RE: Вештачко оплодување V дел (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (3.9.2014 13:47:06)

sonce79, со среќа и лесно [sm=smiley1.gif]
И јас така се чувствував, ама не е толку страшно колку што изгледа. Боцкањето исто не е проблем, одма ќе се навикнеш, а од ефектите - очекувај малку гадење, чувство на подуеност, главоболки и малце поголема емотивност, ама сосема подносливо.
Каде ќе го правиш ivf-то, кај кој доктор?




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (3.9.2014 15:27:44)


ИЗВОРНА ПОРАКА: sonce79

Здраво на сите, нова сум на форумов но ве читам веке некое време. Морам да ви кажам дека многу научив од се што прочитав. Јас во петок почмувам со терапија за првото ин витро со долг протокол. Имав 2 претходно, на природен циклус + 2 инесминации. Имавме проблеми со Фондот и со ваучерот, но вчера ни стигна известување дека жалбата ни е усвоена и ваучерот одобрен.:) точно на време, бидејќи веќе се решивме да не ги чекаме и да одиме приватно. Малку ме вади од памет целото тоа боцкање со хормони да бидам искрена.. како ќе делуваат на тело, психа и сл. Ама вероватно не е многу страшно а? [sm=smiley2.gif] Поздрав и многу среќа до сите..


Здраво сонце79, добредојде на форумот, се надеваме на дружба и размена на искуства и мислења. Мило ни е што научи многу работи, сите ние по нешто учиме овде. Среќно за ИВФ-то, пиши кај кој доктор правиш и зошто стигнавте до ИВФ, што проблеми имавте досега?




skriena -> RE: Вештачко оплодување V дел (3.9.2014 22:41:00)

zdravo devojki kako ste eve jas konecno denes dobiv odvaj cekav da mi dojdi i utre ke zakazam za da pocnam so postapkava so zamrznatite bebuski pa ke ve izvestuvam pozz i so sreka na site




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (3.9.2014 23:08:54)


ИЗВОРНА ПОРАКА: skriena

zdravo devojki kako ste eve jas konecno denes dobiv odvaj cekav da mi dojdi i utre ke zakazam za da pocnam so postapkava so zamrznatite bebuski pa ke ve izvestuvam pozz i so sreka na site


Skriena супер, пиши кoгa ќе биде трaнсфер. Пoзз




gina -> RE: Вештачко оплодување V дел (3.9.2014 23:25:59)

moeto ivf se odlozi izbrisete me od spisokot za terapija Lazareski mi rece deka mora da pravime histeroskopija da se otstrani septumot... custvata mi se ispomesni cel den si [sm=smiley19.gif]
neznam dali i finansiski ce mozeme da izdrzime mnogu e skapo a na klinika treba da se ceka a nemam nikogo ni vrska ni nisto mnogu sum zagrizena i nervozna neznam kako ce izdrzam[sm=smiley13.gif]




mili_vanili -> RE: Вештачко оплодување V дел (4.9.2014 7:51:00)

Zdravo devojki, odamna ne sum se priklucila vo diskusiite . Na site koi se vo postapka ili sega pocnuvaat im posakuvam uspeh.

Pozdrav




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (4.9.2014 9:18:29)

Постовите се префрлени во Информации за остварување на правото преку ФЗО.

Џина, го копирав постот во Хистероскопија, таму повеќе ќе ти одговорат рингерајките.




sonce79 -> RE: Вештачко оплодување V дел (4.9.2014 13:02:22)

Ви благодарам,LoveableMe RR и Hopeful. Јас сум кај др. Лазаревски во Систина. Тој ми е доктор долго време, уште од старата Систина. Кај мене почна пред 2 години, не се пазевме околу 7-8 месеци, и останав бремена, ама испадна вонматерична. Среќа, само со инекции се исчисти се, и не мораше да правам никакви интервенции. После година дена од тоа, бидејки ништо не се случуваше правев проодност на каналите, и едниот ми беше замрсен (не спротивната страна на која што беше вонматеричната) и правев лапароскопија за да се среди. се помина супер, и докторот, како што е позитивен, рече дека сигурно ке се решело со тоа се. Меѓутоа бидејки ништо не се случување, после неколку месеци направивме инсеминација, па уште една, па пробавме со ин витро на природен циклус, ама првиот пат имаше една јајце клетка -празна, а вториот, имше 2 ама недоволно развиени. И тогаш. се решивме да одиме на класично ин витро. Е после тоа, од фондот ги чекавме 3 месеци, бидејки ми дадоа ваучер ама со донорски јајце клетки. Немаа објаснување зошто, освен дека немало добри јајце клетки на 2 пункции што сум ги правела, иако никаква стимулација не примав. На мојот коментар дека да ги немало 2 пункции во документите немало да има проблем, докторот од комисијата ми одговори со ,највероватно,. и после жалбата и 2 месеци, завчера ми стигна известување дека ми ја прифакаат и ми одобруваат ваучер со сопствен материјал [sm=smajl.gif]. И за да имаме пак компликација, денес ми јавија дека имам бактерија на брисовите и утре ке видам дали ке се почнува терапијата или повторно ке се одложи. Ете така, се рапишував јас, извинете, ама веке се нервирам што не можеме да почнеме од глупости.. Поздрав до сите.




