RE: Вештачко оплодување V дел (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


biljana87 -> RE: Вештачко оплодување V дел (15.1.2014 12:28:02)

Лина ти ја пуштам сета среќа за утре и да имаш што повеќе фоликулчиња[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




mesecina83 -> RE: Вештачко оплодување V дел (15.1.2014 12:40:19)

zdravo dragi rr cestitki za site novi trudnici i so srekja na site koi se vo postapka na ivf ,bi sakala da ve prasam nesto cudno se slucuva so mene so soprugot preku dva-tri denaimame odnosi ,a poslednata menstruacija mi bese na 2 dekemvri i sekogas mi trae po 3 dena ,a eve veke 13 dena mu docni i imam kafeav iscedok,mnogu mi se spie ,se osekam malaksano ,nautro imam macnini i nekogas me kara na povrakjanje ,a pred toa imam edno neuspesno ivf so donor na sperma ,no nekako ovaa docnenje na menstruacijata mi dava nades kako sto drugi lugje mi velat nikoj ne e kako gospod mozebi si prrodno ostanala bremena (da pravevme biopsija kaj soprugot i vo izvestajot urologot bese napisal deka ponovo treba da se pravi biopsija ,i koga soprugot otide kja nego so izvestajot mu rekol deka nema potreba za druga biopsija ),a nemam bolki vo jajnicite i nemam nikakva cista ke treba da idam na doktor da vidam sto se slucucva so mene pozdrav do site se nadevam ke se izraduvam naskoro




butterfly 00 -> RE: Вештачко оплодување V дел (15.1.2014 13:04:51)

Mesecina83 seto toa sto si go napisala ukazuva na bremenost, kako sto e Gospod nikoj ne e zosto ne si kupis test i da proveris ili odi preku krv cuda se slucuvaat, nikogas nisto ne se znae, daj boze da si bremena i da se izraduvas, pozdrav do site jas malku odmarav, ve citav celo vreme i vidam da ve pozdravam pa i jas ke pocnam da ve izvestuvam kako ke tecat rab, gledam dosta novi clenovi vo procedura i im posakuvam [sm=rozacrtici.gif]




Anna78 -> RE: Вештачко оплодување V дел (15.1.2014 13:30:21)

Mesecina83 твоите симптоми повеќе ми укажуваат на бременост, оти јас имам циста, имам (за среќа) многу слаби болки во јајниците, ама не ми се гади, ниту повраќа, најдобро направи си тест и дај боже да си ги видиш [sm=rozacrtici.gif][sm=modricrtici.gif]




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (15.1.2014 13:33:41)

Леле mesecina83, одма тест! [sm=smiley1.gif] Дај боже да си видиш [sm=rozacrtici.gif][sm=modricrtici.gif] Ти праќам позитивна енергија и пиши ни!!! [sm=sloncek.gif][sm=sloncek.gif][sm=sloncek.gif]




butterfly 00 -> RE: Вештачко оплодување V дел (15.1.2014 13:44:47)

Mesecina83 eve i drugite rr ti go kazuvaat istoto ne cekaj odma test i ako se potvrdi bremenost zosto imas kafen iscedok ke ti stavaat progesteronski inekcii, sestra mi go imase do treti mesec i primase inekcii za zadrska na plodot zatoa nema cekanje




mesecina83 -> RE: Вештачко оплодување V дел (15.1.2014 17:02:36)

jas napraviv test i e negativen samo se prasuvam od sto moze da mi docni 12 dena ,koga sekogas mi dovagala 2 dena porano ili 2 dena podocna dali e mozno da imam cista ,ili promena na nova sredina bidejki od 4 dekemvri sum vo stranstvo kade sto e soprugot




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (16.1.2014 9:56:58)


