvata inseminacija..folikulot na 13 den mi bese 18,5mm sledniot den primiv pregnil ampula i vecerat pravevme inseminacija...dali e dovolna goleminata? Sto misliste od vaseto licno iskustvo..ineku sega primam utrrogestan 14dena..pa da se nadevame na pozitivni rezivtati [sm=rozacrtici.gif] [sm=modricrtici.gif] [sm=smiley1.gif]. Nesakav da siram naokolu sto i kako pravam..veruvajte znaeme samo jas soprugot, doktorot i vie :)) Bidete mi pozdraveni, inajte ubav den, i pozitivni misli..ve sakam




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација II (8.10.2013 14:17:09)

Нат нат, добредојде вака со муабет [sm=kava.gif] на форумот. Почестени сме што соделуваш информации со нас. Да знаеш, многу од нас така правиме, не споделуваме со никого освен со најблиските дома и на форумот секако. Тоа се интимни работи и така треба да си останат меѓу нас. Супер си со инсеминацијата, ајде наскоро позитивни вести чекаме. Каде ја правеше? Позз[sm=nosecka.gif][sm=nosecka.gif]




natnat -> RE: Инсеминација II (8.10.2013 23:22:37)

Moram da te popravam mila :) znaeme samo nie site tuka no ne i najbliskite :) resiv nisto da ne kazuvam..fobija imam od razocaruvanja :) Inace inseminacija pravev vo Bt vo Plodnost..pozz




Hopeful RR -> RE: Инсеминација II (8.10.2013 23:30:01)

Здраво natnat, со среќа!!! Важно вие по дома си знаете, а ние сме тука да даваме поддршка и да се разбираме [sm=smiley1.gif] и тоа е важно. Ни мене не ми се збори многу многу за тоа низ што поминуваме, посебно не со љубопитни квазидушебрижници [sm=smiley36.gif], и знаат само најблиските, ама ептен тесен круг... Штета што сме таква средина во која на ваквите проблеми се гледа многу тесноградо и злорадо, а баш за ова треба најголема поддршка, разбирање и сочувство... Но, ние сме тука една за друга [sm=smiley31.gif]




natnat -> RE: Инсеминација II (8.10.2013 23:38:52)

[sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif] Blagodaram mila za iskrenata podrska :)




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација II (9.10.2013 9:22:05)

Нат нат, кога викав најблиските мислев ептен тесен круг, сопругот, евентуално мајка татко и толку [sm=smiley1.gif]. Позз, со среќа




Melanija RR -> RE: Инсеминација II (9.10.2013 12:18:14)

Во врска со инсеминациите преку еден циклус тоа започна да важи од одприлика 2011 година.На страната на ФЗО не пишува ,за сите измени и новости треба да е секогаш запознаен матичниот гинеколог ,а за најсигурно јавете се каде што се поднесуват документи за ИФВ и ќе ви кажат.




petra27 -> RE: Инсеминација II (9.10.2013 12:38:45)

Zenski denesbev na merenje folikul i imam 3 vodecki :))So Gospod napred...vo petok zakazana inseminacija......edvaj cekam :))




vezilka RR -> RE: Инсеминација II (9.10.2013 12:46:38)

Ајде стискаме палци и навивамеза [sm=modricrtici.gif] или [sm=rozacrtici.gif].




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација II (9.10.2013 12:49:09)


ИЗВОРНА ПОРАКА: petra27

Zenski denesbev na merenje folikul i imam 3 vodecki :))So Gospod napred...vo petok zakazana inseminacija......edvaj cekam :))


Јухууууууууу Петра, ти посакуваме успех наскоро израдувај не со заоблени[sm=nosecka.gif] вести




Hopeful RR -> RE: Инсеминација II (9.10.2013 12:57:31)

Супеееер petra27, и јас ти посакувам успех, и што поскоро да си видиш [sm=modricrtici.gif][sm=modricrtici.gif][sm=modricrtici.gif]




wanna be mum -> RE: Инсеминација II (9.10.2013 14:02:57)

Имам едно прашање ве молам за мислење [sm=zmeden2.gif] Дали вашите лекари ви кажале или ако сами сте се информирале ќе знаете да ми кажете за споредните ефекти од терапиите за стимулација кломифен, естрофен, прегнил, утрогестан......
Не мислам на оние моменталните подуеност и сл туку на подолготрајни патеки ако се земаат [sm=zmeden.gif] кои негативни последици ги имаат. Секогаш мислам неколку чекори пред време и неможам да очекувам лекрите да мислат на моето здравје некако мислам дека сама треба да се погрижам [sm=smiley36.gif] До кога може да тераме со терапииве???Знам дека е индивидуално ама еве вас што ви рекле? На инсеминација би одела ако треба секој 2 ден [sm=smiley36.gif] не се штедам од ништо се се поднесува ако е за добро ама ме плашат мноооогу хормониве што ги примам во текот на месецот [sm=smiley13.gif] извинете за долгиот пост [sm=smiley27.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  15 16 [17] 18 19   Следна страница >   >>