RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


Melanija RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (16.11.2014 23:31:02)

Имаме тема за NIFTY тест како замена за Амниоцинтеза?=ТУКА и тема PRISCA= Prenatal risc calculation software=ТУКА




blond -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (18.11.2014 11:31:15)

Hopeful veke ako si sigurna deka sakas amnio da pravis, jas pre bi dala 1000e za neinvanziven metod,otkolku za amnioto sto si nosi doza rizik.

Inaku jas vcera bev na posleden pregled vo prv trimestar, bebus e super, i maticniot mislese deka nema potreba za prisca, pa ne ja ni pravam.
Se citame vo sleden trimestar.




Hopeful RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (18.11.2014 11:44:39)

Да имам вишок 1000е и јас би ги дала, ама немам [sm=smiley36.gif] Плус од се што прочитав, амниото не мора да подразбира ризици, не сме веќе среден век. Секако би го правела на приватно, каде што се и други иглите и повисоко е нивото на хигиена, и секако ризиците се намалени, сигурно нема да одам да ме бушат во селска амбуланта [sm=smiley1.gif]




tea 88 -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (18.11.2014 13:38:57)

Hopeful te cekame da ni pisis kako pomina na skrining.[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




lolla RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (18.11.2014 13:52:34)

теа, и јас од преска гледам на темава, ја чекаме хоупфул со детали за бебките. Мене врв ми беше на тој скрининг кога почна да мрда бебето, цела изрипав, не можев да си ги контролирам движењата и смеата.

А за амниоцинтезата, мое мислење е дека треба да се одреди дали да се прави по добро размислување, не е дека е ич без ризици и најважното е родителите да се на чисто што би правеле кога не дај бже има нешто. Болна тема, камо да не постоеја такви работи. [sm=smiley13.gif]




Hopeful RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (18.11.2014 13:58:20)

И јас сум нестрплива, ама докторот е втора смена денес и допрва ми е терминот [sm=smiley36.gif] Имам трема од вчера вечер, ќе препукнам!




Hopeful RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (18.11.2014 18:30:43)

Девојки, еве ме, и со добри, и со лоши вести. Додуша може не се лоши, ама во моментов многу се нервирам.

Прво, бебињата се супер, здрави прави, со таман димензии за 12+6. Мрдаа, се движеа, ги видов во 4д, ептен се срциња [sm=smiley1.gif] Си имаат постелки,с е супер, хематомот е речиси скроз ресорбиран, помал е од 10мм и веќе не морам да бидам на боледување, фала богу! Кринон веќе не мора, прогестерон ампули по една на 7 дена, и Фемибион 2.

Докторот мереше за приска, за тоа ќе пишам во другата тема, резултатите ќе бидат готови утре, се надевам ќе биде ок.
Она што ме онерасположи е глупата бактерина на уринокултурата, која е незгодна затоа што е резистентна на се живо и диво, и плус јас алергична на Пеницилин, единствена опција е Лендацин, кој се прима само интравенозно, преку инфузија. Секако може во Систина тоа, но сигурно кошта ѓавол и пол и се договоривме да видам со матичната.

Матичната, како и по обичај, откако измрчи за сите пари, ми рече дека кај нив не се дава тоа, и дека нема шанси ни на Гак, и да си одам во Систина. На Гак немало да прифатат извештај од Систина, и слични муабети. По долготрајно натегање, се согласи да ми даде болнички упат за на Гак, па да се снаоѓам сама. И сега седам дома, колку што сум среќна со цуфките, толку и нервозна пошто стварно не знам што со тој глуп упат - кај да идам на Гак? Што да им кажам? Како ќе ми ставаат инфузија?

Исто така, ја прашав дали она мисли дека има и друг начин, да не може со увин чај, дали е неопходен антибиотик, и онаква - е па не е ова којзнае колкава количина на бактерија па да ве плашат таму, ама сепак мора антибиотик, и немаш друга опција, оди си во Систина. Ама осигуреник сум, плаќам, мора да има начин, што ако не постои приватна болница?! Еее тоа ти така мислиш, Фондот и Министерот не мислат така! И ај сеа...




Melanija RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (18.11.2014 19:15:18)

Чекај ако на државни не признаваат уринокултура направи на државно и со тие резултати кај матичата или пошто е каква што е ако не ја смениш,побарај преглед на ГАК незнам некако и кажи што и како понатака со реултатите.

Што убаво се научиле оди во Систина или кај и да е ,абе ајде си плааш нека плаќа нешто и државата.Не се секирај но мора да најдеш пат ,ти викам обрати се на ГАК како за преглед




tea 88 -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (18.11.2014 19:16:18)

Hopeful bravo za [sm=duda.gif][sm=duda.gif]. A ne ti kazaa pol ili rano e seuste? a za bakterijata mora da ima nekakov nacin za na drzavno, pa ne si samo ti so taa bakterija i tie kaj ja lecat, site vo Sistina. Gluposti, treba maticnata da znae neka ja ostavi Sistina taa e privatna ti si imas osiguruvanje i mora taa infuzija so lekot da ja davaat i drzavno.prasaj si poubavo i prasaj kolku infuzii treba da se primat.i ne se nerviraj ova ne e prvpat vo zdrastvoto da ima vakvi raboti ova e Makedonija jas ne ni ocekuvam poveke.zasramota znaci ako stvarno ne moze na drzavna.bitno se e super so bebuskite a ova ke se sredi so bakterijata.




