Hopeful RR -> RE: Инсеминација II (26.1.2015 14:57:36)
|
Shila, некако многу ми брзаш и со постапки, и со муабети [sm=smiley36.gif] Полека, едно по едно. Колку време се обидувате, и што од основните испитувања имате направено кај матичниот гинеколог? Немој од одма да трчаш на инсеминација, ниту пак на ин витро, си има чекори. Прво, провери си ги хормоните, и ако немаш редовно циклус, треба да се утврди на што се должи тоа, и да се даде соодветна терапија. Инсеминација сама по себе не решава се, и не е доволна. Исто така, треба да се направи ХСГ пред каква било друга постапка, а сопругот треба да направи спермограм. Си има процедури и редослед, и најдобро ти е да одиш кај доктор што вистински ќе ти се посвети. Прочитај наназад и во оваа тема, и во темата кај кој доктор за ивф, па ќе видиш кои се најдобрите специјалисти за стерилитет кај нас. внимавај, затоа што има доктори кои директно ќе те пратат на инсеминација или ивф без претходните подготовки и анализи, и се ќе биде за џабе. Не се нервирај, те разбираме точно како се чувствуваш, па пиши ни [sm=smiley31.gif]
|
|
|
|