RE: Прва нова храна на бебето (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Дохранување со густа храна



Порака


Snowhite RR -> RE: Прва нова храна на бебето (22.6.2010 17:26:17)

Мартинс мам, јас првиот пат му дадов 3-4 лажички сок од јаболко, само сабајлето, а од наредниот ден почнав и насабајле и на одручек. Исто направив и со кашичката. Сепак ти одлучи си.




Палешка РР -> RE: Прва нова храна на бебето (22.6.2010 17:41:31)

Snowhite, јас на Миа по пет дена од јаболкото и ставив во него малку сварен морков. Знам дека така не треба, треба одделно, но ми беше блуткаво само морков [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley11.gif[/image] Но можеш да го свариш, изблендираш и да му дадеш. По правило прво треба се' да се дава како сок, а потоа како каша. Но јас со морковот направив превид [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




Snowhite RR -> RE: Прва нова храна на бебето (22.6.2010 19:34:16)

Еве денеска петти ден откако му давам јаболко, сега утре на пример можи да му дадам морков или да направам пауза неколку дена да не му давам ништо??




Палешка РР -> RE: Прва нова храна на бебето (22.6.2010 21:22:48)

Да, можеш, зошто пауза, нека јаде таму [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Slagjana -> RE: Прва нова храна на бебето (22.6.2010 23:44:51)

Пробав денес со цедено јаболко наместо Хип сок и испи 50мл. Да имаше повеќе може и уште ќе испиеше [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]. Не го поврати и засега не забележувам осип. Утре ќе пробам пак. Надица и Палешка- ви благодарам на советите.




Snowhite RR -> RE: Прва нова храна на бебето (23.6.2010 1:05:37)

Па не се препорачува многу сок да пијат, така да не мора многу да форсираш со сокот, подобро кашичките да ти ги јади





Snowhite RR -> RE: Прва нова храна на бебето (23.6.2010 1:13:23)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite

Кои видови на храна и како да се подготват?
Добро е да ја започните доплонителанта исхрана со сокови и каши од овошје и зеленчук. Продуктите треба да бидат зрели, свежи и здрави. Користет сезонски плодови или плодови кои вообичаено ги употребува семејствоото. Пред да започнете со подготвување на оброкот добро измијте ги плодовите и рацете, а потоа излупете ги. Од овошје се започнува со јаболко, праска, кајсија, дуња, банана, цреша и вишна, круша, грозје. Портокал, лимон, киви и цитрон, како и јагода, боровинка, малина, капина и ибизла ,ожат да предизвикаат алергиски промени и не треба да им се даваат на децата до крајот на првата година.Овошјето  треба да се дава свежо и да се користи веднаш после подготувувањето бидејќи витамините на воздух оксидираат и го губат нивното дејство. При подготвување на овошните оброци не треба да се  додава шеќер.Овошните сокови се воведуваат како меѓуоброк во количество од неколку лажички. Вкупната дневна количина на овошен сок и кај поголемо дете не треба да надмине 100-130 мл, затоа што го намалува апетитот и внесот на други прехранбени производи, а може да предизвика и пролив или болки во стомакот.Првите каши подгответе ги од еден вид на овошје или зеленчук, а подоцна приготвувајте мешан оброк од повеќе производи кои детето претходно ги јадело. Од свеж зеленчук може да се подготви сок (домати, краставици, цвекло, морков) а од обарен зленчук разни видови каши.Се препорачува комбинација од еден подземен(коренесет) и еден надземен (лисест) вид зеленчук (компир со спанаќ, морков со карфиол, тиквичка со морков). Не додавајте сол! Зеленчукот содржи доволно минерали, а вишокот на сол е штетен за бубрезите.Мешункаст зеленчук (грав, грашок, леќа и боранија) им се дава на деца во последните три месеци од првата година. Се препорачува кусотрајно да се обарат, да се процеди водата, да се налее чиста вода и да се сварат. Потоа со пасирање пригответе пире. Избегнувајте да употребувате смрзнат зеленчук.