Hopeful RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (18.11.2014 19:30:42)

Фала ви девојки [sm=smiley1.gif] рано е за пол, на следната контрола за 5 недели би се видело.

Инаку истото ја прашав - зарем сум јас единствен случај со ваква бактерија и ваква терапија? Што ако не постои приватно здравство?
Секако ќе одам утре на Гак со болничкиот упат кај што стои дијагноза цистит, па се надевам дека нема да направат проблем. Уринокултурата е од Адриа лаб, ама ако треба ќе направам пак кај нив. Него, никогаш не сум била во Гак на преглед - како оди тоа бидејќи сум без закажување, кај треба да одам?

Стварно нема смисла ова, за што плаќам осигурување? Тогаш дај да го распуштиме фзо, да земаме сите бруто плата па ќе си плаќаме кај ни одговара... Оваа па матичнава си мисли ако сум правела ивф во Систина дека сум Рокфелер и можам да платам се на приватно! Како ме спотера баксуз едно по друго, немам кога да ја сменам... да видам што ќе направам утре, па одма се префрлам кај друг.




Ki4iko -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (18.11.2014 19:32:30)

Апсолутно нема потреба од одма одење во Систина.Направи си уринокултура и готово.И секако чаеви можат да помогнат,јас цела бременост ја поминав со 200мл дневно чај од брусница,само да не фаќам бактерии , и сега за сега сум немала проблем [sm=bravo.gif]




Milicka 30 -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (18.11.2014 20:24:39)

Hopeful браво за двете убави [sm=duda.gif][sm=duda.gif] само нека си растат.
Овие матичните како се навикнати само некои лесни бремености да водат а излезе проблем оди си на приватно, мислиш на нас бродовите ни се растоваруваат...и ние знаеме што е најдобро ама па се пари е, и зошто плаќаме за здравство кога се што користиме е на приватно, дали вагиналети ,апчиња..се си плаќаме.
Хоупфул дај боже побрзо да ја баталиш бактеријата. А и со чај од брусница пробај на виталија, увин чај...може ќе помогне




Hopeful RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (18.11.2014 20:27:06)

Се удавив во увин чај и брусница, изгледа не е доволно... [sm=smiley13.gif]

А матичниве стварно што викаш, само школските бремености ги знаат, се друго батали. Или па им е криво што не работат и они приватно [sm=smiley36.gif]




lolla RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (18.11.2014 20:46:30)

Hopeful, браво за цуцките само нека си растат. Мали човечиња се веке, срцки, можам да ги замислам двечки внатре, да знаеш од ка 16 недела почнуваат да стануваат свесни дека не се сами во утробата кај мама туку ја делат со некој :)

За матичната, повторно немам зборови, стварно немам. На ГАК колку јас знам имаат дневна болница одма право кога ке влезеш и таму сигурно даваат инфузии. Мада и кај матичната има кревет, има сестри, значи може да се стави инфузија, да полежиш и да завршиш работа. И трето, ако има услови, јас сум видела кај општиот матичен лекар како даваат инфузија, значи валда може и таму. Утре на шалтерот во ГАК ке ти кажат што како и се надевам со лесно ке ја победиш бактеријата.

А и па од систина тие, кога веќе све правиш кај нив, зар толку чини да речат ела ке ја ставиме во дневната болница. Мене кога правев инсеминации кај нив ми наплаќаа по 250 денари за секоја инекција боцкање.

Ајде кажи уте што ке направиш.




LoveableMe RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (18.11.2014 21:10:33)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

.......Секако ќе одам утре на Гак со болничкиот упат кај што стои дијагноза цистит....


Хопефул, прашај дали може Цитерал да примаш, колку што знам не беше пеницилински антибиотик, или грешка сум? За уринарни инфекции е закон, а појачај чај од диво оригано, лук обавезно и ќе се среди[sm=smiley36.gif]... да можат к..њата мирно да растат[sm=smiley1.gif]




gina -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (18.11.2014 21:28:51)

Hopeful [sm=bravo.gif] bravo za tvoite bebuski samo neka prodolzat taka vo sistina li bese na pregled na 4D

pa ako e taka odma smenija maticnata, jas kolku sto znam sega kaj maticnite im e zabraneto kaj niv da primas infuzija probaj so uputot na GAK ne bi trebelo da te vratat ako se desi toa posle kaj niv pravi urinokultura. Jadi mnogu suva brusnica i luk i mnogu jogurt pij




Melanija RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (18.11.2014 21:29:58)

