Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (19.9.2014 11:16:28)
|
Loveable Me и kapina, со среќа отпочнување со терапија [sm=bravo.gif] Јасминот и мене ми беше тежок, ама со тек на време ќе се поднавикне телото, а од супрефакт исто се осеќав некако тешко, исто со лошо спиење плус главоболки од нигде никаде, но се потсмири кога се намали дозата. Важно е да има добри резултати, па за спиење лесна работа, ќе надокнадиме [sm=smiley1.gif] sanjaaaa!, поминаа две недели од ваучерот, така? Да не стигна веќе во меѓувреме? Добро е што ги стеганле сестрите од Ремедика, сепак мора да се знае ред и дисциплина, и пред се човечно однесување - IVF не е играчка. За сестрите во Систина немам замерки, освен што беа презафатени и очигледно им фалеа уште една или две сестри плус, дури и самите се жалеа дека им треба засилување. Имаше мало чекање за боцкање, но не повеќе од предвиденото. Инаку јас сум ок, со тоа веќе неколку дена имам киселини во грлото, и што и да каснам одма ми се враќа. Плус, забележав и дека одма се задишувам (а до пред ова имав одлична кондиција, физички активна), стално сум жедна, а градите ми се толку осетливи и зголемени што сама кога ќе се допрам дури ме боли [sm=smiley36.gif] Си ги ишкам мислите од глава и се трудам да не си наоѓам симптоми, ама ајде де, посилно е од мене [sm=zmeden.gif] Уште викендов па што вика мм, во понеделник ќе видиме дали сме добиле 7ца на лото [sm=smiley36.gif]
|
|
|
|