RE: Инсеминација II (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


LoveableMe RR -> RE: Инсеминација II (14.11.2014 13:56:38)


ИЗВОРНА ПОРАКА: bambina34

Драги мои, изреволтирана од приватниве болници,што секој ден ги качуваат цените на услугите ,решив и јас да ја правам инсеменацијата на ГАК.. ..Инаку прашав на шалтер ми рекоа дека чини 900 ден..е сега 9500 Ремедика, 12000 Систина, 15000 Њу борн, 8000 св.лазар, 900 ден се ништо..


Многу паметно....[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




scared RR -> RE: Инсеминација II (14.11.2014 14:00:37)

Како 12.000 Систина? Сега една женичка правеше пред неполн месец 9000 ја чинеше [sm=zmeden.gif]




kapina -> RE: Инсеминација II (14.11.2014 14:10:26)

Toa e navistina preterizam veke. Od kade gledame od se da se skratime za da odimame deca I na krajta taka. da pecalat. na nasata maka zalosno I nie sega se dotrosivme za invitroto I za ispituvanja neznam kako ke bide




bambina34 -> RE: Инсеминација II (14.11.2014 14:13:44)

од први ноември се качени цените секаде , знаеш ги "качија " платите па сеа и цените на услугите ...и јас правев прошлиот месец во Ремедика платив 8500 сега ми викаат 9500 , и така од инат вртев по сите болници кои се цените и ме удри дамла




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација II (14.11.2014 14:16:26)

ИЗВОРНА ПОРАКА: bambina34

од први ноември се качени цените секаде , знаеш ги "качија " платите па сеа и цените на услугите ...и јас правев прошлиот месец во Ремедика платив 8500 сега ми викаат 9500 , и така од инат вртев по сите болници кои се цените и ме удри дамла


ц, ц, ц.....пља-чка...единствено што можеби човек треба да размисли е доколку инсеминација се прави со комбинирани инекции како за ИВФ, повеќе искуства ОВДЕ, за другото не вреди да се фрлаат пари....




lilika9 -> RE: Инсеминација II (14.11.2014 14:17:33)

Бамбина, а ако докторот не биде тогаш на смена?За тој доктор има многу позитивни работи пишувано по форумот. И јас заради тоа се одлучив заради цените, мислам ако треба да биде ќе биде, постапката е иста, се зависи од нашиот организам како ќе прифати. И клиниката е добро опремена сега. Подобро да ги чуваме парите за друго, бидејќи од една страна не знаеме колкав е долг овај наш пат, а од друга страна дај боже да биде за бебче да ги трошиме. А кога ќе дадам 9000/12000ден на приватно некако и притисокот да биде е поголем а со тоа и разочарувањето. да имав големи примања да не ги осеќам тие пари е едно, ама вака е сосем друго.




Melanija RR -> RE: Инсеминација II (14.11.2014 14:29:53)

Претерани суми за да извинете едно вбризгување [sm=zmeden.gif] стварно банализирам ама се претерува.3 пати правев на ГАК и се беше ок,за каков и да е комодитет и нешетање во 2-3 соби не се дава 10.000д.

Со лесно на сите и имајте верба[sm=bravo.gif]




bambina34 -> RE: Инсеминација II (14.11.2014 14:31:31)

докторот ми рече да го побарам на 3 спрат или неговата сестра Борка ...е сеа ќе го погодам ли на раб или не , незнам...шизик на ризик [sm=smiley36.gif] во меѓувреме ќе барам врски за докторот, за да можам да го договорам него...имам време во понеделник би требало да добијам




vazna -> RE: Инсеминација II (14.11.2014 14:37:44)

Jas imam praveno 3 inseminacii vo sistina i plakav sekogas po 10 000den. zarem gi pokacile cenive, ccccc ne mi se veruva, znaci privatnive bolnici se peralni za pari. I kolku sto primetiv na site pacientki vo sistina razlicno im naplakaat.




Melanija RR -> RE: Инсеминација II (14.11.2014 14:44:23)

bambina34 сестра Борка е една и единствена главна на тој оддел.Така е ти каже каде да се движиш,што да носиш и правиш низ ГАК, но ако не ти е лично договорен инсеминацијата ја прави тој што е горе на смена избор нема.

Треба да одам да ја поздравам сестра Борка,тогаш редовно ме памтеше и помагаше[sm=smiley1.gif]




bambina34 -> RE: Инсеминација II (14.11.2014 14:53:59)

Меланија, кажи ми во Гак еден ист доктор ти ги правеше инсеменацииите или кој ќе ти се погодеше на смена?




