Hopeful RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (15.12.2014 19:16:07)
|
aloevera, браво за срценцето! Нека расте и нека се развива, а хематомот ќе се среди, без гајле [sm=smiley1.gif] maksilana, голем дел од нас имаме искуство со хематом, и потполно е иста терапијата насекаде - гестагенска терапија (Утрогестан/Кринон и Прогестерон депо), и задолжително строго мирување - со нозе во хоризонтала, не седење на фотелја, на пример. Јас лежев 4 недели, со станување само за до тоалет и евентуално за јадење, макар што и тоа најчесто лежечки се одвиваше. Исто бев на комисиско боледување - немој ти да одиш пред комисија, може кој било место тебе, продолжуваат без проблем. Ти мирувај и не се гњави. За болките пиј магнезиум во поголеми дози, до 300-400мг. И кај мене споро се намалуваше, но се реши, фала богу. Тоа е, се повлекува со мирување, само му треба време. Не се грижи, само биди упорна и трпелива, и ќе се намали. Секако, битно е да се почека додека да се оформи постелка (полни 12 или 13 недели), бидејќи потоа и да остане, не е толкав ризик. Кај многу трудници хематомите остануваат до крајот на бременоста, и немаат проблеми, дури и без мирување. Со среќа [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|