RE: Вештачко оплодување V дел (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


kapina -> RE: Вештачко оплодување V дел (10.9.2014 16:02:08)

Da da sigurno znae kolku moze da pie edna solja najmnogu dve




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (10.9.2014 16:18:04)

Hopeful, некои пијат кадфе, некои не, искуството е различно, зависи што ти кажал докторот според твоите дијагнози. Јас денес бев на консултација кај др. Димитров во Ремедика и да се договориме за терапијата, беше малку резервиран околу можноста за претходно правење хистеро-лапароскопија, за тоа ќе пишувам во соодветната тема.

Малку се разочарав, бидејќи секогаш кога се спремам и мислам ете сега добро ќе испадне, како секогаш нова пречка да ми се појавува и малку сум разочарана......




Kaya -> RE: Вештачко оплодување V дел (10.9.2014 17:38:42)

Фала за советите женски..Пијам течности нон стоп и цело време сум во веце;) кафе пијам или едно или ниедно, некако не ми сака душата не дека не смее.. Лавабл немој да се секираш. Не разбрав Димитров ти вика да правите хистеро-лапаро пред ивф или? И мене така пред два месеци кога требаше да правам ме врати за хсц ама ете и тоа помина.. Бацкии




macika4 -> RE: Вештачко оплодување V дел (10.9.2014 19:22:46)

Ajde moi doktorki da ve kazam taka zasto izgleda nie poveke znaeme od samite doktori da vi postavam prasanja,denes bev kaj maticen posle neuspesnoto invitro i sakam da si ispitam kade e problemot i mu vikam na doktorot sto treba da ispitam nekoi genetski ispituvanja ili neznam sto zamislete neznaese da mi objasni ama tamn nisto ja mu kazuvam sto da mi dava i na krajot neznaeja za kariotip od kade da se bara upat i mi dade samo za AFA aj pisete neznam kade da go postavam prasanjeto pa morav tuka vise mi e preku glava od lekari sto nemaat poima sto rabotat ja da mu kazuvam sto mi treba da se ispitam mizerija




kapina -> RE: Вештачко оплодување V дел (10.9.2014 19:34:02)

Inaku zaboraviv da vi kazam posle invitroto ke mi gi ukinat eutirox I bromergon nema da pijam veke ako ne ostanam bremena ako ostanam ke gi pijam vo bremenost a posle ne kafe mene doktorkata mi kaza da pijam I oti imam I mnogu nizok pritosok 90 so60




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (10.9.2014 19:35:40)

мацика4, имаме тема ХЛА типизација и Генетско испитување.

Јас ги правев тие испитувања и не испадна кузнае што, беше начелно ок со испитувањата, но тие ги правев според насоки од докторот кај што правев ИВФ. Матичните гинеколози не знааат за ова многу, затоа мој совет побарај насоки од гинекологот кај што правеше ИВФ.




macika4 -> RE: Вештачко оплодување V дел (10.9.2014 22:42:32)

a dali nekoja od vas ispituvala niska telesna temperatura mene mi e sekogas 35 5 poveke pati mi e 35 so 2 koga denes mu kazav na maticniot mi vika nemozes da imas takva telesna temperatura nemoze da se zivee kaj se ispituva toa neznae nikoj da objasni kaj opstiot lekar vika kaj ginekolog a ginekolog vika kaj opst e sega aj vidi im pamet ko u selo da ziveam




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (11.9.2014 8:37:58)

macika4, јас би те советувала да провериш состојба со шеќерот, обично луѓето со проблем со шеќерот скриен или не, имаат ниска телесна температура, имав случај на пријатели, не знам дали баш тоа е кај тебе, но сепак матичниот лекар треба да знае каде да те упати, можеби најдобро на ендокринологија.




sonce79 -> RE: Вештачко оплодување V дел (11.9.2014 13:41:27)

Сакав да ве прашам дали пиевте некакви витамини додека ви беше терапијата за ин витро. Јас не пијам ништо, ни докторот не ми кажа, а јас заборавив дополнително да го прашам да не треба. [sm=smajl.gif]




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (11.9.2014 13:49:19)

Ни мене не ми потенцираа, ама пијам редовно Ц од 1000, магнезиум, ацедофилни капсули и хемовит. Тогаш почнав плус и сируп со матичен млеч, цинк и селен.




