Hopeful RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (2.12.2014 12:47:48)
|
gina мила, прво полека, без паники, штом е бебето ок, се друго ќе се среди, смири се. Многу од нас биле во вакви ситуации и не е така страшно како што изгледа. Послушај го Лазаревски и обавезно прекини со аспирин, и продолжи со кринон, фемибион и фраксипарин. Јави се уште еднаш кај сестрата да го препраша Лазаревски за предлогот на матичниот за утрогестан сабајле, ако не ти потврди не го ставај. Исто препрашај за прогестерон депо инекција - дали треба, која доза и на колку дена. Таа не се прима секој ден - јас со хематомот примав на секој 4ти ден, а сега еднаш неделно. Има иста функција како кринонот и утрогестанот, па да не е и премногу. Многу важно - строг одмор дома во текот на следните денови! Одмор значи да си во хоризонтала на кревет, не на стол или фотелја. Закажи контрола за неколку дена и кај матичниот, и кај Лазаревски, нека видат точно што има. Се ќе биде ок, не се секирај [sm=smiley31.gif]
|
|
|
|