ИЗВОРНА ПОРАКА: mesecina83

jas napraviv test i e negativen samo se prasuvam od sto moze da mi docni 12 dena ,koga sekogas mi dovagala 2 dena porano ili 2 dena podocna dali e mozno da imam cista ,ili promena na nova sredina bidejki od 4 dekemvri sum vo stranstvo kade sto e soprugot


mesecina83, многу често промената на клима влијае на хормоните. Ако со многу загрижена, тогаш посети гинеколог. Позз




lily98 -> RE: Вештачко оплодување V дел (16.1.2014 13:41:47)

zdravo
ve citam nekolku denovi i najdov nekoi odgovori na prasanjata sto gi imav no bi sakala da ve prasam poveke za iskustvata so in vitro kaj koi lekari gi pravevte ? zasega se iznaslusav mnogu kontradiktorni mislenja za plodnost i sistina ,edni mn zadovolni drugi voopsto ne taka da malku sum zbuneta a moram naskoro da se odlucam kade da pravam.




Melanija RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (16.1.2014 14:06:47)

lily98 добре дојде на Рингераја [sm=smiley1.gif]

Има тема Кај кој доктор за IVF?=ТУКА и можеш да прочиташ мислења.Твојот пост ќе биде префрлен во таа тема




Lina* -> RE: Вештачко оплодување V дел (16.1.2014 22:27:05)


ИЗВОРНА ПОРАКА: biljana87

Лина ти ја пуштам сета среќа за утре и да имаш што повеќе фоликулчиња[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]



Fala mila,folikulcina imase mnogu no mi izvadoja 3 jajcekletki,site drugi bile prazni.Da vidime utre kako ke napreduvaat pa da mi kazat koga ke bidi transferot




nataly86 -> RE: Вештачко оплодување V дел (17.1.2014 0:27:19)

Лина мила овие денови уживкај си, шеткај си бидејќи потоа ќе одмараш.

Ти посакувам сите да се оплодат и што поскоро да видиш[sm=rozacrtici.gif]

Инаку јас денес пак бев за бета 5000 е и др. рече уживај наредна недела на ехо, а баш сакав денес да ме види на ехо и да ме израдува дека се е во ред, но тој рече бетатами е доволен показател дека се е во ред

Ве гушкам ситеее




Anna78 -> RE: Вештачко оплодување V дел (17.1.2014 10:50:51)

Lina и јас ти пуштам среќа [sm=smiley31.gif] и ти посакувам сите јајце клетки да се оплодат.
Nataly86 и тебе те чекаме со убави вести [sm=smiley1.gif]
Позз




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (17.1.2014 11:11:51)

Lina*, навиваме за тебе и 3 емрбиончиња [sm=bravo.gif] Водици нека ти е напомош!

*******2014*******
[sm=rozica.gif][sm=rozica.gif][sm=rozica.gif] АКТУЕЛНО[sm=rozica.gif][sm=rozica.gif][sm=rozica.gif]

27.12 - Anna78 -почеток со терапија
05.01. -Lina* -почеток со терапија
09.01. -biljana87 -почеток со терапија
10.01. - Karma - почеток со терапија
14.01 - dzvezda - почеток со терапија

=========================

16.01. -Lina* = пункција/ 19.01 = ET


[sm=nosecka.gif]ИСЧЕКУВАЛКИ[sm=nosecka.gif]
31.01 -Lina* = ТЕСТ

ПОДДРШКА
[img]http://s.rimg.info/b2f7df1390160efd03076835d4d3e16c.gif[/img]

Kolachence , firenca didi , Adelle, gina , milasteve , mesecina83 , Bogdancanka RR , bubble , koki12 , skopjance, mimiiiiiiiiiiiii , Lina* , taci14 , Herco , trust, kapina, Tajci_pp, bybe10 , cacim , babyhope, LoveableMe RR, I LOVE, baby77, Anna78, Butterfly00, kate..
=====================
2014 година
nataly86 [sm=9nebesa.gif]






Lina* -> RE: Вештачко оплодување V дел (17.1.2014 14:14:01)

Se slusnav deneska so biologot i mi kaza deka samo dve se oplodile,tretoto ne uspealo,utre treba pak da se slusnime da vidime kako napreduvaat i transferot najverojatno ke bide vo nedela




Didi80 -> RE: Вештачко оплодување V дел (17.1.2014 14:45:59)