Житарици:

·      Од житните каши збогатени со железо прво се внесува оризот кој лесно се вари, а не предизвикува алергии. Потоа детето моше да јаде и каша од овес, јачмен, пченка. ·      Пченицата може да предизвика алергиски реакции и затоа производите од оваа житарица се внесуваат последни. ·      Житариците можете да ги измешате со овошна или зеленчукова кажа и да приготвите комплетен оброк.  

Месо и риба:

Месото се воведува во исхраната на доенчето во седмиот месец. Пригответе прво месни супи со кои се меша зелнечукот, а потоа миксирана месна каша. До крајот на првта година месото се дава варено, додека подоцна може да се употребува и динстано и печено месо.На детето му се дава прво бело месо од кокошка, немасно јагнешко или телешко месо.Во осмиот месец на доенчето може да му се приготви и црн дроб (јагнешки, телешки, пилешки) бидејќи е богат со железо, витамини и минерали. Но ако не сме сигурни дека црниот дроб потекнува од животно кое хрането со природна храна, не се препорачува негова употреба во исхраната на детето.  

Сувомеснати производи, паштети и сл. Не се употребуваат во исхрана на доенчиња и мали деца.  

Рибата може да ја воведете во исхраната после осмиот месец. Рибата мора да биде свежа. Се подготвува на тој начин што прво се вари, се отстрануваат мног внимателно коските и се додава пасиран зелнчук или житарици. Во семејствата оптоварени со алергија, риба му се дава на детето после првата година.  

Јајце:

Варена жолчка од јајце можете да му приготвите на детето во седмиот месец, додадена во зелнечукова каша или во сок. Варена белка од јајце безбедно, но претпазливо се додава во исхраната во втората година.  

Мед:

Мед не се препорачува во исхраната на децата во првата година од животот. Никако не го употребувајте за натопување на цуцлата која не треба воопшто да му ја дадете на вашето дете.

  Кога може да се додаде кравјо млеко и млечни производи?

Неадаптирано кравјо млеко не се препорачува пред деветиот месец. Кравјото млеко нема доволно железо, но содржи повеќе протеини и минерални соли кои претставуваат оптоварување на бубрегот.Секогаш пред употреба сварете го и чувајте го во фрижидер до приготвување на оброкот.Можете да употребите во детската исхрана јогурт и младо, несолено сирење.Во семјствата оптоварени со алергиски болести, кравјо млеко не треба да му се даде на доенчето до првата година. Ако сметате дека на вашето бебе му е доволно вашето млеко, советувајте се со педијатар за дополнителна млечна формула која треба да биде приготвена од протеини на соја.




Slagjana -> RE: Прва нова храна на бебето (23.6.2010 10:58:33)

Корисни информации. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] за Snowhite




Палешка РР -> RE: Прва нова храна на бебето (23.6.2010 14:08:54)

Пред еден час на Миа и дадов три лажички разреден јогурт, се надевам нема да има реакција 




Тања РР -> RE: Прва нова храна на бебето (24.6.2010 16:32:02)

Е па бидна. И дадов на Јана 2-3 мл свежо исцеден сок од јаболко.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]
Слатката таа, на почетокот беше збунета, кога првпат го осети вкусот цела се собра, се скисели, ама не се откажа. После неколку капки ја разбра финтата и сама почна да овара уста за да и го ставам лажичето.
Се надевам дека нема да има никаква реакција па утре ќе пробаме повеќе.
Се стопив додека ја хранев, колку било убавооооооооооо!