Melanija RR -> RE: Инсеминација II (14.11.2014 15:07:28)

3 пати различен ,кој е на смена тој.Јас правев 2011 и 2012.Во старата зграда,па на 2ри кат па на 3кат. Постапката е таа, и тогаш ми велеа тоа е треба и среќа и се. На предходната страна некоја пиша дека изведувале и некако поинаку со катетер но немам искуство.
Јас немв среќа со инсеминациите,но мислам дека влијаеше последната од стимулацијата.Затоа велам не се знае кога е денот затоа треба да се верува.[sm=smiley1.gif]




lilika9 -> RE: Инсеминација II (14.11.2014 15:13:31)

ајде само среќа па ќе видиме што ќе биде




scared RR -> RE: Инсеминација II (14.11.2014 15:16:52)

леле не се нормални како може од 9000 на 12000 да ја покачат ауу, ако недај боже не сум останата сега бремена треба да правам инсеминација ама ова е претерано, башка само инекциите кои треба да ги примам ми се накај 3400 а плус стоп инекција, па кринон гел, па витамини па остали работи ова една инсеминација 400 евра ќе испадне [sm=zmeden.gif]




vazna -> RE: Инсеминација II (14.11.2014 15:22:57)

Skared poslednata inseminacija mene me kostase se na se tocno 25 000 den. Sto e mnogu mnogu e za inseminacija, a treba da pravam uste edna inseminacija cetvrta.




lilika9 -> RE: Инсеминација II (14.11.2014 15:26:54)

Важна зошто толку многу? Каква терапија имаше?




scared RR -> RE: Инсеминација II (14.11.2014 15:28:03)

А само постапката колку те чинеше? Мене тоа ми е што е таа многу скапа за лековиве секаде мора истите бар во случаеви како моиве што нема овулација, проблеми со хормони. И затоа треба да примам Гонал инекции.
И ме буни тоа што докторот кај што треба да ја правам Ивановски дава стоп инекција од 2500 денари, додека Лазаревски дава од 1000 денари, Ивановски дава Кринон гел од 2500 а Лазаревски утрогестан кој е далеку поевтин ( не му ја знам цената точно).
Не знам што е со докториве и цениве ама ми се плаче [sm=smiley19.gif]




lilika9 -> RE: Инсеминација II (14.11.2014 15:29:23)

утрогестанот јас го платив 400 и нешто денари кутивче




scared RR -> RE: Инсеминација II (14.11.2014 15:38:54)

ете, далеку поевтин а како што знам исто дејство има, ништо останува да му паметувам на докторот и да барам поевтина замена, ако сака и нека се лути, да ги родам париве не можам [sm=smiley5.gif]

Инаку на приватно е таа цена? На рецепт не иде?




lilika9 -> RE: Инсеминација II (14.11.2014 15:40:44)

Нема што да се лути докторот, ќе ти објасни, ако е исто само различна фирма, зошто да даваш толку многу пари. А стоп инекција е онаа за пукање на фоликули? Јас примав прегнил и исто ја платив околу 300 ден.
На приватно ги купував толку пари.




scared RR -> RE: Инсеминација II (14.11.2014 15:47:40)

Да за пукање на фоликули. Јас и тука по темава читав дека имало и Хоримон вака беше нешто за 900 денари, а оваа што он ја препишува е Олвидере така мислам беше, 2400 не знам што е разликата за да е волку скапа. И обавезно Кринон гел дава а може и утрогестан, и сега останува кога ќе ми ги препише нив да му кажам да ми даде поевтина замена зашто финансиски не сум во можност да го поднесам тоа , па поготово сега кога инсеминацијата е покачена. Озбилно глава ме фркна кога чув дека ја покачиле.




scared RR -> RE: Инсеминација II (14.11.2014 15:52:13)

абе женски не давајте грешни информации за ќотек сте [sm=smiley36.gif] Само што се јавив во Систина 10.300 е инсеминацијата, покачена е да ама не на 12.000 .




bubla -> RE: Инсеминација II (14.11.2014 15:56:11)

Јас пред 2 недели правев во Систина и платив само 9.000 мкд. Бев на 2 фоликулиметрии и едно ехо пред самата постапка. За нив не платив ништо. Како тоа сега е 12.000мкд?




scared RR -> RE: Инсеминација II (14.11.2014 15:59:00)

Не е 12.000, 10.300 е само што се јавив да прашам. Гледам и на ценовникот на ремедика е покачена 9.400 е, очигледно секаде ги покачиле. Не се нормални [sm=smiley21.gif][sm=smiley21.gif]




vazna -> RE: Инсеминација II (14.11.2014 16:12:29)

Lilika9 jas primav fostimon 5 inekcii po okolu 1670 den mislam deka bea, stop inekcijata bese okolu 900 den, prvata folikumetrija mi ja naplatija okolu 1000den plus vitaminite i utrogestanot me cinea nekade okolu 2000 den. a samata postapka me cinese okolu 10 000 den.




Страница: <<   < Претходна страница  43 44 [45] 46 47   Следна страница >   >>