RE: Инсеминација II (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


bambina34 -> RE: Инсеминација II (13.10.2014 12:22:58)

денес ми е 4 ден од инсеминацијата и осеќам некоја тапа болка во јајниците , како да ми тежат , како да имам некој товар врзано на нив ..инаку синока кога бев во тоалет на тоалетната хартија имав цуден лигав секрет со розево кафеава боја ...му се има ли на некого вакво нешто случено?




Kvisko -> RE: Инсеминација II (13.10.2014 12:58:34)

Bambina тоа може да ти е од малку понасилно отварање на цервиксот при интервенцијата (сама кажа дека се намачиле да го внесат катетерот). За крварење поради вгнездување на ембироните е рано.




sibela -> RE: Инсеминација II (13.10.2014 16:12:17)

EPa zenski I jas denes zavrsiv so moja 2 inseminacija,ama lezev samo 15 min.se iznervirav sto Koga stanav mi istece se,Dali otisle spermite nagore neznam:).i ot site zeni jas lezev najmalce.




kokicekokice -> RE: Инсеминација II (13.10.2014 17:38:48)

Sibela ne se sekiraj, spermatozoidite si otplivale kade sto treba, toa shto teche e semena technost.I jas lezev 10-15min pa beshe uspeshno.Samo pozitivni misli I uzivaj si [sm=bravo.gif]




sibela -> RE: Инсеминација II (13.10.2014 19:02:32)

Hahaha super sea me ohrabri uffff mi simna Tovar,I doma sum ama ne lezam non stop sea U krevet [sm=smiley36.gif] a neznam image zaso aspirin mi dadoa za pienje? Pregnazol ama aspirin od 100 mg.neznam




Hopeful RR -> RE: Инсеминација II (13.10.2014 19:57:06)

Аспирин е за подобрување на циркулацијата [sm=smiley1.gif] Со среќа, за две недели чекаме [sm=modricrtici.gif][sm=modricrtici.gif]!




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација II (13.10.2014 20:12:52)

Sibela, среќнo, дa не изрaдувaш




lilika9 -> RE: Инсеминација II (14.10.2014 0:14:11)

Сибела и Бамбиона ви посакувам успешни инсеминации и да се израдуваме со [sm=duda.gif]!!!
Каде правевте инсеминација?Кај мене веќе почна кафеавиот исцедок сега кај да е ќе дојде [sm=hudicek1.gif] па полека размислувам каде да биде втората инсеминација.... Добра ноќ идни мамички




sibela -> RE: Инсеминација II (14.10.2014 4:29:09)

Jas prvata ja pravev vo sistina a sea vtorata U gak.




lilika9 -> RE: Инсеминација II (14.10.2014 11:07:40)

Сибела и како си задоволна од ГАК? мене исто не ми се даваат веке пари за приватните болници, па ај те молам напрај една споредба мегу двете, се мислам да одам на ГАК и јас....




bambina34 -> RE: Инсеминација II (14.10.2014 12:02:08)

јас правев во Ремедика , за втора уште несакам да размислувам ...имам уште 10 дена за да го видиме исходот [sm=smiley2.
сакав да ве прашам , колку треба да помине од една до др инсеминација за да може да ти ја важат во фондот за инвитро...некој ми кажува морало преку еден циклус да се прават , др после 3 месеци..




sibela -> RE: Инсеминација II (14.10.2014 14:29:37)

Lilicka najiskreno ke ti kazam,znaci procedurata za ivi e Edna I ista kaj I da napravis,samo sto U sistina jas primav stimulaciii fostimon I toa 9 inekcii po 1400den. A za vtorata U gak ne primav tuku si imam folikul po priroden pat,nisto ne Plativ U gak samo 900den.a U sistina skapo e I samo sto imas poveke vnimanie,inace za ivi sve e isto.veru aj.a za invitro poprakticno e po privatnite bolnici.




lilika9 -> RE: Инсеминација II (14.10.2014 14:57:27)

Бамбина и мене тоа ме интересира, јас мислам дека нема потреба да се прави пауза, јас сум ан природен циклус, и освен преггнил за да пукне фоликулотр ништо не примам, па мислам да не правам пауза туку одма да продолжам и овој месец.
Фала Сибела, имаш право, ако треба да биде ќе биде секаде!




Zoya -> RE: Инсеминација II (14.10.2014 15:10:21)

Девојки, во фондот бараат инсеминациите да бидат преку еден циклус. Со среќа и да не израдувате со [sm=rozacrtici.gif]




Hopeful RR -> RE: Инсеминација II (14.10.2014 15:34:29)

Девојки, не ги брзајте инсеминациите месец за месец, туку преку еден, како што пиша Zoya. Тоа значи едно добивање по неуспешна инсеминација, и веќе со следното добивање може да се почне со стимулација за следната.

Инаку, мое мислење е дека е подобро да се прави инсеминација со каква било стимулација, макар и со Кломифен, бидејќи сепак се зголемуваат шансите, а вака без ништо можно е и да нема ниедна јајце клетка. Јас за сите инсеминации имав стимулација од Кломифен и Гонал инекции, со тоа што само за третата одев без Кломифен и само со Гонал. Секако, не одлучувајте за стимулацијата на своја рака, туку слушајте го докторот [sm=smiley1.gif]




lilika9 -> RE: Инсеминација II (14.10.2014 17:35:00)

Фала девојки за советот. Ќе го прашам и матичниот тој ништо не ми спомна да почекаме. Инаку не ме стимулираат бидејки јајцеклетката сама се развива добро и само прегнил да пукне па инсеминација. И јас мислам дека доколку се зема стимулација ке има повеке јајцеклетки а со тоа и повеке шанси ама ете така одлучи гиникологот. Значи овој месец пауза [sm=smiley19.gif]




