Bethany -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (4.12.2014 12:17:19)
|
Здраво труднички, и јас да се пријавам. Ве прочитав и мило ми е што горе-доле се е во ред, сашка123 чувај се и внимавај дополнително! Сега сум 12 + 3 недела. Се уште имам мачнини, поретко повраќам, додуша синоќе се истурив од повраќање и после киселини ме утепуваат и така. За никаде сум. И ми фали енергија. На други сајтови читав дека второ тромесечје е од 14 недела, а некаде од 13 недела, те. од следна па сега не знам што е вистина. Како и да е, на крајот сум од првото тромесечје и се надевам, искрено очекувам дека наскоро ќе почнам да уживам во бременоста. Овие хормони ме утепаа бре [sm=smiley36.gif] За два дена сум на првиот скрининг, ќе одам тука приватно, па после некој ден ќе одам кај матична за брисеви и пап и така, се молам се да биде во ред. И морам да ви кажам дека стомакот ми е баш како за 6 месец. Ептен се приметува. Колкав ли ќе биде во 6 месец тогаш [sm=zmeden.gif]
|
|
|
|