Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (21.9.2014 21:23:37)
|
Морам пак да пишам, седам нераат од прееска. Пробувам да бидам оптимист и да не и долевам на Kaya, бидејќи најважното е дека поминало и дека сега е ок, но искрено да ви кажам, стварно се вознемирив и се налутив со ова. Многу, многу неодговорно и аматерски! Прееска наивно пишав - се надевам дека ова значи јајници со добар капацитет, но сега веќе почнувам да мислам пошироко и се прашувам какви ефекти тоа ќе има врз целокупното здравје на телото - 44 јајце клетки се околу 40 месечни циклуси, односно 3 и кусур години! Еднаш на ТВ Лазаревски зборуваше на оваа тема и баш спомна дека стимулацијата за IVF е интензивна, и со неа фактички се старее телото и се форсира во предвремена менопауза. Со кое право дал, спровел и продолжил ваква интензивна терапија Димитров, посебно на индикации на висок естрадиол и ПЦОС? Исто така, се прашувам дали бројот на пурегони влегол во предвидениот од фонд или требало и плус да се докупува, и на тоа да ќарат... Инаку, кое е неговото објаснување за ситуацијата? Не знам што да кажам, стварно, зграната сум и многу ми е жал. Алчноста за пари кај нашите доктори е ирационална, мислам дека ова заслужува некаква посериозна реакција, од типот на разговор со менаџерите, медиуми, министерства, па дури и тужба. IVF се работи во строго контролирани услови, не дека се случува преку ноќ па оп - тешка хиперстимулација, не сме виделе, пу-пу не важи! Многу ми е криво, мила Kaya. А така ме фати некое шубе зошто те нема толку време... Ајде сепак да бидеме конструктивни и да гледаме на посветлата страна - а тоа е дека сега си ок и дека имаш и повеќе од доволно материјал за да не се изложуваш повторно на вакво нешто. Се надевам дека наскоро ќе биде трансферот и дека две бебушки ќе ги избришат овие маки [sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif] [sm=smiley31.gif]
|
|
|
|