Zoya -> RE: Инсеминација II (14.10.2014 18:30:54)

Lilika9 потполно ти ја разбирам желбата и нетрпеливоста да дојдеш до [sm=duda.gif] се уште го поминувам тој пат. Но не брзај со инсеминации едно по друго. Не е само заради документите што ги бара фондот (искрено се надевам дека нема да дојдеш до таму и дека поскоро ќе ги видиш твоите [sm=modricrtici.gif]) туку имај го во предвид и психичкиот момент. Опушти се еден месец, дај си оддишка, па наредниот со нови сили. Само храбро ќе биде :)




Melanija RR -> RE: Инсеминација II (14.10.2014 21:34:34)

ИЗВОРНА ПОРАКА: JelaMila

Абеее ве обожаваммм ... нова сум на форумов, кога грабнав да читам и од дома и од работа абе цел ден сум на RR.. волку позитивна енергија не сум почувствувала одамна.. ГОЛЕМО БРАВО ЗА СИТЕ ВАС што заедно со форумов дочекавте да станете мајки и тие што упорно се надеваме и не се предаваме за [sm=duda.gif] .. Да си ја раскажам и јас мојата приказна за да достојно се придружам во друштвото. Со ММ пробуваме веќе 2 години за [sm=duda.gif] но некако не многу интензивно на почетокот , некако лабаво без следење плодни денови мерење температури и незнам штоо :) Сега веќе стигнавме и до прива инсеминација, проблемот го лоциравме - подвижноста на сперматозоидите (многу на број , квалитетни но мрзливи) со тоа што после терапијата на ММ последниот спермограм е значително подобар за што сум пресреќна. Инсеминацијата ја правев на 1 ви октомври во ремедика пиев само кломифен 5 дена потоа си ја примив инекцијата и пред две недели ја направив првата инсеминација. Ноо Баш тој период на ММ му се искмплицира нешто со забите , болки огромни (некоја циста се појави) па мораше операција. Докторот не советуваше на интензивен секс тој период а ММ душичка неможеше да мрда, не јадеше не спиеше хаос и тој период си останавме само на инсеминацијата плодните денови си поминаа а јас сега до последно се надевам зошто нели како викаат доволен е еден сперматозоид и една јаце клетка :) Денеска ми е 14 ден од инсеминација, докторот ми кажа ако не добијам после 2 недели да одам на контрола. Јас си мислам рано е , ќе почекам уште малце. Треба да НЕдобијам утре задутре, нооооо некако имам чувство дека пред прагот е [sm=hudicek1.gif]. Во секој случај ќе ве информирам што ќе се случи ..
Извинете на долгиот пост , но морав да си ја испразнам душава некаде , а читајќи ве мислам дека тука е правото место ! ОСТАНЕТЕ ПОЗИТИВНИ , НАЈДОБРИ СТЕ !




Melanija RR -> RE: Инсеминација II (14.10.2014 21:39:11)

Јас сакам да ве поддржам и да ви каажам дека колку и да ви се брза не брзајте, преку 1 месец па можете и два.Посебно доколку сте со стимулација следните месеци шансите се добри и за природно верувајте.Јас забременив 2 месеци после 3тата инсеминација.[sm=bravo.gif]




JelaMila -> RE: Инсеминација II (14.10.2014 21:50:19)

Melanija RR инсеминацијата ја правев во Ремедика кај доктор Хаџи Лега, следна здравје боже за 2 месеци.




lilika9 -> RE: Инсеминација II (14.10.2014 23:39:55)

ЈелаМила добредојде мегу нас! Ајде да не израдуваш овие дена со убави вести. [sm=duda.gif][sm=rozacrtici.gif]
Нема брзање, сме чекале толку време, па ќе почекаме и преку месец два.. Можеби и во меѓувреме ќе се појават [sm=modricrtici.gif]
Ве гушкам сите[sm=smiley31.gif] и фала ви што сте толку големи срцки грижливи [sm=smiley27.gif] со вас овај пат е полесен!




bambina34 -> RE: Инсеминација II (15.10.2014 13:26:04)

драги мои , ме убива ова чекањето..едвај чекам да дојде 26 ..среќа што ве имам вас тука да кашувате за вашите искуства ...поздравче и гушки до сите




lilika9 -> RE: Инсеминација II (15.10.2014 14:33:46)

Бамбина потполно те разбирам, на моменти брзо ми одеше времето, а на моменти секундите како години, нестрплива, нервозна. Кога ќе дојдеа тие моменти, па еве и сега, наместо да сум нестриплива или да пагам во искусение да одам по тест за бременост, си циткав за бебиња, и си гледам на интернет алишта, креветчиња...На јутубе си гледам вежби за трудници, пренатал јога, клипчиња како да се капи бебето и така, си се спремам :) и тоа ми помага да ги поминам деновите во исчекување




bambina34 -> RE: Инсеминација II (16.10.2014 15:50:17)

лилика, сакав да те прашам чуствуваш ли некаква болка сега после инсеминацијата...мене овие два дена почна пак некако да ме болат јајниците ..како да ми тежат




lilika9 -> RE: Инсеминација II (16.10.2014 19:38:41)

Бамбина, мојата инсеминација помина неуспешно, ама немав таква болка во јајниците, имав некој пецкања и грчењ на матката, па се надевав дека беше нешто, ама ете не било. Па многу читав низ форумот, девојки со симптоми или без останале или не останале трудни. Кај секоја е различно. Со Господ напред шо полесно да ти поминат деновите и да си видиш [sm=modricrtici.gif]. Поздрав




Страница: <<   < Претходна страница  39 40 [41] 42 43   Следна страница >   >>