Hopeful RR -> RE: Инсеминација II (7.1.2015 10:32:50)
|
Може ни делува дека се исти шемите и терапиите, ама сигурна сум дека не се, посебно пак ако се збори за Ивановски, бидејќи како што знаете, јас од се срце го препорачувам, човекот ептен си ја знае работата. Секоја од нас си е случај за себе, а терапијата за стимулација е таа - изборот е меѓу три-четири типа инекции кои имаат сличен ефект, но различно се прифаќа од телото, со тоа што изборот на докторот веројатно има врска со тоа што повеќето пациентки покажуваат подобри резултати со еден или друг лек. За инсеминациите јас примав Гонал, а за ивф-то Фостимон. Кога барав да докупам во аптека Фостимон и го немаше, продавачките ме убедуваа да купам Гонал дека демек било исто. Нормално, не купив, најдов Фостимон, но сакам да кажам разликите се во нијанси и сигурно докторот има причина што дава едно, или друго. Само оптимистично и веќе кога ќе одберете доктор, не се сомневајте во него [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|