RE: Инсеминација II (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


Hopeful RR -> RE: Инсеминација II (6.10.2014 15:01:44)

lilka9, со среќа, и за две недели [sm=modricrtici.gif][sm=modricrtici.gif]

Не мора да се види дали дошло до пукање, пресметано е дека околу периодот на инсеминација секако ќе пукне, а спермата има подолг живот. ХСГ не мора да се прави повеќе од еднаш, освен ако нема поминато поголем период од многу години, и мислам дека сега си ок. Секако, продолжете со односо овие денови, да ги зголемите шансите [sm=smiley36.gif]




lilika9 -> RE: Инсеминација II (6.10.2014 15:16:28)

Фала Надежна, дај боже да ги видиме сите тие две црти. Ми се смачи од таа една црта...




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација II (6.10.2014 15:22:28)


ИЗВОРНА ПОРАКА: lilika9

Не бев стимулирана бидејќи и фоликулот и ендометриумот природно супер се развија. Едниствено примив прегнил 36 часа пред инсеминација. Се е уредно од сите испитувања кај двата. Едниствено немам направено ХСГ во скоро време, сум го правела пред неколку години па беше во ред. Ама ако не биди овај месец ништо ќе го правам пак. Инсеминација правев во Битола во Плодност.



lilika9, еднаш се прави ХСГ, ако подоцна има проблем, има други методи, засега се е супер, треба да се фати само. Среќно!




lilika9 -> RE: Инсеминација II (9.10.2014 11:33:17)

Женски има нешто ново? Беа кај и да е завршува 14 дневното чекање кај тебе, како си? Scared и ти не си пишала како си што се случува? Ајде дај боже да пишите позитивни резултати.
Мене ми се влечкат деновите како години, до недела кој ќе чека за да провери :)
Како што читав не се препорачува домашен тест да се прави заради вагиналетете прогестерон? Мора на крв? Стомакот ми е напнат како секој момент да добијам, кој знае од што, дали психа дали вагиналети...




Melanija RR -> RE: Инсеминација II (9.10.2014 12:25:54)

Најточно е 15 ден да се испита преку крв, токму поради прегнилот.Ти посакувам [sm=modricrtici.gif] и недела не е така далеку[sm=smiley1.gif]




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација II (9.10.2014 13:08:04)

lilika9, да не израдуваш со убави вести




lilika9 -> RE: Инсеминација II (9.10.2014 13:17:00)

Ајде дај Боже[sm=duda.gif]! Да ме успијат и да ме разбудат во понеделник со резултати најдобро би било, како врви време концентрација за се друго ми е помала и само на тоа мислам. Еве и на работа ништо живо не можам да се сконцентрирам...
Ајде нека пишат и другите девојки што во слично време правевме инсеминација убави вести, па да повлечат нога [sm=smiley36.gif]




bambina34 -> RE: Инсеминација II (10.10.2014 17:43:40)

Денеска и јас ја имав мојата прва инсеминација .. Ја правев во Ремедика кај др. Димитров..Сакав да ве прашам дали некоја од вас имала болки после инсеминацијата.. Инаку ја правев на природен циклус без стимулации...




lilika9 -> RE: Инсеминација II (10.10.2014 20:15:27)

Бамбина ти посакувам успешна инсеминација и да се израдуваш за две недели со позитивен тест!
Јас правев инсеминација на придоден циклус, и после неа имав мали болки повеќе како неугодност, не многу силни болки, и малку крварев. Докторот рече дека е тоа ок.
Сакам да те прашам дали во ремедика правеше обична инсеминација, значи само со медиум во матка, или и во матка и во канали. На форумот прочитав дека таа втората се вика МАМАС метода и ја практикуваат во ремедика, и трае околу 10 мин, и за 30% ги зголемува шансите, а оваа обичната трае само некоја минутка и за 10% ги зголемува шансите за забременување. А ценовно двете се исто.




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација II (10.10.2014 21:49:16)

бамбина среќно, ти посакуваме успех[sm=bravo.gif], болки по инсеминација се нормални уживај, може и на природен циклус, ајде се надеваме ќе не израдуваш[sm=smiley1.gif]




bambina34 -> RE: Инсеминација II (10.10.2014 23:46:07)

здраво Лилика9 ...искрено да ти казжам појма немам по која метода се одвиваше инсеминацијата...бев како во бунило од страв ...траеше долго или така ми се чинеше, се изнамачија пошто катетарот или канела како се вика појма немам ,неможе докторот да го пробие до кај што требаше...имав страшна болка и еве уште имам некоја тапа болка иако помина скоро 8 саати..ми рече да се напијам само Сумамед после интервенцијата и дека е можно да прокрварам




bambina34 -> RE: Инсеминација II (10.10.2014 23:50:34)

