RE: Прва нова храна на бебето (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Дохранување со густа храна



Порака


mama26 -> RE: Прва нова храна на бебето (21.6.2010 18:24:20)

biktori -paleska. znam deka nema redosled ,ama si milsev ako moze jabolko zasto ne i lubenica kako pire.iako lubenicata e samo voda.pasirano da.a pazi molimte banani mozelo[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image]




Viktori -> RE: Прва нова храна на бебето (21.6.2010 18:24:52)

клик тука за храна по месеци. Кај нас се претерува со правила. 




Viktori -> RE: Прва нова храна на бебето (21.6.2010 18:27:54)

да бе, а лубеницата е вода 85% [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] те разбирам потполно.
Јас банани не давав на децата. Само ако им донесе некој. Шеќер, скроб, подобро леќа манџа ќе им испасирам барем и железо ќе внесат.
Мислам, кој како сака нек си прави, ама мислам дека се претерува со правила и прописи. Јас не следев баш совети за исхрана, поготово кога ме тераа на син ми млеко да му давам а тој имал алергија...[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




mama26 -> RE: Прва нова храна на бебето (21.6.2010 18:30:46)

ete kornfleks davaat na deca od 4 do 6 meseci kolku razbrav jas na angliski.nema vrska so nasive deca ishranata tuka




Viktori -> RE: Прва нова храна на бебето (21.6.2010 18:34:01)

да, ама не корнфлекс во зрна туку онаков мелен што може и поредок да направиш и да се пие...

Само да пазиш, помеѓу секоја нова храна мора да има барем 3 дена. И се почнува со една или 2 лажички, па постепено се зголемува..




Палешка РР -> RE: Прва нова храна на бебето (21.6.2010 18:37:03)

Незнам дали сте чуле за труење од лубеница? И јас додека не добив не знаев, мислев лубеницата е само вода, како може..но ете.
Јас не би давала




Viktori -> RE: Прва нова храна на бебето (21.6.2010 18:42:34)

сум чула како не, брат му на мм имал. затоа не се купува ептен зрела.
Син ми и ќерка ми до 8 месеци јадеа скоро се.
За првата пазев што да ти кажам...
За останатите имав интернет [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Палешка РР -> RE: Прва нова храна на бебето (21.6.2010 22:01:58)

Миа задутре полни 6 месеци, па се мислам дали да почнам со јогурт, безглутенски бисквити и супа? [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Тања РР -> RE: Прва нова храна на бебето (21.6.2010 22:15:58)

Палешка а ориз и даваш? Јас не знам што да ти одговорам на твоето прашање затоа што ние од Миа ќе гледаме[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] ама колку што читав ориз најпрво се давал а ти не си ни пријавила такво нешто [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Medo -> RE: Прва нова храна на бебето (21.6.2010 23:08:21)

И ние почнавме со храна од пред некоја недела. Почнав со јаболко, потоа ориз, тиквичка, морков и денес банана. Планирам следно да биде компир, круша и тиква.




Палешка РР -> RE: Прва нова храна на бебето (21.6.2010 23:53:40)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања

Палешка а ориз и даваш? Јас не знам што да ти одговорам на твоето прашање затоа што ние од Миа ќе гледаме[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] ама колку што читав ориз најпрво се давал а ти не си ни пријавила такво нешто [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]


Охоооооо, ориз и давам од 4 и пол месеци, најубав е во комбинација со кајсија и печено јаболко, мммм. И давам и пченка на Лино од 5 месеци, најчесто во круша. Ама се вртам исти оброци и мене ми се смачи да гледам, а не пак таа да јаде [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Палешка РР -> RE: Прва нова храна на бебето (21.6.2010 23:55:45)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Medo

Планирам следно да биде компир, круша и тиква.


Медо кај ќе најдеш тиква, не е рано? Јас едвај чекам да излезат [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/sloncek.gif[/image]




Martins mom -> RE: Прва нова храна на бебето (22.6.2010 14:43:12)

Јас денес сабајле му дадов за прв пат 3-4 лажички сокче од јаболко, одлично го прифати, дури сакаше уште[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Ќе може ли попладне да му дадам уште малце од сокчето??
Инаку за 2-3 дена планирам да му дадам и кашичка од јаболко, па морков, круша, ориз, праска, компир итн.




Martins mom -> RE: Прва нова храна на бебето (22.6.2010 15:27:22)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom

Јас денес сабајле му дадов за прв пат 3-4 лажички сокче од јаболко, одлично го прифати, дури сакаше уште[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Ќе може ли попладне да му дадам уште малце од сокчето??
Инаку за 2-3 дена планирам да му дадам и кашичка од јаболко, па морков, круша, ориз, праска, компир итн.



пошто не ми одговоривте...јас ќе му дадам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Палешка РР -> RE: Прва нова храна на бебето (22.6.2010 15:35:07)

Ако му е прв пат, мислам да не му даваш [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




niki -> RE: Прва нова храна на бебето (22.6.2010 15:35:20)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom

ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom

Јас денес сабајле му дадов за прв пат 3-4 лажички сокче од јаболко, одлично го прифати, дури сакаше уште[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Ќе може ли попладне да му дадам уште малце од сокчето??
Инаку за 2-3 дена планирам да му дадам и кашичка од јаболко, па морков, круша, ориз, праска, компир итн.