Здраво девојки [sm=smiley1.gif] Пишувам на темава после неколку месеци.
Лина* и сите останати членки кои се во постапка,ви посакувам успех,ви пуштам среќа и позитивни вибрации [sm=pikapoka1.gif][sm=pikapoka1.gif] [sm=pikapoka1.gif] ,само позитивно и ќе се случи,навистина ќе се случи [sm=duda.gif] \ [sm=duda.gif][sm=duda.gif] а може и повеќе хаххха
Сакам да си напишам една моја забелешка до администраторите.Со најдобри намери го пишувам ова,искрено ви кажувам [sm=smiley1.gif] Си пишувам во мое име незнам дали другите се сложуваат.Забележав дека списокот со трудници е избришан има податоци само од новата година,знам дека некои од жените се породени веќе,ама не баш сите од списокот.А оној список на кој е и мојот ник си стојат податоци уште од крајот на 2012,оној со членки на кои им се дава подршка,на кои не им успеало ИВФ.Ве молам па доволно ситуации во животот укажуваат дека не сум успеала,знаете,непријатно се чувствувам секојпат кога ке отворам и ке си го прочитам никот уште таму си стои.Ме потсетува на лош период.И немора и тука на форумов каде сите сме со иста мака и си даваме подршка и искуства едни на други да стојам така оделена од другите како и во општеството.И сакав да прашам дали има тема со статистика колку % има успешност ИВФ оделно според болници во кои е направено,д-р кој го направил,терапија,години на членки.....па подобро е според мене таму да бидат процентуално обработени овие податоци него да стојат тука и да потсетуваат на лош период кој веке поминал и дај Боже никогаш да не се повтори.
Одолжив многу знам,се извинувам,ама не сум пишувала со месеци па да надоместам [sm=jezicek.gif]
Ве поздравувам сите [sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (17.1.2014 14:58:08)

Didi80, jas искрено како модератор не знам колку време се бориш со неплодност, јас во потписот можеш да видиш каква ми е состојбата и дека и јас сум на тој список, но не се чувствувам дека не припаѓам таму. Нема проблем, ќе те тргнеме, само кажи. [sm=smiley1.gif]

Во однос на тоа што праша имаме повеќе и тоа многу корисни теми:

Имав успешна постапка на ИВФ забременување
Кој доктор за ИВФ?
Важни совети кога сте во ИВФ

Се надевам одговорив на прашањата. Тука сме ако те интересира уште, мило ни е што ни се придружи пак. Позз[sm=bravo.gif]




Melanija RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (17.1.2014 16:44:24)

Didi80 [sm=smiley1.gif]

Списокот со трудници во новата година е започнат за тековната година, ново постовите кои се од лани списокот со трудници од 2013 година го има.Додека списокот за подршка е список за подршка.Зарем во новата година нетреба да се даде поддршка, дел од нив годинава повторно можеби ќе бидат во постапка а тие што нема да бидат или нема да пишат секако имаат поддршка.

Секоја рингерајка во пост си кажува до каде е со постапката, а во поддршка тогаш ги запишував ЈАС сите кои продолжуваат да се борат за [sm=modricrtici.gif][sm=rozacrtici.gif].

Секако доколку некоја ринерајка не сака воопшто да биде на никаква список/листа/ евиденција не ги кажува датите.Навистина личен избор.Токму како ти.Во ред е ,и е твое право.За твојот ник ако сакаш нешто да биде напишано , наведи го тоа во твојот пост.[sm=smiley1.gif]

Доколку разгледаш низ темите ќе видиш дека има многу позитивни измени во однос на статистички теми за успешност (иако и тоа значи некакво потсетување) и други интересни нешта.

Како што пиша LoveableMe RR во потписот има исто инфо,но за да не е присетување и тоа е личен избор.

[sm=smiley1.gif]




Didi80 -> RE: Вештачко оплодување V дел (17.1.2014 18:12:23)

Ви благодарам девојки [sm=smiley1.gif]




kik@ -> RE: Вештачко оплодување V дел (17.1.2014 23:16:37)

Zdravo na site i cestitki za site rr koi sto ocekuvaat prinova i so sreka na site rr sto sakaat da vidat [sm=rozacrtici.gif].Sakam da prasam,mozebi temata ne ke e za ovde,no me interesira dali nekoj se obiduva da odi na vestacko oploduvanje za vtoro dete i koi dokumenti ke trebaat?Odnapred vi blagodaram na iskrenite odgovori.