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (4.9.2014 14:48:46)

sonce79, ти посакуваме успех, со терапија антибиотска ќе се реши проблемот со бактериите. Известувај не. [sm=smiley1.gif]

Ја чекаме Хопефул да ни каже како поминала на пункцијата.[sm=smiley31.gif]




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (4.9.2014 19:04:39)

Еве сум [sm=smiley36.gif]
Пункцијата помина ок, аспирираа 10 јајце клетки и примерокот од сопругот е ок, така што ептен сме задоволни. Ембриологот одлучи да се применат и двете методи, и IVF и ICSI, и утре чекаме повик [sm=smiley1.gif]
Анестезијата лесно ја поднесов, единствено имам болка во јајниците и матката која не се смируваше, па бапнав еден кетонал, ми рекоа дека смеам. Од терапија ми дадоа Кринон гел, Декортин, Аспирин и Фемибион.
Фала ви на сите за убавите зборови, ептен ми помогнаа [sm=smiley31.gif]




kapina -> RE: Вештачко оплодување V дел (4.9.2014 19:10:09)

Super hopeful ajde sega neka se razvivaat site10 jk kako sto treba vo odlicni embrioni.




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (4.9.2014 20:48:57)

Супер Хoпефул, уживaј сегa и oдмaрaј. Пиши кoгa трaнсфер, пoзз




Kaya -> RE: Вештачко оплодување V дел (4.9.2014 21:07:00)

Браво Хоупфул! Сега уживај и чекај си ги бебињата;) Јас денес бев на контрола, естрадиолот ми беше близу 800 и јајниците добро реагираат. Ми продолжија уште 5 дена стимулација, па во вторник пак контрола.. Докторот ми кажа пункцијата би била меѓу четврток и недела, наредна недела..јухуу се ближи;) Со среќа на сите!!!




sanjaaaa! -> RE: Вештачко оплодување V дел (4.9.2014 22:03:27)

Hopeful Одлично!!!! Цел ден те очекувавме да ни ја кажеш оваа убава вест!!!! Ајде опуштено и на ЕТ да си ги прибереш бебушките, мисли позитивно, така и ќе биде!!!
Ајде и Кауа набрзо ќе ни каже убава вест, само убави работи да читаме и пишуваме! Среќно и на двете, и на сите следни!!! Заедно полесно ќе минеме низ процедуриве!!! поздрав




Melanija RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (4.9.2014 22:03:35)

Hopeful[sm=bravo.gif] со лесно [sm=smiley31.gif]




mili_vanili -> RE: Вештачко оплодување V дел (4.9.2014 22:48:11)

Hopeful, toa e odlicen broj na jajce kletki, bravo. Vo terapijata imas li estrofem?
Izvini ne sledev izvesno vreme, kaj koj doktor si?

Te cekame so ubavi vesti utre i denovite sto sledat....




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (5.9.2014 10:45:49)

milli_vanilli, немам естрофем се уште, може ќе ја дополнат терапијата после трансферот [sm=smiley1.gif]

Инаку девојки, денес ми се јави ембриологот и ми кажа дека има одлични резултати и 6 ембриончиња! [sm=bravo.gif] Утре сабајле во 8.10 треба да одам на трансфер [sm=sloncek.gif]

Што мислите, ако вратиме 2, дали се исплати да замрзнуваме 4? Да не е мал бројот, да не не се исплати...




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (5.9.2014 10:59:49)

Hopeful, супееееееееееееееееееер. Смрзнувајте обавезно, немојте да се мислите, ако ти треба за наредно бебе, ќе можеш со тие, наместо да примаш пак терапии. Пиши кога трансфер.[sm=smiley1.gif]

*******2014*******
[sm=rozica.gif][sm=rozica.gif][sm=rozica.gif] АКТУЕЛНО[sm=rozica.gif][sm=rozica.gif][sm=rozica.gif]

11.08 - Hopeful - почеток со терапија (Ивановски, Систина)
21.08 - Kaya - почеток со терапија (Димитров, Ремедика)
01.09 - Zoya - почеток со терапија (Лазаревски, Систина)
05.09 - sonce79 - почеток со терапија (Лазаревски, Систина)
/.09 - skriena - трансфер со смрзнати ембриони (Лазаревски, Систина)
11.09 - Loveable Me RR- почеток со терапија (Димитров, Ремедика)
/.09 - Tea88 -почеток со терапија (Таше Tрпчевски, Плодност)
.09 - butterfly00- почеток со терапија (Лазаревски, Систина)
/.09 - Milicka30 -почеток со терапија (Таше Tрпчевски, Плодност)
/.09 - kapina - почеток со терапија (Лазаревски, Систина)
/.10 - весник - трансфер со смрзнати ембриони (Лазаревски, Систина)