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (11.9.2014 13:49:28)

ИЗВОРНА ПОРАКА: sonce79

Сакав да ве прашам дали пиевте некакви витамини додека ви беше терапијата за ин витро. Јас не пијам ништо, ни докторот не ми кажа, а јас заборавив дополнително да го прашам да не треба. [sm=smajl.gif]


sonce79, до каде стигна? обичнио даваат цинк, магнезиум, калциум, витамин Д (тоа е во едно пакување), витамин Ц, Б комплекс, а после пункција обично даваат аспирин 100, плус зависи што ќе реши докторот.




sonce79 -> RE: Вештачко оплодување V дел (11.9.2014 13:55:06)

Јас освен Ц од 1000, ништо др не пијам [sm=smiley1.gif]
Инаку од петокот до вчера ставав Суперфакт 0.5, од денес ми дадоа Цитротид 1/2 а од утре плус и Фостимон 300. Во понеделник сабајле сум на ехо па ке видиме за понатаму. [sm=smiley1.gif]




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (11.9.2014 13:59:19)

Супер sonce79, со среќа на ехото [sm=bravo.gif]




sonce79 -> RE: Вештачко оплодување V дел (11.9.2014 14:01:34)

Благодарам Hopeful. До сега не беше страшно со инекцииве, сега со новиве ке видам [sm=smiley1.gif] ама некако баш сум возбудена за секоја нова фаза од процесов, дури ми е малку чудно. Мислев дека постресно ке ми биде, а јас дури радосно си се боцкам [sm=smiley36.gif] Тебе како ти оди со чекањето? Кога ке можеш да направиш тест?




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (11.9.2014 14:06:25)


ИЗВОРНА ПОРАКА: sonce79

.....Инаку од петокот до вчера ставав Суперфакт 0.5, од денес ми дадоа Цитротид 1/2 а од утре плус и Фостимон 300. Во понеделник сабајле сум на ехо па ке видиме за понатаму. [sm=smiley1.gif]


Ајде, што повеќе фоликулчиња, уште 7-10 дена имаш до пункција максимум. [sm=bravo.gif] Чекањето е најтешко, ама подобро да се дружиш со луѓе да се занимаваш со нешто и ќе поминат тие две недели.




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (11.9.2014 14:32:07)

И мене ми стана интересно боцкањето [sm=smiley36.gif]
Инаку ок ми е чекањето, имам трема од тестот [sm=smiley1.gif] Овие денови гледам филмови, читкам и така. Ми рекоа да избегнувам многу контакти со луѓе, па не ддоговарам гости, кафиња и сл.




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (11.9.2014 16:02:59)

Весник, постот е префрлен во Генетско испитување. Среќно!




macika4 -> RE: Вештачко оплодување V дел (12.9.2014 20:31:04)

loveableme bev denes kaj privaten ginekolog sto se vodi kako dobar za da moze stvarno nekoj da mi razjasnii mnogu raboti okolu tie ispituvanja i doktorot ubavo mi kaza deka treba da odam kaj doktorot sto mi pravel ivf i so nego da vidime sto ponatamu . A inaku prasav za temperatura dali ima nekoj problem i zamislete ne mi veruvaat deka moze da imam takva temperatura i sekoj sto ke pocnam da zboruvam okolu neplodnosta odma vikaat mnogu sum opsednata so toa epa vise neznam kakva da bidam da pustam se i posle da se jadam neznam sto vise da pravam em sakam se da pustam pa sto dade gospod em sakam da prodolzam mnogu e tesko ne sakam koga ke otidam da prasam za nekoe prasanje odma sum opsednata izgleda kako da im e krivo sto premnogu znam pa zatoa se takvi doktorite ...Epa koga ne sakaat da proverat kade e greskata mora nie samite da se izborime ako cekame na niv nisto od decinja




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (13.9.2014 10:45:00)