И јас имам недокажана алергија на пеницилин,но иако има некој состав или група сличен цел живот пијам цефалексин.А како што спома LoveableMe RR цитерал ми стоеше во амбиограм, и при инфекција на рана пиев цитерал и се среди




Hopeful RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (18.11.2014 21:43:36)

Сега го проверив антибиограмот, и вика дека е осетлива на ципрофлоксацин - цитерал. Матичната вика ништо од тоа не смее во бременост, само Лендацин. Баш ќе видам утре на Гак, стварно се надевам на други опции, мада се повеќе мислам дека е грешка и дека треба да направам нова уринокултура. Ова е болничка бактерија, од кај сум ја закачила побогу?!




tea 88 -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (18.11.2014 21:44:10)

Pred ifv neli pravime urinokultura i se drugo, kaj se naogaat ovie bakterii jas neznam. I redovna higiena i non stop race mienje po sto pati i od doma ne sme izlezeni i pak mora da ima nekoja bakterija.samo ne mi e jasno dali Hopeful koga pravese krvna slika ne ti bea pokaceni leukocitite i granulocitite mislam.jas koga pravev bea malku pokaceni i ednite i drugite i maticntata mi rece za leukocitite e normalno vo bremenost da se pokaceni ama vo kombinacija so granulocitite ukazuva na infekcija.pa nareden den mi rece da ispitam CRP pa bese toa vo red(toa se ispituvalo samo za dali imas ili ne infekcija)




Hopeful RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (18.11.2014 22:13:07)

Е ајде де, и мене не ми е јасно. Ја проверив крвната слика, леукоцитите и гранулоцитите се во граници на нормала, а црп немам... Ова не дека е само по себе толку опасно, колку што може да се прошири на бешика и да направи проблем... ќе видам утре.




sonce79 -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (18.11.2014 23:46:33)

[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif] Hopeful za bebuskite... Veke se bebuski kaj tebe, ne se tockicki... [sm=smiley1.gif]
Kolkavi se sega!?

A za bakterijata ke se stedi sigurno, ama proveri uste ednas dali imas sigurno.
Pij si uvin caj, ne e na odmet, a od brusnica izbegavaj, nutricionist mi rece mene deka brusnica ne e bas preporacliva za trudnici.

I da si ja smenis maticnata...[sm=smiley1.gif] me iznervira mene kako ti odgovarala, sto vikas, taa treba da najde resenie, sto ako nemase privatni bolnici... Utre dur si izlezena odma kaj drug prefrli se...




Hopeful RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (19.11.2014 11:36:37)

Само што се вратив од ГАК, и да ви кажам искрено, ништо без врски. Докторот ги разгледа убаво документите, анализите и резултатите од уринокултурата и се консултираше со микробиолот затоа што му беше чудно на мала количина бактерија од 100.000, без тегоби, без покачени леукоцити, да пијам антибиотици. Вика, таман работа после се што е поминато и направено - ивф, едно-друго, да се препише тек така антибиотици... Ми советуваше да направам друга уринокултура, и тоа негова препорака е во Систина, не на клиника, па да видиме.





lolla RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (19.11.2014 11:48:09)

Houpful, па може е подобро што така ти рекле. Сигурно знаат, направи нова уринокултура и за 1-2 дена ке имаш нови резултати за споредба, однеси и на приватно и на државно ако не а до резултати кркај лук. Може звучи гадно, ама насабајле пресуван лук 1-2 чешниња од малите лапни ги со лажичка мед ако немаш тегоби во желудник. Пиј мноооогу вода за нели да нема концентрација на бактеријата и најверојатно, ке вдиш, ке испадне и дека се грешни резултатите.




Hopeful RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (19.11.2014 12:16:13)

Да, така ќе направам. Стварно не сакам тек така да се трујам со антибиотици, па уште и да одам секој ден на инфузија... Лук ми е тежок на желудникот, ама може мед, ќе земам капки масло од оригано и ќе пијам уште повеќе увин чај. Сакам уште утре сабајле да одам во Систина, мада сега се мислам да си дадам плус уште еден ден за да појачам со природни средства па во петок да одам. И јас сум убедена дека се погрешни, тие од Адриа лаб доаѓаат со кола, чекаат да се соберат повеќе пациенти и примероци, па после ги носат во лабораторија, којзнае колку време поминува, а баш читав дека ако не се анализира одма, примерокот за уринокулутра треба да стои во фрижидер.




scared RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (19.11.2014 18:59:18)

Да, така е имам и јас читано дека треба што побрзо да се провери, ама ете по клиникиве не прават така. Но, тоа е обично за да не покаже негативен резултат а да има бактерија, како и за брисевите исто викаат ако стојат долго време се сушат и лажно негативни излегуваат. А, ете кај тебе позитивно, јас мислам дека е помешана со урина на друг пациент [sm=zmeden.gif] Убаво ти рекол докторот направи си уште една и сигурна сум дека негативна ќе е[sm=smiley1.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  10 11 [12] 13 14   Следна страница >   >>