Milicka27 -> RE: Инсеминација II (4.3.2014 19:15:09)
|
Еве мамички јас ќе ви доставам како тече инсеминацијата за сите што сакаат да ја прават...Јас ја правев во Плодност, па Др. Таше најубаво ми објасни што како но кај мене не успеа и бев со ин витро но ете јас ќе ви пренесам и на вас со надеж дека на некоја ќе ви помогне .... Инсеминацијата е релативно едноставна постапка. Доколку жената има нормална функција на јајниците, инсеминацијата може да се прави без хормонална стимулација.Сепак шансите за успех се поголеми кога има повеќе фоликули. Од таа причина најчесто и кај жени кои имаат нормална овулација, се стимулира созревање на повеќе јајце клетки. Стимулацијата се прави со Кломифен или инекции со гонадотропини. Кај жени кои немаат редовна овулација, задолжително се дава хормонална стимулација. Потоа жената се следи на ултразвук и кога лекарот ќе оцени дека фоликулите се доволно созреани, прима инекција со hCG хормон (најчсето Прегнил или Овидрел) за да се предизвика прскање на фоликулите. Овулацијата се случува околку 36 часа по примањето на инекцијата. За тоа време се закажува и инсеминацијата. На деност на инсеминацијата сопругот дава примерок од спермата и потоа таа лабораториски се обработува. Спермата се промива, се центрифугира за да се отстранат мртвите и абнормалните сперматозоиди, се отстранат другите примеси и сперматозоидите се ставаат во медиум вој има и антибиотици. Антибиотиците се употребуваат да се спречи евентуална инфекција кај жената. Всушност со обработката на спермата, се концентрираат поквалитетните сперматозоиди. Доколку мажот има намалена плодност, но има повеќе од 5 000 000 сперматозоиди во обработената сперма, се смета дека бројката е доволна за успех. Иако со инсеминацијата се потпомогнува оплодувањето, затоа што се скратува патот кој сперматозоидите треба да го поминат за да ја оплодат јајце клетката, сепак мора да ги има во доволен број и да бидат доволно подвижни за да стасаат до неа. Доколку има помалку од 5 000 000 здрави сперматозоиди, се смета дека инсеминацијата нема да има успех и се оди со ICSI ин витро постапка. Така обработената сперма со посебен катетар се вметнува директно во матката на жената. Потоа жената се остава да полежи 10-20 минути и си оди дома.
|
|
|
|