благодарам на подршката LoveableMe




lilika9 -> RE: Инсеминација II (11.10.2014 0:38:50)

Одмарај сега, што да правиме се ќе трпиме за [sm=rozacrtici.gif]
јас имав само една инсеминација па немам многу искуство зошто така те болело и што му сметало за да пробие, но на форумот сигурно ќе најдеш некоја со слично искуство. Дај Боже да биде успешна инсеминацијата па се се заборава. Мене одма ми дадоа и вагиналети па еве уште ги користам. Недела е 14 ти ден, па ќе видеме што биднало од мојата прва инсеминација.
поздрав и добра ноќ




bambina34 -> RE: Инсеминација II (11.10.2014 15:01:49)

odmaram denes cel den ,do wc samo :) Lilika , a i tebe ti pravea na priroden ciklus? sto vaginalite ti dadoa ..mene mi rekoa samo Sumamed da ispijam edna i tolku




lilika9 -> RE: Инсеминација II (11.10.2014 17:53:03)

И мене на природен циклус ми правеа. После инсеминација секоја вечер ставам вагиналети утрогестан 200, по една навечер. Незнам дали ти советтуваа но се препорачува активно односи два три дена после инсеминацијата.




lilika9 -> RE: Инсеминација II (11.10.2014 17:54:49)

не знам за што се сумамедот, инаку овие утрогестанот се ако има оплодена јајце клетка подобро да се фати. А и ок што добив такви, бидејќи јас 5-6дена пред да добијам имав јак кафеав исцедок, и еден гиниколог ми рече дека можи тоа да доведува до исплавување на оплодени јајце клетки, а тешко било да се испита и утврди како влиае. Еве сега немам таков исцедок.




Bea -> RE: Инсеминација II (11.10.2014 20:47:35)

Devojcinja, pravev denes test - negativen :( 16 den od inseminacijata mi e, uste nemam dobieno, ama testot vika nisto..Ne znam samo zosto mi docni, otkako sledam ovulacija sekogas dobivam posle14 Dena. Toa e. ke pocekam uste den-dva ako ne dobijam ke go povtoram testot..





Melanija RR -> RE: Инсеминација II (11.10.2014 23:04:12)

Ако се користи вагиналети утрогестан може циклус да доцни до 4 дена,затоа најсигурно е преку крв.
Ви посакувам висола Бета[sm=bravo.gif]




JelaMila -> RE: Инсеминација II (12.10.2014 15:03:28)

Идни мајкички правев инсеминација пред 12 дена , нестрплива сум , дилемата ми е дали да правам тест или да почекам уште три дена па да си отидам во ремедика да направам тест преку крф ?! Мислите ли дека тестот од аптека ќе покаже точен резултат сега ?




Hopeful RR -> RE: Инсеминација II (12.10.2014 15:23:14)

Мој совет е секако да почекаш барем уште два дена. За најсигурно, направи тест преку крв, за квантитативна бета хцг. Со среќа [sm=smiley1.gif]




Bea -> RE: Инсеминација II (12.10.2014 17:52:50)

Јас добив :( Ништо, ова ми бешеппоследната инсеминација, сега полека ќе ги подготвуваме документите ќа ивф.
Многу среќа на сите што чекаат, да ја разубавите темава сп убави вести.:)




bambina34 -> RE: Инсеминација II (12.10.2014 19:35:34)

не се обесхрабрувај Беа , се надевам наскоро ќе ги видиш двете цртки




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација II (12.10.2014 21:56:16)

Bea, прoдoлжи пoнaтaму ќе дoјде твoјoт ден.[sm=smiley31.gif]




lilika9 -> RE: Инсеминација II (13.10.2014 0:12:19)

Беа борбата продолжува! ти посакувам што побрзо да си ги средите документите и да ви одобрат па да биде успешно инвитрото!
Мене денес ми е 14ти ден од инсеминација и направив домашен тест, шуре чек, мислев ако покажи позитивно да одам на крф, но покажа негативно, па изгубив надеж да одам да провервам преку крв... така да прекинав и со вагиналетите и сега чекам да ми дојде, па јово на ново...




JelaMila -> RE: Инсеминација II (13.10.2014 11:19:41)

Се молам некој да пиеше дека имал успешна инсеминација ! Да ме дувне малце ветер во грб .. ајде женски само напред таква ни била среќата ќе се измачиме , нооо МОРА ДА БИДЕЕ !!! Со денешнава медицина не е прашањаето дали ќе имам бебе туку кога ќе имам бебе .. Само трпеливо и главата горе ! Многу успех на сите !




Страница: <<   < Претходна страница  38 39 [40] 41 42   Следна страница >   >>