Hopeful RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (28.11.2014 11:55:38)
|
gina, честитки за срцевата акција! Нека си расте бебушко, се по ред [sm=bravo.gif] За цистата не се секирај, јас пре би му верувала на Лазаревски отколку на матичниот, искрено. Секако си за еден месец на контрола, па ќе се види пак. Во секој случај и да ја има, мислам дека не е ништо страшно - имам пријателка на која исто и најдоа циста за која се испостави дека е одбранбен механизам на телото за да не го исфрли плодот. Односно, телото му одвлекува внимание на имунолошкиот систем со создавање циста, со логика да се фокусира таму, а не кај плодот и скраја било, да го гледа како страно тело. Ако навистина е циста кај тебе, може е таков случај, и нека си седи. Инаку читав и јас за витЕ, штетен е само во големи количини, но не можев да најдам колкави. Сам по себе не е штетен, обичен антиоксиданс е. Штом го има во пренаталните, не е проблем, а секако и во голем дел од храната. Да не си правиме паника без потреба [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|