Hopeful RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (22.11.2014 12:50:27)
|
milicka30, ја напишав пораката пред да видам дека си пишала, па ја менувам [sm=smiley1.gif] Добро што провери, да си раат. Знам дека е тешко да се опуштиш, но штом веќе нема крв, нема причина за загриженост. За секој случај, овие денови одмарај повеќе, лежи си, не дигај, не буткај и не влечи ништо тешко, и пушти си некоја комедија да те орасположи [sm=smiley1.gif] теа88, супер за хематомот [sm=bravo.gif] исцедокот е дека се дочистува, останало уште нешто сосема малце, без гајле. А за желудникот, ова што го опишуваш ми е познато и сум го осетила кога сум имала проблем со хеликобактер, повеќе пати во животот. Бидејќи сега не смееш никаква терапија за тоа, пробај со исхрана, јас така ја средив бактеријата која никако не си одеше, дури и со куп антибиотици. Избегнувај млечни производи освен јогурт (гледај да е ацидофилен), избегнувај пржено и похувано, никако запршки со брашно, намали на сол, исфрли шеќер од типот на чоколади, бисквити, слатки, бурек, геврек, бели пецива, и јади повеќе лесна варена или печена храна, многу овошје и зеленчук (пази многу на миење) и вода на тони. Ќе се среди желудникот за некоја недела, верувај ми. Најбитни се комбинациите - дури и да каснеш геврече, јади го со патлиџан или краставица, на пример, а никако со јогурт или сирење. Јогуртот пиј го секоја вечер со сецкано суво или свежо овошје, семки и слично.
|
|
|
|