Melanija RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (17.1.2014 23:23:35)

Во моментов ја читав првата тема за Вештачко оплодување од 201-г. кога гледам покрај еден ник стои со зелено присутен [sm=smiley1.gif]kik@

Не сум ја дочитала темата , но кога ќе бидеш во можност и доколку сакаш пиши ни што се случило од тогаш до денес.
По твојот пост верувам дека се случило најубавото [sm=smiley1.gif]




kik@ -> RE: Вештачко оплодување V дел (18.1.2014 14:10:25)

Tocno Melanija RR pomina mnogu vreme od togas do sega,se slucija i neocekuvani i ocekuvani raboti no covek koga nesto saka i poveke od zivotot mora da odi do kraj i da ne se predava,zasto sepak eden den i nego ke go ogree sonce.Maz mi imase i seuste ima OLIGOTERATOZOOSPERMIJA (toa znaci mnogu nepravilni spermatozoidi,poveke umreni odkolku zivi, mnogu spori,od loso poloso).So takva dijagnoza morase da se pravi invitro(da kazam deka kaj mene ne postoese problem nikakov).Prvoto bese neuspesno,od dve oplodeni jajce kletki i kako sto ni bese kazano ne se razvivale dobro,sepak mi gi vratija i me ubedija deka mozebi ke sum bremena(nikoj ne garantira 100% bremenost).Testot se pokaza negativen.Po 6 meseci pak vtoro invitro pak istite raboti gi pominav za da na kraj i toa bese neuspesno.Tretoto invitro go napravivme posle skoro 9 meseci.Vo meguvreme maz mi piese sekakvi tableti pa poracavme duri i od germanija tableti ama spermogramot recisi bese ist so mali podobruvanja.Posle dve nedeli ocekuvanje jas napraviv test i toj bese pozitiven,znaci bev bremena.Toa za mene bese eden od najubavite denovi sto nekogas sum gi imala.Bremenosta pomina vo najdobar red i Teodor mi se rodi na 14.08.2011 god. vo 15:40 casot so carski rez.Od togas do den denesen jas na site gi sovetuvam da odat do kraj da se borat se dodeka go vidat toa malo dusice.Sega so Teo nemozam mnogu da vi se posvetam no koga ke imam vreme redovno ve citam i znam kako e koga nekoj ke se razocara,no nema razocaruvanje mora da se borite.Sega se obiduvame po priroden pat da ostanam bremena no nekako tesko ni odi,znaejki ja strukturata na maz mi,no ne se odkazuvame ako treba ke odime i na vtoro so invitro samo me interesirase za dokumentite.Vi ja postam seta moja sreka na site vas i sto pobrzo da me izraduvate so [sm=duda.gif]. Ve guskam site [sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]




Melanija RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (18.1.2014 15:10:15)

kik@ ти благодарам што го сподели своето искуство, твојата упорност [sm=bravo.gif] да ви е живо и здраво синчето [sm=bravo.gif] и дај боже уште детенца [sm=smiley31.gif]




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (18.1.2014 16:03:26)

kik@, ти благодариме што со нас го сподели твоето искуство. Сакав да те замолам да, доколку се сеќаваш, да споделиш подетално за ИВФ постапката, болницата, докторот, терапијата и сл. каде ти беше успешно ин-витрото во темата:

Имав успешна ИВФ постапка на забременување

За состојбата на сопругот мора да намали пушење (ако е пушач), да се движи повеќе, обавезно витамин Е, Ц, цинк селен, храна богата со Л-карнитин (јаткасто овошје)... и сл.

Позз, се читкаме




Felly RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (18.1.2014 22:27:20)


ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

kik@ ke moze li da mi kazes kako se vikaat apcinjata sto gi poracuvavte od germanija za mt i mojot mm ima mnogu los spermogram





Страница: <<   < Претходна страница  22 23 [24] 25 26   Следна страница >   >>