=========================

[sm=nosecka.gif]ИСЧЕКУВАЛКИ[sm=nosecka.gif]
04.04 -Hopeful =пункција / 06.09 = ET

=========================
20.09. - Hopeful = ТЕСТ

ПОДДРШКА
[img]http://s.rimg.info/b2f7df1390160efd03076835d4d3e16c.gif[/img]

firenca didi, Adelle,gina,Bogdancanka RR, koki12, skopjance, mimiiiiiiiiiiiii, taci14 ,Herco, trust, kapina, cacim, babyhope, LoveableMe RR, I LOVE, baby77, Anna78, kate.., dzvezda, bubble, SOLE, butterfly00, snekki, milasteve, almushka, Yaya,skriena, brm_bm, mery, macika4, весник, marina111
=====================

2014 година
nataly86 [sm=9nebesa.gif] Lina*[sm=9nebesa.gif] Каrma[sm=9nebesa.gif] biljana87[sm=9nebesa.gif] Anonimen[sm=9nebesa.gif] babylove**[sm=9nebesa.gif] avgustina2 [sm=9nebesa.gif] Kolacence [sm=9nebesa.gif] fragolina [sm=9nebesa.gif] lolla [sm=9nebesa.gif] mesecina83 [sm=9nebesa.gif] lily98 [sm=9nebesa.gif] stefanie[sm=9nebesa.gif]





Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (5.9.2014 12:04:50)

Loveable Me, утре сабајле е трансферот [sm=smiley1.gif]
Инаку дефинитивно сакаме да замрзнеме, ама дилемата ми беше дали е исплатливо замрзнувањето за 4 ембриони, ми се гледаат малку...




sanjaaaa! -> RE: Вештачко оплодување V дел (5.9.2014 12:13:11)

Одлични резултати ти кажал ембриологот Hopeful!!!!! Со среќа и со лесно!!!!
Супер 4 ембриони не се малку да ги замрзнеш! Ајде за 2 недели чекаме позитивен тест за бременост и славење!!!!![sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Melanija RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (5.9.2014 12:33:35)

Убави вести Hopeful [sm=bravo.gif] а најубавата за две недели [sm=sloncek.gif]

LoveableMe RR многу ми се допаѓа што пишува каде се прави ИФВ, некои пишуваат и комплет терапија.Вака е се запишано и секој може да прочита какви се терапии се даваат.Браво [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (5.9.2014 13:09:57)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Loveable Me, утре сабајле е трансферот [sm=smiley1.gif]
Инаку дефинитивно сакаме да замрзнеме, ама дилемата ми беше дали е исплатливо замрзнувањето за 4 ембриони, ми се гледаат малку...


Смрзнувај обавезно, не се малку супер бројче се. [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif] Утре да ти посакаме со лесно трансфер, гледај да одиш со полна бешика или ако чекаш претходно во ходник, замоли ги сестрите да ти дадат да се напиеш вода. Позз

Kaya, леле имаш уште малце, ајде чекаме кога пункција. Како си задоволна со постапката, докторот сестрите?




Kaya -> RE: Вештачко оплодување V дел (5.9.2014 16:37:27)

Хоупфул, со среќа утре и чекаме убаво вести! Туку, јас мислам дека настинувам, баш сега, ќе се убијам..сега се мислам дали да се напијам еден Фервекс или нешто слично, ама страв ми е заради другите лекови.,.Ќе пробам со прополис спреј и витаминотерапија;) Инаку, од Ремедика сум генерално задоволна, иако е малку хаотично, ми се чини цело Скопје и шире прави ин витро;) Докторот е фин, оптимистичен ама и реален..




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (5.9.2014 16:46:08)

Kaya, одма цеден лимон на гладно секое сабајле, витаминска терапија и прополис, па и парацетамол, да не прерасне во нешто посериозно! Одмарај со чаеви, супи и пиј витЦ од 1000 по две на ден. И мене ми се појави баш додека се боцкав со Фостимоните и се извадив од памет, ама со парацетамол се среди. Не е проблем за со другата терапија - ги прашав и ми рекоа дека се што може бремени жени да пијат, може ни ние во постапка. Времево е глупаво, променливо, и тоа е. Не се секирај, до трансфер ќе бидеш супер [sm=smiley1.gif]




Kaya -> RE: Вештачко оплодување V дел (5.9.2014 16:51:35)

Фала Хуопфул, ме утеши:) [sm=smiley31.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  81 82 [83] 84 85   Следна страница >   >>