пошто не ми одговоривте...јас ќе му дадам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]



Дај му. Јас и давав на ќерка ми се додека сакаше. Секаде препорачуваат на почеток по лажичка-две па да се зголемува, ама па така мене ми се чинеше ко само да го залажувам детето и и давав повеќе. Ако не сакаше не ја терав на сила.




Тања РР -> RE: Прва нова храна на бебето (22.6.2010 15:53:52)

Пошто Јана има иста корегирана возраст со Мартин да почнам ли и јас да и давам сокче од јаболко а?
Кажете ми, какво сокче, купено или домашно? Како го спремате? Со лажиче ли го давате? Какво лажиче?
Лелееееееее, ај сега да ме упатите оти јас паничам кога почнувам нешто ново[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




lukas -> RE: Прва нова храна на бебето (22.6.2010 15:55:38)

jas na moeto mu dadov kasicka od jabolko na 3 i pol meseci pred dva dena bevme kaj pedijatarot maticen i mi rece so brzas ke mu davas od 5 meseci nagore ama samo da znaete so ubavo si ja muckase...go dojam i go prihranvam so vestacko...i ja poslusav koga se zadovolva od vestackoto ke pocekam aj uste tro...pozz




Martins mom -> RE: Прва нова храна на бебето (22.6.2010 16:38:44)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања

Пошто Јана има иста корегирана возраст со Мартин да почнам ли и јас да и давам сокче од јаболко а?
Кажете ми, какво сокче, купено или домашно? Како го спремате? Со лажиче ли го давате? Какво лажиче?
Лелееееееее, ај сега да ме упатите оти јас паничам кога почнувам нешто ново[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]



Па почни Тања, зошто да не...Јас се исплашив од една мајка која само го доеше бебето до 6 месеци и потоа малото не сакаше да пробува нови вкусови, одбиваше се што ќе му се понуди...затоа поучена од нејзе си почнав со сокче...мислам дека нема никаква штета...
Изрендав јаболко, сокчето го процедив низ газа и го разредив со водичка флаширана...




Martins mom -> RE: Прва нова храна на бебето (22.6.2010 16:40:24)

Му давам со лажиче онакво бебешко пластично од BabyNova...5 лажички за 80 денари ги зедов..




nadica -> RE: Прва нова храна на бебето (22.6.2010 16:47:24)

давајте и со шише

јас имав голем проблем бидејќи надица не сакаше шише да додавам течности, а посебно во летниот период се мачеше и таа и јас




Martins mom -> RE: Прва нова храна на бебето (22.6.2010 16:48:57)

дека е прв пат му давам со лажиче, а кога ќе почне да пие поголема количина, ќе го активирам шишето[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




nadica -> RE: Прва нова храна на бебето (22.6.2010 16:53:39)

имам пишано некаде на форумов дека до 4 месеци бебушот има вроден рефлекс се што му се стави до уста да го прифати подоцна се оди потешко од искуство знам

јас понудив шише на 5-6месеци и не го прифати [sm=smiley36.gif][sm=smiley19.gif]




Палешка РР -> RE: Прва нова храна на бебето (22.6.2010 17:09:28)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања

Пошто Јана има иста корегирана возраст со Мартин да почнам ли и јас да и давам сокче од јаболко а?
Кажете ми, какво сокче, купено или домашно? Како го спремате? Со лажиче ли го давате? Какво лажиче?
Лелееееееее, ај сега да ме упатите оти јас паничам кога почнувам нешто ново[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]



Јас не давам ништо купено, спакувано со убава етикета, па така и би советувала [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Сокче и дадов домашно, исцедено, со шишенце. Кашичка исто така домашна со лажичките на Baby nova. И сеуште дома подготвувам и така и ќе продолжам.




Snowhite RR -> RE: Прва нова храна на бебето (22.6.2010 17:24:18)

Јас за почеток му дадов купечко сокче од Нестле, а потоа кашичка исто од Нестле, а после тоа од живо јаболко гребам и му давам со лажиче и така си јаде и бидејќи е природно и свежо, не го варам за да не ги изгуби витамините, супер е. Јас давам со обично лажиче кое од почеток го користам само за него, иако имам и пластично комплет со тањирче, но ете не ми текнало тоа да го земам.
Тања, твое право на избор е како ќе направиш, секоја мајка прави како што мисли, следи го сопствениот инстинкт.

Девојки, сакам сега да воведам нешто друго, круша или морков, се двоумам. Дали треба да направам пауза некој ден или можам веднаш да почнам со друга храна. И дали прво сокот од тоа што ќе одлучам или веднаш кашичка? И како го подготвувате морковот ако може да ми кажете? Благодарам однапред[sm=smiley1.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  12 13 [14] 15 16   Следна страница >   >>