Macika4, не знам што да кажам на ваквиот однос на докторите. Ако не, оди пак кај што правеше ивф и напни го за испитувањата. Во секој случај, направи ги оние генетските и имунолошките испитувања за кои пишуваа други рингерајки, и најди сосема трет доктор за следното ивф. Понекогаш и јас се осеќам како заморче, како да не ми се посветува доволно внимание, ама тоа е, знам дека си имаат тон гужви и пациенти и не може да се потресуваат. Колку сака нека се лутат после ако и ние знаеме што правиме и читаме на нет [sm=smiley1.gif]
Kaya, вчера беше пункцијата, така? Како помина и како си денес? [sm=smiley31.gif]




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (13.9.2014 13:47:21)

Каја, те очекуваме со убави вести наскоро и пиши кога трансфер. [sm=bravo.gif] Јас бев на консултација кај др.Таше за хистероскопија, но искористив шанса да го прашам и за ИВФ, викам имам ваучер не ми е искористен, што мислите вие како би ме третирале. Тој ја разгледа целата документација и ми рече, веројатно би одел со некои инекции 2-3 пати на 2 ден од циклус, без микрогинон и после со блага стимулација, пошто јајниците добро ти реагирале на претходното ИВФ.

Сега и за тоа сум збунка, дали да сменам одлука и да одам кај него. [sm=zmeden.gif][sm=smiley1.gif] Ееех, жени будали, мозокот ни е чорба, маживе да не мислат вака како нас....




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (13.9.2014 15:06:11)

Loveable Me, ми ги читаш мислите [sm=smiley36.gif] Истото го помислив, само ти го пишав во другата тема [sm=smiley36.gif]

Овде би спомнала само за постапката за гребење, во случај некој да не не видел во таа тема. Се работи за благо гребење при самиот трансфер, односно се загребува малку ендометриумот за да се поттикне имплантацијата, и се покажало како успешно. Оваа постапка оди заедно со користење т.н. EmbryoGlue, некоја смеса со хијалуронска киселина која исто така помагала за имплантацијата. Овие податоци ги најдов како дел од едно онлајн предавање на еден германски специјалист, кој покрај овие фактори, ја наведе и хистероскопијата како постапка која се покажала дека го зголемува процентот на успех. Не се работи за отстранување септум, туку е повеќе постапка на буричкање низ матката, што иако не е јасно што прави само по себе, се покажало дека доведува до успешно ивф.

Не знам што од ова се применува кај нас, но добро е да се знае дека медицината оди напред и дека некој сериозно мисли на нас [sm=smiley1.gif]




Kvisko -> RE: Вештачко оплодување V дел (13.9.2014 15:17:10)

Не е за оваа тема, ама кога одев на ГАК за инсеминации на една друга пацеинтка ден-два после инсеминацијата и правеа нешто на матката како некое засекување наводно помагало за имплантација. Не знам дали е истата постапка или не.
Што и да е само да се фати.

Ви пуштам среќа на сите.




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (13.9.2014 22:17:43)

Ова што го објаснуваше докторот во видеото беше во смисла на подзакачување на ендометриумот при самиот трансфер на ембрионите, во комбинација со лекот/хемијата за залепување. Го спомна како scratching. Можеби е истото, но не ми се верува, затоа што овде се зборуваше за релативно нова и експериментална постапка, а некако не ми се верува дека Гак се толку во тек [sm=smiley1.gif] Ако да, тогаш супер за нив, се оди напред.




sanjaaaa! -> RE: Вештачко оплодување V дел (15.9.2014 8:51:49)

Кауа како помина на пункција, ЕТ? Се надеваме се е супер, очекуваме да ни го пренесете вашето искуство ... sonce79 и zoya ????




sonce79 -> RE: Вештачко оплодување V дел (15.9.2014 10:33:52)

Здраво девојки..Јас сабајлево бев на ехо.. Фоликули има, околу 8-9 и ако пораснат сите колку што треба супер...[sm=smiley1.gif] инаку продолжувам со фостимон и цетротид, имам плус и мерионил и вагиналети.. Во петок сум повторно на контрола, и на проверка на хормони и тогаш ке знам дали во сабота ке примам стоп инекција и во понеделник пункција..




Страница: <<   < Претходна страница  83 84 [85] 86 87   Следна страница >   >>