Палешка РР -> RE: Прва нова храна на бебето (24.6.2010 16:34:21)

Создравје да си јадете!!!
Ете и мене ме стопи со твојот пост [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/angel.gif[/image]




amelbebe -> RE: Прва нова храна на бебето (24.6.2010 16:42:34)

milo mi e Tanja sto pocnavte da se hranite lazice po lazice do uspeh[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Martins mom -> RE: Прва нова храна на бебето (24.6.2010 22:31:48)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања

Е па бидна. И дадов на Јана 2-3 мл свежо исцеден сок од јаболко.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]
Слатката таа, на почетокот беше збунета, кога првпат го осети вкусот цела се собра, се скисели, ама не се откажа. После неколку капки ја разбра финтата и сама почна да овара уста за да и го ставам лажичето.
Се надевам дека нема да има никаква реакција па утре ќе пробаме повеќе.
Се стопив додека ја хранев, колку било убавооооооооооо!



Леле кажи Тања, чувството е единствено...
[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] за Јана, само нека си ручка таа...Ете и јас на Мартин 2-3 дена му давав сокче, па утре планирам да му ја дадам првата кашичка[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Палешка РР -> RE: Прва нова храна на бебето (24.6.2010 22:39:23)

Браво за малите Рингерајковци кои растат. Миа веќе наголемо јаде јогурт, па мислам дека е време да и ставам и едно рипче внатре, со што ќе заплива во светот на глутенската исхрана.
[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Martins mom -> RE: Прва нова храна на бебето (24.6.2010 22:43:19)

еее..па Миа е веќе голема женска, може да премине на глутен[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]...а на какво рипче мислиш Палешка??? На оние грицки, квики, мики[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Палешка РР -> RE: Прва нова храна на бебето (24.6.2010 22:46:03)

Да, докторката така ми рече и ми нагласи НИКАКО смоки [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Тања РР -> RE: Прва нова храна на бебето (24.6.2010 22:50:01)

Смоките најверојатно заради кикиритките, нели Палешка?
А ќе и ја столчиш рипката?
Среќно Миичка![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Палешка РР -> RE: Прва нова храна на бебето (24.6.2010 22:52:38)

Да, заради кикиритките. Па веројатно ќе ја сомелам или столчам Тања.
Се плашам, но веќе има 6 месеци и потребите за храна преку ноќ се зголемија [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




nadica -> RE: Прва нова храна на бебето (24.6.2010 22:53:45)

незнам зошто не смоки ама сите др го кажуваат истото а пак сите деца се луди по смоки па и надица моја [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif] кога не сака ништо да јаде и нудам смоки со јогурт/кисело млеко и нема утка [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]




Snowhite RR -> RE: Прва нова храна на бебето (24.6.2010 23:00:10)

Смоките заради солта јас мислам




Medo -> RE: Прва нова храна на бебето (24.6.2010 23:26:19)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

ИЗВОРНА ПОРАКА: Medo

Планирам следно да биде компир, круша и тиква.


Медо кај ќе најдеш тиква, не е рано? Јас едвај чекам да излезат [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/sloncek.gif[/image]


Па ќе купам кашичка - нема друго




Martins mom -> RE: Прва нова храна на бебето (25.6.2010 10:59:17)

ми текна да си прашам...дали може да се дава сок од краставица??[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Martins mom -> RE: Прва нова храна на бебето (25.6.2010 11:28:49)

првиот обид за јадење кашичка е завршен успешно [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Палешка РР -> RE: Прва нова храна на бебето (25.6.2010 14:59:03)

Миа денес јадеше за прв пат глутенска храна [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] Еве 2 часа поминаа, нема осип, нема повраќање, уште ако нема промени на столицата, ни се отвора нова палета на исхрана. Јупиииии [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Тања РР -> RE: Прва нова храна на бебето (25.6.2010 15:11:04)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] за Миа и Мартин.
Јас ја чекам Јана да стане за да пиеме сокче од јаболче. Да и го разредам ли со водичка? Имам неотворена Хип вода ама не знам колку време трае после отварањето[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Страница: <<   < Претходна страница  13 14 [15] 16 17   Следна страница >   >>